Ивица ЈМК
Forza Juve Per Sempre!!!!
- Член од
- 28 март 2010
- Мислења
- 1.399
- Поени од реакции
- 270
Тетекс-Вардар 1:1
Толку за она што се случуваше на терен, а од "западна" страна гледано:
Денес по којзнае кој пат ја видовме вистинската слика за македонскиот фудбал односно за луѓето инволвирани во истиот, почнувајќи од управите на Вардар, Тетекс, ФФМ но и некои други поголеми играчи...
Катастрофалната координација од управата на ФК Вардар која по се изгледа нема никаков респект ниту кон нас ниту кон се она што значи Вардар, не беа во состојба "предходно платен" автобус да го обезбедат на железничка, па така луѓе за 3 автобуси се собравме во 2. Ова е последен пат, неизбежен е состанок со нив и решавање на "недоразбирањата"
Тргнавме но не помина ниту половина час и следи уште едно изненадување. На патарината Желино огромен полициски кордон, но изненадувањето не беа тие туку човекот, извесен г-дин Љупчо од управата на ФК Тетекс кој ги придружуваше. Таму ни беше кажано дека ќе ни биде дозволено автобусите да продолжат кога ќе купиме карти од извесниот г-дин Љупчо. Човекот не поседуваше никаква легитимација дека е легитимен преставник на ФК Тетекс, картите што ги продаваше по 100 ден не беа со печат од ФК Тетекс но и не даваше фискални сметки за продадениот производ.
Актот на купопродажба е снимен пред комесарот за безбедност на ФФМ, заменикот во СВР Тетово, 10-тина полициски офицери и подофицери и уште 30-тина униформирани полицајци, на ред е УЈП...
На патарината Желино бевме задржани повеќе од еден час! Како што е познато Желино и околните блиски населени места се со 100% албанско население! Дали некој од "поголемите" играчи во државава посакуваше меѓуетнички инцидент од пошироки размери во кој повторно ќе требаше да бидат обвинети Комити??? За жал уверени сме дека е така, бидејќи местото каде бевме запрени и задржани беше идеално за тоа. Дали имаше спремно за изјави "невини" албанци, жени и деца и по некој албански политичар кој случајно брзо би се нашол на местото?? одговорот нема да го дознаеме...Групата Комити беа присебни и покрај провокациите за истото да се случи, сепак ги разочаравме мрачните сценаристи и денот помина без никаков инцидент, напротив денот помина во фестивалска атмосфера. Војводи и Комити беа одлични со оглед на местата на табелата кои ги завземаат нивните омилени тимови, се навиваше заедничко, се навиваше за двата тима, за Македонија...
За жал и покрај најавата дека братските навивачки групи Војводи и Комити се органзираат заеднички да отидат на стадион од пред "Бубамара", за истото бевме спречени со образложение дека натпреварот бил прогласен од највисок ризик...
На кого во Македонија му смета фестивалот што се случи денес???
Кој го убива фудбалот во Македонија???
Кој(и) во Македонија посакува(ат) меѓуетничка тензија???