Најстресна професија

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.923
Поени од реакции
12.484
Чувар во макс секјурити затворите:

 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
5
Вчера еден другар ми раскажуваше за една зезната професија..Да чистиш пропелери на големиве бродови од разни треви,алги итн итн.И нели чим е човечки фактор у прашање се е можно,па така нечесто ,но се има случено овие капетаниве да заборават и да ги пуштат моторите за време на тоа работно време...Претоставувам дека тоа е доста стресно иако се случува ретко уух скраја да е
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Најстресни професии се:
-воените офицери - стресот доаѓа од интерперсоналните односи
-хирурзите - од одговорноста за човчкиот живот иако во најголем дел се отрпнати
- шалтерски работници - или било кои кои работат со луѓе
- наставници и професори - работата со деце не е толку благородна како што на прв поглед изгледа, и 2 знаат да бидат стрес а камо ли 30
- шоферите - пцуеле уште кога возеле кочии, камо ли сега
- работник во затвор или во полиција но во специјални единици
А не знам што е стресно да работиш со мртви луѓе, тоа е најкул професија, никој не те брза и никој не се жали, воопшто нема стрес. Тоа што е неатрактивно и морбидно е друга категорија.
Работа на пожарникарите не е стресна, работат, за среќа многу малку.
Работата каде животот се доведува во опасност не ја сметам за стрсна затоа што таква работа бираат луѓе зависни од адреналин. Оној кој виси на јаже и чисти облаци на облакодер не би издржал ни 5 минути во канцеларија. За нив ризикот не е стрес туку предизвик.
А тоа што прочитав дека стресни биле разни професии како банкари, брокери, менаџери, правници, сметководители слатко ме изнасмеа.
Ако работиш за тројца и ако имаш нечовек за шеф, секоја работа е стресна!
 

Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
Секоја професија е стресна, без разлика која е и каква е. Не постои професија каде нема стрес и каде уживате.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Бр 1....



Терај си ти, али можеш само пари да изгубиш, има професии кај што можеш живот да изгубиш:smir:
Се работи за стрес, не за опасност по живот. :) Ако чисто те интересира, провери колку е работен век на еден брокер на Wall Street. :smir:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Се работи за стрес, не за опасност по живот. :) Ако чисто те интересира, провери колку е работен век на еден брокер на Wall Street. :smir:
Али кај таа што јас ја посочив и уште некој се работи за стрес и живот... а таму само за стрес... хахаха...

п.с. во кладилница колку пари имам изгубено веќе немам стрес... па така и овие на Wall Street :smir:
 

VaZzilL

Сантино Џеновезе
Член од
23 април 2007
Мислења
921
Поени од реакции
39
Абе повеќе е до карактерот на човекот... ако на некој и за секоја мала ситница му рипа притисок и си става се на душа, секоја професија ќе му биде стресна.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Али кај таа што јас ја посочив и уште некој се работи за стрес и живот... а таму само за стрес... хахаха...

п.с. во кладилница колку пари имам изгубено веќе немам стрес... па така и овие на Wall Street :smir:
Смешно е да споредуваш ливче од 500 денари што ќе го изгориш во кладилница и да изгубиш се што имаш на берза. Кога настана кризата колку луѓе се самоубија ? Не се сеќавам последен пат кога сум слушнал хирург да си го одземе животот зошто му умрел пациент... мислам неблагодарно е да се споредува, секоја професија носи свои негативни страни, некаде твојот живот е во прашање точно, но некаде ја ризикуваш иднината на твоите деца, односно постои можност фамилијата да ти остане на улица...
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.923
Поени од реакции
12.484
Секоја професија е стресна, без разлика која е и каква е. Не постои професија каде нема стрес и каде уживате.
Постои...ЖИГОЛО.

Само креветот ќе биде стресен...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571


ова е број еден... една најмала грешка... и ке испариш,ке те снема...

хирург? твојот живот не е во опасност...
менаџер?? исто така...
Shapeless мислев на оваа професија и со ова се согласив... ни за хирург ни ништо... а ако ти викаш да ги оставиш децата на улица тогаш значи нема да си совесен брокер ако не оставиш пари на страна и не и препишеш нешто на жена ти... Нели?

А и овдека може и пострашно да се случи: Да останат децата без татко?

