Ај да направам еден реален пресек до сега на навивачките групи низ Македонија.
Еве во првите две три кола можеше да има гостувања па ќе направам прво на тоа пресек. Значи во првите три кола само ние (Комити), Војводи и Шверцери ги посетивме сите утакмици. За нас на првата утакмица во Кратово имаше околу 70 луѓе на можеби еден од најдобрите мечеви во оваа година, мечот со Тетекс имаше едно 700 души, а во Ѓорче имаше околу 250-300 души. Војводи имаа одличен старт на сезоната три добри утакмици, особено гостувањето во Скопје каде што многу пријатно изненадија. Шверцери истотака на ниво иако очекував многу повеќе од нив, сепак до сега се гриупата со највеќе мечеви пред се заради оној меч со Ренова на кој отидоа и покрај забраната. На првиот меч во Битола гостување кое не очекував да го реализираат, се собраа околу 40 души потоа со Турново не беа повеќе од 200 дучи за во тертото коло во кратово да заминат околу 70 луѓе. Најискрено во овие кола ме разочараа Чкембари, не заради тоа што не беа присутни на своите мечеви туку ради тоа што мораа да направат нешто повеќе на дуелот со Слога. Ипак не доаѓаат секогаш 40 шверцери во Македонски град...
Мораше да има барем мал инцидент на овој меч, но Чкембари разочараа. Сепак они имаат највеќе реализирани натпревари ако се земат мечевите од ракомет каде имаат две гостувања во Ресен и Прилеп, и скоро сите мечеви во нивната сала. Голем, да неречам огромен минус за нив, е тоа што ги загубија двете знамиња. Иако начинот беше пичкарски сепак мора да се издвои дека тоса е голем трофеј за Шверцери. После единствениот инцидент од оваа година направен од наша страна, во која се сретнавме со месното албанско населени од Нерези, и сакале да признаат или не со шверцерите од нерези, како да изумре навивашето, со добиената казна. Не е исто да се навива без гостинска публика, мада и така освен ние и Шверцери другиве групи скоро и да немаа остварени гостувања. За војводи можам да кажам дека разочараа после првите три кола, што се случи незнам, но мора да превземат нешто затоа што на пример лани беа многу подобри. Се случи и мечот Слога-Вардар и убаво издание на Шверцери за чудо фер навивање но мора да истакнам дека нивната бројка сепак беше мала ако се исаклучуи обичната публика. Не беа повеќе од 400 луѓе. Од тогаш стандардни се околу 100 луѓе на трибина и секако многу обична публика која нема да ја спомнувам затоа што сепак говориме за тифо движење. Ние после забраната за гостување не остваривме ниедно. На домашен терен бевме во топло ладно елемент. Убаво навивање на дуелите со Победа и Металург и Работнички. Бројката не толку голема, на мечевите со Победа околу 150, со Металург околу 300, и со Работнички најголемото разочарување околу 70 души што е срамно. Сепак нашето навивање беше одлично на сите мечеви и се пееше по 90 минути без престан. Затоа се ова надополнбивме во ракометот со незаборавните мечеви од Лигата на шампионите. Мечевите со Динамо Минск, Бешикташ и Будуќност беа само увертира на тоа што се деси со Кил и Колдинг нешто што е ретко видено на нашите простори
Остваривме и гостување кај металург каде бевме околу 200 луѓе. Таму беа и Пирати кои нормално се собираат 4 пати годишно и не се ни вредни да се спомнат иако беа во солидна бројка а навивањето им беше очајно, скоро никаква кореографија. Смело од нив што ни се пуштија пет души и можеше да дојде до поголем инцидент но се смирија страстите брзо. Во кошарка 10-ка за Фемили уште еднаш покажаа како се сака својот тим, а не се лоши ни ЦПБ, кои ме изненадија со своето гостување во Аеродром. Ме разочараа Лозари кои и онака не беа ништо посебно но сега се 0. Но секако нема да пропуштат да отидат на мечот Пелистер-Вардар во недела:helou:. Големо разочарување оваа година се и Лавови. Само еден меч остварен и тоа бедно гостување во Тетово каде беа 20 души. И покрај сите објаснувања многу ми е илузорна причината за бојкот. Кај се виддело да бојкотираат навивачите на тим кој што од нула дојде до титулата само затоа што не им ја заградиле трибината и ред други работи...
Како што се очекуваше се распаднаа и Легија 5 па така водечкиот тим можеби и иден шампион има 0 гледачи
Во втората лига катастрофално издание на Балисти кои иако имаат по 3000 публика немаат навиување, и покажаа дека не се секогаш верни
Како што гледам некои утакмици ги посетуваат Фаланга и новоформираните Ѓаоли се надевам ќе бидне нешто од нив.
Ова само покажува дека кај нас ТИФО движењето е сведено на дното...