Јас порано чував риби. Имав неколку различни видови и сите ми беа во еден аквариум и за среќа ниедна не правеше проблеми
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.
Од еден вид имав и машко и женско и секогаш пред да одам на одмор, обавезно во аквариумот имаше малечки рипчиња. Ги вадев од аквариумот ( имаше отприлика 10тина ) и ги преместував во тегла и одозгора ставав газа.
Но за жал ниту еднаш не дочекав да ми пораснат рипчињата зашто не можеш да ги земам со мене на одмор и ги оставав на баба ми да ги чува, ама колку ги чуваше...
Имав една риба што најмногу ја сакав, беше проѕирна со една флуросцентна лента- во розева боја. Ептен ми беше шема рибата, ама баба ми и неа ми ја умртви.
Имав уште една што ептен ја сакав, беше љиљакова и ептен грациозно изгледаше, иако имаше малце злобен поглед.
И се сеќавам на уште една, која беше причината да си купам уште риби. Живееше најдолго и стана ко бумбар дебела и најмногу го загадуваше аквариумот, а чистачот душа е даваше.
Иначе секој ден по неколку зрнца од нивната храна им ронев во водата.
Ја менував водата кога ќе почнеше да се заматува и многу е важно новата вода да не биде ниту премногу ладна, ниту премногу топла за да не умрат поради нагла промена на температурата.