Зошто религијата се меша во науката?

Член од
14 февруари 2008
Мислења
41
Поени од реакции
3
Е видиш вака сега, христијанството си има една многу убава порака, која е занемарена баш поради тоа што наместо да се форсира таа порака се форсира фабула за инцестоидни врски (не е навредливо, така стои освен ако не сакаш да кажеш дека Библијата сама по себе е навредлива?) Јас немам проблем со пораката на религиите кои пропагираат љубов, соживот, почитување и сл. ама имам проблем кога форсираат belief system кој ми се меша во сите аспекти на моето размислување, те не ми дава слобода на мислата.
Кажи ми, каде е протолкувано и проверено, па да не му треба ревизија?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Е-е-еееееее...треба пак да почнувам од почеток.
Ама ај.
Светите Оци (да не ги набројувам, многу се, и нека ги има уште толку!) од минатите векови, како и дел од современите богослови, веќе го имаат истолкувано целтото Свето Писмо, со исклучок од нецелосното толкување на Откровението од Апостолот Јован (има и за тоа причина). Сите Свети Оци, врвни монаси но и дел од врвните православни верници, го имаат „проверено„ вероучението на свој грб и тоае дел од нивното лично искуство, за кое нема потреба некому да му го докажуваат. Личниот живот и искуство (а не лабораториските мерења) се доказ дека православиео е точно во целост. Па тоа и најслабиот верник го знае.
Точно е дека на почетокот, т.е. по истерувањето од Рајот, постоел инцест кај првите генерации луѓе. Па тоа и Црквата го вели а не да го негира. Работата е во тоа. што родот чивечки морал некако да се продолжи во вон-рајски услови на живење., А како и би било тоа ако не преку инцест? Во тоа време инцестот и небил познтат како поим и не ни бил забранет. Воедно, првите генерации луѓе сеуште биле „нерасипани„ по тело и по дух така да инцестот незначи дека децата родени во инцест ќе бидат „фалични„ туку напротив! Но, со тек од времето, како род човечки сатнувал се „порасипан„ и инцестот станал неподнослив. Денес, на пример, во МАкедонија со закон е забрането стапување в брак на сопружници кои се роднини до 4-то колено. ЗАд таа забрана стои и Црквата, која јасно и гласно го забранува инцестот.
 
Член од
14 февруари 2008
Мислења
41
Поени од реакции
3
Ваљда мислеше 4 колено? И ја колку што знам е до 3то ама нема везе.
Види, во ред е некој да прашува а друг да докажува и да објаснува, впрочем тоа се нарекува процес на учење. Сосем погрешно е ако некој рече едноставно "така е затоа што ја знам дека е така". Тоа веќе не е учење тука наметната воља.
Ако црквата сака да едуцира за своето учење нека се припреми добро да одговори на некои прашања. Во спротивност не учи на ништо туку наметнува воља.
И сега има едне интересен прадокс, каде монасите и свештениците се лупаат во гради со својата побожност, што значи се гордеат со неа, и се ставаат над другите, што според мене не е христијански.
 
1. Да, мислев на 4-то и тоа го поправиви во мојот пост.
2. Православното учење не познава тортура врз човековата слободна волја. Ова повеќе пати го имам напиашно на форумов. Ако некој се одлучил да бидеверник, тоа го прави како чин на личен избор, а не на наметнато учење, понајмалку наметнато од Црквата. Мене лично, никој не ме тера ниту ме натреал да верувам, но затоа, секој кој се одлучил да жизвее по Црковното учење, должен е и да го прифати ( и пак, без притисоци!) а со тек од времето, неговото лично искуство ќе му покаже и докаже дека тоа (Црковното) учење е итоа како точно, без потреба од изрази во стилот „да бе , тоа е точно оти така е напишано или некој така кажал„.
3. Црквата има одговри за секое прашање од духовно-етичка природа. Непознавањето на тоа учење незначи дека Црквата нешто незнае.
4. Гордоста е најопасната работа кај луѓето па и кај монасите и свештениците. Постои и кај нив, никој тоа не го спори, понајмалку монасите, но работата е во тоа кој кого го контролира: монахот ја контролира гордоста или обратно? Познати се случаи кога монаси запаѓаат во превозвишеност и во гордост , како и случаи од монаси кои таа гордост и прелест ги чини живот! Но, тоа се исклучоци а не правила во Црквата.
 
Член од
14 февруари 2008
Мислења
41
Поени од реакции
3
3. Црквата има одговри за секое прашање од духовно-етичка природа. Непознавањето на тоа учење незначи дека Црквата нешто незнае..
А исклучокот го потврдува правилото...
Ок, пеки, поштувам што си верник, ама барам исто почитување и од тебе што сум атеист. Значи, не зожалување, не скриен презир, него почитување.
Велиш дека

3. Црквата има одговри за секое прашање од духовно-етичка природа. Непознавањето на тоа учење незначи дека Црквата нешто незнае..
Ги познавам учењата не само на православната црква и христијанството туку и на неклку други религии и деологии, само што не ги прифаќам сите како свои, едноставно разумот мој и логиката ми го тврди спротивното во повеќе случаи. И црквата незнае многу работи, и најдобро би било кога би признала дека нешшто не знае, наместо слепо да се лупа у груди. Јас прашувам да ми ги објасни фосините остатоци на диносаурусите, црквата не ми нуди објаснение, значи не знае.