п.с. знам дека си на економски и дека си ја браниш професијата(и јас сум нели) али да бидеме реални:smir:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
На шалтер во комерцијална :kesa:
Сепак зависи во која Комерцијална :pos: Но, и не е толку стресно, на вработените на банките во вакви ситуации им се кажува да не „експериментираат“ туку одма да дадат се што имаат, зашто се е осигурано :)

Смешно е да споредуваш ливче од 500 денари што ќе го изгориш во кладилница и да изгубиш се што имаш на берза. Кога настана кризата колку луѓе се самоубија ? Не се сеќавам последен пат кога сум слушнал хирург да си го одземе животот зошто му умрел пациент... мислам неблагодарно е да се споредува, секоја професија носи свои негативни страни, некаде твојот живот е во прашање точно, но некаде ја ризикуваш иднината на твоите деца, односно постои можност фамилијата да ти остане на улица...
Па горе доле е исто... и берзата на некој начин е кладилница и никој не те тера на неа да оставиш се што имаш. На берза се тргува тогаш кога имаш нешто одвишок, а не кога немаш ништо па да заложуваш куќи, да продаваш станови и коли за да добиеш нешто на берза. Се самоубија оние кои го правеа она последното, а оние кои се прави брокери знаат дека не смеат да претераат со вложување, така да немале потреба од самоубивање. Никој хирург нема да се самоубие ако некој пациент му почине, но тука станува збор за луѓе, а не за пари. Сигурно има многу такви на кои им е тешко кога пациент ќе му умре на сред операција, а и работата е премногу стресна. Да бидеме реални, може и на пациентот да му се погодат некои луди роднини, да се закануваат на лекарот и неговото семејство, ете ти дополнителен стрес...
Друга стресна работа... Менаџер. Менаџерот е човек кој е на чело на претпријатие, фирма. За него фирмата на некој начин е како дете, син или ќерка, сеедно. Секоја недела бара џепарлак, пари, пари, пари, само цица, за пари плаче како мало бебе за млеко. Но менаџерот располага со ограничен буџет, менаџерот одговара на газди, акционери, сопственици, треба да донесува (на пример) по десеттина одлуки месечно од илјадници алтернативи кои му се мотаат низ главата, треба да вработува, во овие денови кога владее криза треба и многу да отпушта. Ете, за мене нема постресно нешто од тоа да треба да отпуштам човек, посебно во ова време на криза, посебно ако треба да избираш помеѓу работници кои одлично си ја вршат својата работа. Патем, менаџерот секогаш е крив кога нешто тргнува наопаку, може да донесе милион добри одлуки, но една грешка може да го испрати по ѓаволите.

Постои...ЖИГОЛО.

Само креветот ќе биде стресен...
Море ако ти дојде некоја 70-годишна баба... сите коски ќе ти се тресат од стрес :)
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Сепак зависи во која Комерцијална :pos: Но, и не е толку стресно, на вработените на банките во вакви ситуации им се кажува да не „експериментираат“ туку одма да дадат се што имаат, зашто се е осигурано :)


Па горе доле е исто... и берзата на некој начин е кладилница и никој не те тера на неа да оставиш се што имаш. На берза се тргува тогаш кога имаш нешто одвишок, а не кога немаш ништо па да заложуваш куќи, да продаваш станови и коли за да добиеш нешто на берза. Се самоубија оние кои го правеа она последното, а оние кои се прави брокери знаат дека не смеат да претераат со вложување, така да немале потреба од самоубивање. Никој хирург нема да се самоубие ако некој пациент му почине, но тука станува збор за луѓе, а не за пари. Сигурно има многу такви на кои им е тешко кога пациент ќе му умре на сред операција, а и работата е премногу стресна. Да бидеме реални, може и на пациентот да му се погодат некои луди роднини, да се закануваат на лекарот и неговото семејство, ете ти дополнителен стрес...
Друга стресна работа... Менаџер. Менаџерот е човек кој е на чело на претпријатие, фирма. За него фирмата на некој начин е како дете, син или ќерка, сеедно. Секоја недела бара џепарлак, пари, пари, пари, само цица, за пари плаче како мало бебе за млеко. Но менаџерот располага со ограничен буџет, менаџерот одговара на газди, акционери, сопственици, треба да донесува (на пример) по десеттина одлуки месечно од илјадници алтернативи кои му се мотаат низ главата, треба да вработува, во овие денови кога владее криза треба и многу да отпушта. Ете, за мене нема постресно нешто од тоа да треба да отпуштам човек, посебно во ова време на криза, посебно ако треба да избираш помеѓу работници кои одлично си ја вршат својата работа. Патем, менаџерот секогаш е крив кога нешто тргнува наопаку, може да донесе милион добри одлуки, но една грешка може да го испрати по ѓаволите.


Море ако ти дојде некоја 70-годишна баба... сите коски ќе ти се тресат од стрес :)
Океј, кажав уште на почетокот дека секој ќе си тера на своја воденица, оттука и мојот одговор. Реално, смешно е да споредуваме професии. Но генерално, се е до карактерот. Мене лично не ми е проблем да отпуштам човек. Што се однесува до берзата, портфолио инвестициите се релативно сигурни, но од друга страна носат помала добивка... луѓето, особено оние кои работат на Wall Street имаат тенденција да бидат поприлично амбициозни, а и човечка особина е да се поставуваат цели кои во некои случаи и се невозможни, па тоа понатаму резултира со најразлични разочарувања, депресии, страв од неуспех итн...
 
H

^HITMAN^

Гостин
Отстранувач на мини од минско поле и возач на камион со радиоактивен отпад.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom