Дали мислите дека децата додека се мали треба да се тргнат на страна од домашните обврски затоа што има време кога во своите домови ќе го прават тоа?
Или мислите дека уште од мали треба на тоа да се навикнат, за да немаат проблем кога ќе се осамостојат?
Ако се сложувате со второто прашање, кога треба да почнат да се ангажираат со извршување на домашните обврски? Кои обврски би биле доволни, а кои претерани?
Како да се убедат или наседнат да стекнат таква навика, доколку одбиваат да помагаат?
Дали откако ќе ја завршат дадената задача треба некако да се наградат за тоа?
А како вашите родители се поставиле кон вас во врска со ова прашање? Добро е тоа за вас кога ќе размислите повеќе, добро ве воспитале или лошо?
Премногу/премалку ве ангажирале или доволно за да можете да функционирате и сами без проблем?
Сметам дека дете, додека е мало, треба да се учи на обврски и навики...Ако одтогаш не научило на некои основни правила и обврски, џабе да му солиш памет и да го учиш на 15 години...Прво треба да се почне од една наједноставна и прва навика и обврска на детето додека е помалечко да речеме 3-4 години.. После секое играње со играчките истурени на подот, да ги научеме да си ги соберат играчките и да си ги вратат на место...Со тоа ќе му објаснеме дека сите ќе му бидат на место, нема да му загинат, да биде средено, и може во секое време повторно да си посака да игра..

А и згора на тоа, доколку го прави тоа секогаш и биде послушно, ќе добие награда...(нешто што имате забечежано дека ептен сака, на пример нова барбика или количе, можеби некое омилено чоколатче, и подобро да биде ситница а не некој скап поклон, па после да се навикне на лоша навика да плаче по скапи поклони... значи нека бидат ситници)
Ова е првата навика на детето и обврска во домот..секако не ќе мие чинии на 3 години или да смука :uvo: е тоа е претерано!!
Доколку се навикне на ова, лесно ќе може чекор по чекор да ги прифати и другите обврски и навики со тек на годините како што си расте... и многу е важно на овие години да го научите детето да знае да дели работи...со другарчиња, брат или сестра...за понатака оваа особина да му остане и да не биде скржав или себичен!

ова веќе не е обврска во домот ама ако споменав нели?
Потоа иде следен чекор..полни 5-6 годинки...Овде веќе не мора да добива награда по извршена обврска...поголемо е.. а и како што спомнав да не испадне да бара награди на секое и кога ке порасне.
Може на пример да и помага на мајката, после ручек, заедно да ја расчистат масата...не буквално да носи се а таа да ужива:uvo: ..Туку истовремено помагајќи и на мајката, да му биде и забавно, смешно и интересно...(му давате пофалби дека е послушно, дека е паметно, а ваквите пофалби ги радуваат децата и така ги поттикнуваат да се помирни и уште повеќе да се покажат)
(под ова помага не сфаќајте буквално дека помага баш, и ја врши цела работа од мајката, него едноставно и прави друштво на мајката и малку врши делче од таа работа и на крај тоа ќе мисли се тоа извршило и со тек на време се повеќе и повеќе ќе му се зголемува желбата), или на пример да го научи да си ги дипли алиштата одкако ќе се соблече, за таа навика да му остане за цел живот и да му виде обврска, а не како ние сега скафовите недај боже се :pos2: понекогаш де!
Ете, сметам дека ова се едни од основните мали обврски на едно дете за понатака да нема тешкотии кога еден ден ќе се осамостои, и да сфати со ова дека навиките и обврските се дел од животот на секој човек! и секој родител би требало ова да го прави!
Ме ангажирале и мене родителите со вакви слични обврки, за да можам сега како повозрасна да се снајдам во секој момент без поголеми тешкотии! Се разбира искуството и годините го носат своето! ди енд!
