Ќе објаснам колку толку колку што дозволува форматот од форумов.
Кон првоболтуваното:
Никаде во Универзумот не постојтат броеви и геометриски слики. Тоа е повеќе од очигледно а очигледните докази не се докажуваат. Но. од друга страна, бројктие и геометриските слики претставуваат апстракции, идеалитети, категории само на умот и на ниедно друго творение! Врвните научни умови, пред се мислам на математичарите и физичарите, размислуваат само со броеви и геометриски слики! Би требало и сам да знаеш дека сите природни (физички) закони се претворени во математички равенки, во кои има бројки во одредена меѓусебна релација. И не само тоа; формите од сите тела кое се создадени во унивезумот (независно дали се мртва или жива материја) обликувано се од оснвоните геометриски слики. На пример, Сонцето има облик од круг/топка, движењето од планетите има облик од кружница или елипса и сл. За пример, би посочил една дефиниција, кажана уште од античките грчки философи/математичарил кои велат дека НЕШТАТА СЕ БРОЕВИ СО ГЕОМЕТРИСКИ ЛИК! Ти текнува?
Кон второболтуваното:
Инвизицијата и крстоносните волни се производ од Рим, папството и римокатоличката црква! Православието не познава ниедно од нив! Да те потсетам на тоа дека претходниот Папа, Јован Павле, јавно се извини за инквизицијата!
Кон третоболтуваното:
Луѓето едни на други не си нанесуваат зло. Зло нанесуваат различните вистини кои тие луѓе ги исповедаат, криејќи се зад поимот религија!