Не сум импресиониран, очекував повеќе. Но добро, го немаше арогантниот Коби да солира, па да го повлече и Леброн со себе. Убава игра на Истокот, како што типував... победи над ѕвездите од Западната конференција. Неколку атрактивни потези, главно забивања на Бош во првата четвртина и неколку цепелини на релација, Кид-Џејмс-Хауард, и Амари во комбинација со тимскиот колега Неш. На спротивната страна, динамичното дуо од Денвер, Ајверсон и Кармело, како и миленикот на публиката, малиот Крис Пол кој пукаше рафално со спалдинзи од сите страни. Имаше преку 12/3 асистенции. Други играчи кои би ги издвоил, Реј Ален стандардно со неговиот мек шут на пет пати ја скина мрежичката на западот и тој имаше двоцифрен број на поени. Неш, Данкан, Вејд и пред се ''повредениот'' Коби потфрлија, како и Јао Минг кој не се забележуваше на теренот, доби блокада од Хауард и толку. Едноставно немаше некој така се издвои од другите, Џејмс од втор план со нормална игра на солидно ниво стигна до признанието МВП. Слабо, бар за мене... изгледа моите очекувања беа преголеми. И да, крајниот резултат 134-128 за Истокот.
п.с. Поздрав до
јас од