Пазете што пишувате, затоа што самоистакната сексуална репутација на форум често е обратно пропорционална во реалност.
Бидете искрени
За да не бидам офтопик, што сакаат жените.
Сите сакаме исто и машки и женски, само пристапот тоа го прави интересно.
Сакаат фраер, ама со усул. Тоа би значело да не бидете сељаци.
Да бидете романтични и грижливи, тоест да обрнувате внимание на ситници ама да не сте папучари.
Вакви списоци ги има доста да се најдат но никаде не ви кажуваат да си бидеш тоа што си.
Кој и да е, ако глумиш нешто што не си лесно се познава, освен ако не си екстремно талентиран за тоа. Жени посебно имаат осет за такви работи, затоа мора да бидете природни без разлика на се.
Ако си срамежлив шансите се поголеми дека ќе привлечеш девојка на која што и се допаѓаат такви момци, многу е просто.
Смешно изгледа кога луѓе се обидуваат да изглумат карактерни особини кои ги немаат.
На вакви теми премногу се генерализира и често има конфликти, но и јас би дал еден совет за поефикасно освојување на понежниот пол.
Гледај да се чуствуваат опуштено покрај вас.
Тоа значи онаа прва средба да биде искулирана, ти терај го темпото ама остави ја да збори (така жени се вентилираат), значи поставувај прашања ама да не биде ко фби. Биди заинтересиран, гледај да ја насмееш..пак ќе кажам клучен збор опуштање.
Одкако ќе се размуабети, ќе се расположи, одкако ќе се расположи ќе сака да се напие уште една чаша. Кога ќе дојде тоа веќе знае дека покрај тебе и е убаво, интересно и искулирано. Ако си стигнал до таму шансите за home run ти се бајаги големи, затоа што пољубац почетен имаш обезбеден.
Значи поставување на една здрава човечка атмосфера за комуникација со доза на флерт.
После тоа, зависи индивудално какви луѓе сте.
Имајте на ум дека девојките уживаат во целиот процес на додворување, од запознавање до секс. Затоа и го издолжуваат сето тоа, плус послатко е да се помачите малку и двајцата.