Незнам како размислувате, но крајно време е да се превземе нешто.
Не се плеткајте со државата, таа е кочница за се.
Гледам се спомна археолошки материјал, тоа е одлично но многу тешко ќе оди.
Сега да дадам мој предлог.
Наместо пари, за кој тешко може да ги собираме, подобро би било да се работи по принцип на услуги. Нас ни се потребни документи од светските музеи и архиви (ништо повеќе). Да направиме мрежа на луге кои престојуваат во странство и да одат во музеите и се што се однесува на Македонија и Македонците да го копираат. Да дадам пример, Искендер, се расправаме во празно, се спомнуваат печати, повелби и што уште не, кој е во близина на тие извори да изнајде начин да ги слика или копира материјалите, но сето тоа да биде со печат заверено од институцијата од каде се превзема материјалот (да не испадне некој да каже фотошоп), значи од примерот за Искендер, се спомнува печат во Цетиње, некој од таму да ни обезбеди копија заверена од истиот. И така за се и сешто поврзано за Македонија и Македонците. Се спмнуваат Македонски полкови во Украина, ајде оригинал документи (не само страни на книги кои не се знае како се пишувани). Потоа, имиграционо биро во Америка, да ги завери докуметите кои не потврдуваат (а со сигурност ги има, ги видовме). Значи мрежа на доброволци кои ќе ја сработат задачата без да се побара денар, а централата да ги собере сите документи, да направи барем 5 копии и да ги складира дел во централа во Македонија и останатите копии на други места низ светот (да се чуваат и кај дијаспората) бидејки секогаш постои опција во војна да се уништат. Со тоа што тие ќе бидат и заверени, нема да може после 50 години странците да ги лажираат.
Се надевам ме разбравте. Според мене тоа е единствениот начин да се самозаштитиме (да ја зачуваме историјата)
Апсолутно се сложувам за доброволци на
одредени локации низ светот. Само работата е следна-
Многу од архивите за Македонија се затворени во светот, и затоа е потребна финансиска конструкција која ќе го обезбеди човекот за престојот и обидот да дојде до тие архиви. Покрај тоа треба да познава историја и да биде професионалец, што значи дека не може било кој да слика фотографии и да заверува(бар јас така мислам),
на некои места да, но не на сите.
На некои места ќе треба да се праќаат луѓе кои веќе се запознати со одредена проблематика во историјата и ќе знаат што да бараат.
Истото се однесува и на многуте библиотеки кои ни се отворени, но кои нема кој да ги истражи. Тука повторно е потребен професионалец, не може било кој да листа книги на латински, германски, франски итн.
Како пример ќе го посочам Матковски кој за универзитетот во Болоња вели дека со сигурност крие многу македонски семејни грбови, но дека треба да се пронајдат, а за тоа треба време и пари.
Се сложувам за архивирањето и заштитата, тоа одсекогаш сум го размислувал дека треба да постојат неколку архиви на различни локации, за сигурност.
Потреба за респектабилна институција, која нема многу да се испрчува низ јавноста (треба да работи тивко) и ке се знае во некои потесни кругови. Мислам дека е малку да се размислува само на некои копии од одредени локации. Постојат верувајте многу, за кои немаме ни појма низ светот, и за нив треба организација и стратегија....
Најмногу луѓе ни се потребни во соседните држави, Бугарија и Грција.......... Со Србија мислам дека нема да има толку голем проблем..
Исто така, доколку дојде некогаш до оформување на вакво нешто(Дај Боже), треба да се внимава со масонеријата и темпларите!!!!