Кога веќе се укажала ваква прилика ај и јас да предложам нешто:
-Најпрвин треба владата да ја напумпа администрацијата на 300 000,да ги затвори сите производствени погони и да ги остави само оние што егзистираат од трговија.Да ги одбере најслабите архитекти и урбанисти што не знаат ни штала да нацртаат и да ги стави за Градски архитекти со што би можеле комплетно и побрзо да ја обезличиме Македонија до "дрт",како што и сме на пат тоа да го направиме.Треба да го дуплира буџетот за плати и придонеси на администрацијата,па за рекламни или кампањски активности,треба да издвои дупло повеќе пари.Да им ги укине државјанствата на сите кој престојуваат повеќе од 6 месеци во странство,со што драстично би го намалила бројот на граѓани.И така некој мерки кој би помогнале да се прекине агонијава која трае повеќе од 15 години,вака само преживуваме од ден на ден во неизвесност до бесвест.