- Член од
- 28 јануари 2005
- Мислења
- 2.163
- Поени од реакции
- 18
Бусек: Македонија, Хрватска и Албанија ќе добијат конкретна порака од самитот на НАТО во Букурешт
Вашингтон, 8 февруари (МИА) - Македонија, Хрватска и Албанија на претстојниот самит на НАТО, што ќе се одржи во април во Букурешт, ќе добијат конкретна порака во однос на поканата за членство во Алијансата, изјави специјалниот координатор на Пактот за стабилност во Југоисточна Европа Ерхард Бусек на панел-дискусијаta посветена на случувањата во ЈИЕ, која се одржа синоќа во Меѓународниот научен центар „Вудро Вилсон“ во Вашингтон.
Иако статусот на Косово во изминатиот период се наметнува како најактуелно прашање во регионот, сепак Бусек напомена оти постојат и други прашања на кои треба да им се обрне големо внимание, како што се уставните измени во Босна и Херцеговина и случувањата во Македонија.
- Проблемот на БиХ е поголем од проблемот на Косово и тој ќе трае подолго. Како спорно прашање се појавува и името на Македонија, нејзиниот јазик и статусот на нејзината црква, како и границата на оваа земја со Косово, која се уште не е дефинирана на најдобар можен начин, додаде Бусек.
На дебатата присуствуваше и генералниот-секретар на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Хидо Бишевиќ, кој напомена дека најголемата промена за Косово ќе биде пренасочување на вниманието и енергијата од етничките прашања кон зацврстувањето на демократската влада и институции во согласност со меѓународните стандарди.
- Србија и Косово ќе продолжат да живеат еден до друг, секој со свој устав, но ќе мораат да соработуваат и РЦЦ ќе им помогне, рече Бишевиќ.
Тој изрази надеж дека акциониот план што Србија го усвои во случај Косово да прогласи независност, нема да предизвика тензии во регионот.
Бусек напомена оти би било мошне опасно доколку Србија ја напушти преговарачката маса во момент, кога, како што рече, „нејзиното општество е длабоко поделено во однос на косовското прашање“.
Евроатлантската перспектива е единственото решение за регионот на Југоисточна Европа, заеднички констатираа Бишевиќ и Бусек на дебатата, која беше фокусирана на актуелните промени и достигнувања во развојот на демократијата во ЈИЕ, во пресрет на трансферот на надлежнотите од Пактот за стабилнот на РЦЦ во Софија кон крајот на овој месец.