TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
Шеќеринска, без срам и перде од сред Жена парк даваше изјава како СДСМ ќе се прекрши од работа за решавање на статусот на стечајците. И Шема бил... Само што лидерката на опозицијата не зела во предвид дека надвор од зоната на влијание на Бихаќка, владеат услови во кои мозокот е во нормална употреба, па меѓудругото, служи и за помнење. А СДСМ има многу кратко помнење. Зошто? СДСМ се сети на стечајците таман неколку месеци пред избори. Заради замајување на јавноста и печалење на ситни политички поени, демек носеше некаков закон за нив. На крај, откога го „донесе“, „прецедатело“ Б.Ц. не го потпиша указот. И законот падна во вода. Тоа беше сдсмовска шашма помеѓу „државотворната“ партија и „прецедатело на сите граѓани“. Ма дај... Тогаш одредени кругови (помеѓу кои и самата Шеќеринска) притискаа ПРОТИВ носењето на тој закон. Види чудо, цврстиот ем гранитен став на „сериозни луѓе за сериозни времиња“ се смени за 180 степени за нецели 2 години.
Еве малку потсетување за оние кои не памтат како се понесуваше СДСМ пред 2 години:
И уште еден флешбек...Стечајците, станаа стечајци точно во времето на Апсолутната власт на СДСМ...Сега овие без никаков срам ниту перде се појавуваат пред нив???
Кој е тука луд?!
Еве малку потсетување за оние кои не памтат како се понесуваше СДСМ пред 2 години:
Во тоа време, Игор „звани Шема“ беше советник на Б.Ц. Истиот тој, сега оди во посета на стечајците!!!Вечер напиша:Црвенковски не го потпишува Указот
Причината што претседателот Црвенковски одби да го потпише указот, како што се наведува во соопштението од неговиот Кабинет, била во аргументите и фактите предочени од страна на владините претставници, а кои упатуваат на сериозни и тешки последици за државава.
ЈАНИ ВЧЕРА ДРЖЕШЕ БЕСЕДА ПО ОВАА ТЕМА, ЕВЕ МУ ПОТСЕТУВАЊЕ.BBC напиша:Црвенковски го врати законот за стечајци
Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски, реши да не го потпише Указот за прогласување на законот за дополнување на пензиското и инвалидското осигурување, што беше и побарано од владата.
Владата смета дека тоа штетно ќе влијае врз аранжманите со Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.
Јани Макрадули од СДСМ вели дека во неговата пратеничка група не биле свесни колкава група граѓани е опфатена со законот
И сега? Како да се сфати СДСМ? Ова се написи од времето кога тие беа власт, поточно 4 месеци пред да бидат симнати од власта (претходните 4 години не ги ни сметаа за живи). Кого лажат??Макденес напиша:Претседателот Бранко Црвенковски го добил барањето од Владата да не го потпише указот за законот за згрижување на стечајците до пензија
И уште еден флешбек...Стечајците, станаа стечајци точно во времето на Апсолутната власт на СДСМ...Сега овие без никаков срам ниту перде се појавуваат пред нив???
Кој е тука луд?!