Повеќе би сакала да полагам приемен па макар и да е потежок зашто ќе полагам само еден предмет кој навистина ќе ми треба на факултетот и сето тоа повтарање по тој предмет ќе ми служи за нешто.Знаеш зошто го велам ова? Зашто во ДМ полагаме 4 предмети.А 2 интерни што ни се, не се воопшто за потценување зашто ни рекоа дека ќе има 60 прашања, 120 мин. (не ме фаќајте за збор) ќе се полага...Значи..уште 2 предмети треба да одберам и да ги повтарам и нив а датите за полагање екстерни и интерни предмети, колку што знам, се доста блиски.
Па јас мислам дека „штрајкот“ во петокот беше токму за намалување на материјалот ама...ни тоа нема да ни успее.Во октомври баравме да ни го укинат тој делот ораторство што е од македонски ама не го укинаа...Замислејте само...ораторство...
Што тоа ние имаме вежбано и научено во овие 4 години...
А добар дел од професорите само ни се смеат во лице како да сакат сега да си ги наплатат отценките што ни ги дале со тоа што ќе не видат осакатени со матурата.
И сега...пак треба да сакам ДМ отколку приемен?