Хммм...колку ми е познато, молтивата е разговор со Бога. Притоа, ни случајно немора да значи дека „нешто треба да се случи„, оти тоа би било знак за гордост, а не знак за свесност за својата немоќ пред Бога и за своите неспособности било што да се направи за свое спасение, без учество Божјо. Со молитвата не се бара ништо материјално,туку се бара Божја помош во својата намера за спасение. Затоа и постојат повеќе молитви, зависно од потребата и намерата, но молитвите редовно се однесуваат на благодарење за се што имаме, за спасение на душата и здравје на телото и ништо повеќе од тоа.
„Но, најпрво барајте го Царствотот Небесно, а се другио ќе ви се придодаде и преумножи„, вели Христос. Ете,тоа е хиерархијата во она кое го бараме преку молтивата од Творецот. Воедно, тоа и е непремостливата разлика меѓу христијанството и другите, особено источните религии.