- Член од
- 6 март 2007
- Мислења
- 2.301
- Поени од реакции
- 1.580
Уште од средно школо појавив интерес за музиката, не само интерес да ја слушам него и да ја компонирам да пеам и сл. Во принцип не се фалам меѓутоа многу луге ми имаат кажано дека имам талент и за пеење и за ритам, поготово во средно кога ке се распеевме на одмор со другари/ки стално ме фалеа, ми викаа зашто не сум се пријавел на м2 или да сум идел на часови и сл. ама тогаш онака мислев дека е забавно пеењето, не го свакав тој "талент" сериозно како што сега на 19 години го свакам. Сега нема ден да не го пуштам караоке плеерот и да не запеам нешто од душа. 80 % од денот мислам на музика и на пеење. Моите дома ми се чудат како после 3-4 часа пеење не ми здосадува или не ме боли грло и сл.А исто така си читкарам хороскоп понекад иначе Бик сум и таму пишува дека многу од Биковите имаат дарба за музика за цртање општо за се што е уметност.Пример на пеачи и уметници Бикови: Енрике Инглезиас, Стиви Вондер,Џејмс Браун,Баста Рајмс, Шер, Џенет Џексон, Кели Кларксон,Елена Ристевска(не е позната како другиве ама има добар глас), Вилијам Шекспир,Леонардо Да Винчи и др. Најмногу ми лежат песните на најдобриот пеач што се родил на земјава тоа е Тошка.(мада сметам дека никогаш нема да можам да ги испеам како што тој знаеше) Сметам дека беше и ке остане најдобар не само затоа што го има најдобриот глас туку и дека како човек во целина гледајки ги неговите дела пред се хумани испадна дека е најчовечен од сите нас, познати и непознати личности. Е сега прашањето ми е следново: Има ли некоја школа или некоја личност што ке може да ме подучува правилно пеење као за почеток прво да ме слушне како пеам и да ми каже негово стручно мислење, што ми е позитивно а што негативно и како да се подобрам во пеењето?
Едоставно да ми дава часови по пеење затоа што не е се во талентот.Ако има некој што има некакви познавања ве молам нека пише.
Едоставно да ми дава часови по пеење затоа што не е се во талентот.Ако има некој што има некакви познавања ве молам нека пише.