Не заборавај дека црквата до скоро тврдеше дека Земјата е рамна плоча и дека Сонцето кружи околу неа. Значи некогаш грешела, зошто не би грешела повторно?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ја, у ствари, веќе имам ПЦ во својот дом, а на работа го користам Интернетот оти така ми е поевтино..
Сакаш да кажеш послатко е кога друг плаќа:toe:
Да не е тоа случајно користољубие, а тебе како на добар исправен верник не му личи тоа:toe:
 
Член од
1 февруари 2008
Мислења
260
Поени од реакции
2
Сакаш да кажеш послатко е кога друг плаќа:toe:
Да не е тоа случајно користољубие, а тебе како на добар исправен верник не му личи тоа:toe:
lele , ccc ,nemoj , preminuvas vo bogohulie , neli MIKI ?:)

p.s hehehe , tugoto e najslatko , :)
 
Член од
1 февруари 2008
Мислења
260
Поени од реакции
2
Inaku , MIKI bate , mozes da mi objasnis zaso dodeka ne sostavulav , Vozviseniot , ne ni napravil podobar imunitet , pa sega zdrav da si bev , a ne po cel den kivavici , temperaturi ..

Kako napravil takov lapsus ???

p.s Ili cekaj , Lukaviot da ne gi sozdade mikrobite ??
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Сакаш да кажеш послатко е кога друг плаќа:toe:
Да не е тоа случајно користољубие, а тебе како на добар исправен верник не му личи тоа:toe:
Да, не ми личи (мнооооогу се срамам ) ама пак го прават тоа.
:pos2:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Inaku , MIKI bate , mozes da mi objasnis zaso dodeka ne sostavulav , Vozviseniot , ne ni napravil podobar imunitet , pa sega zdrav da si bev , a ne po cel den kivavici , temperaturi ..

Kako napravil takov lapsus ???

p.s Ili cekaj , Lukaviot da ne gi sozdade mikrobite ??
Каков црн лапсус....Бог. се што создал, создал како совршено, без маани, без грешки, без пропусти...Нормално, креаторот кој сам по себе е совршен, и неговите дела се совршени. Грешката се разбира дека не е Божја, туку човекова.
Ај да појаснам.
Кога Адам и Ева го сториле гревот (ја прекршиле првата Божја заповед во Рајот), се случува една шизматичен процес, кој се состои во следното:
1. Човекот се одвојува од Бога
2. Човекот се одвојува од Рајот
3. Човекот се одводјува до природата
4. Човекот се одвојува до животните
5. Човекот се подвојува во сам себе и се распаѓа на дух.душа и тело
6. Човекот се подвојува на машко и женско
Тука значи во тоа подвојување и развојување лежи проблемот! Во Рајските услови на живеење, не постои ни смрт ни болести! Болестие и смртта се појавуваат откако нашите прародители излегле од Рајот! А Бог навреме ги предупреди и им рече„; Можете да јадете од секое дрво, освен од дрвтото на познанието на доброто и злото, оти во денот каге ќе вкусите-ќе умрете!“. Јасно и гласно кажано! Во реално време (ова кое го живееме) секоја па и најситна болест (настинка, на пример) практично претставува казна за нашите гревови. А смрта е казна за гревот од нашите прародители и од неа нема бегање. За среќа, дојде Синот Божји , кој на крстот ја победи и смртта и ѓаволот и ни ја донесе добрата вест за вечниот живот во Царството Небесно.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А исклучокот го потврдува правилото...
Ок, пеки, поштувам што си верник, ама барам исто почитување и од тебе што сум атеист. Значи, не зожалување, не скриен презир, него почитување.
Велиш дека

Ги познавам учењата не само на православната црква и христијанството туку и на неклку други религии и деологии, само што не ги прифаќам сите како свои, едноставно разумот мој и логиката ми го тврди спротивното во повеќе случаи. И црквата незнае многу работи, и најдобро би било кога би признала дека нешшто не знае, наместо слепо да се лупа у груди. Јас прашувам да ми ги објасни фосините остатоци на диносаурусите, црквата не ми нуди објаснение, значи не знае.

Не заборавај дека црквата до скоро тврдеше дека Земјата е рамна плоча и дека Сонцето кружи околу неа. Значи некогаш грешела, зошто не би грешела повторно?
Не се секирај, не ги презирам атеистите од проста причина што до пред некоја година и јас не верував во она кое овде го пишувам. Од друга страна пак, омразата не е христијанска особина. Секој поединец треба да ги почитува другите поедницни не заради нив, такви какви се,туку заради Иконата Божја која секој поединец ја носи во себе и на кој „фабрички„ му е вградена од Севишниот.
Црквата незнае одредени работи-точно! А што е тоа што не го знае? Тоа се нештата кои самите богослви ги нарекуваат „тајна„ и кои дури ни тие не ги познаваат, оти Бог не им ги открива! Затоа се тајна-Бог не ни ги открива! Лично, сметам дека на своето второ доаѓање, Христос ќе ни открие многи нешта кои сега-засега никој не ги знае. На пример, никој од Светите незнае зашто е Вселената толку голема а само на планетата Земја (една точка во таа Вселена) има живот! Никој не кажал зашто целата Вселена е создадена ради Адам (и Ева) баш со толкави незамисливи димензии и материја.
Ај сеа кажи ми, која е таа црква која тврди дека Земјата е рамна? И каде? Мене тоа ми звучи во стилот „..бабите рекоа...„. па уште во Шетводневот пишува дека Земјата лебди во бездна и е обесена на ништо! Тоа не е „астрономски„ речник, да, но и покрај својата едноставност, токму се ни кажува! Каква рамна земја, кавки китови, какви желки.
Црквата сеуште тврди дека Земјата е центар на Вселената. Притоа, секако дека не се мисли на географски/космички/тежиштен/гравитационен центар, туку на „место„ каде се пројавила Божјата способнот за креација. Имено,и животните и растенијата и човекот и Рајот се створени на Земјата а не на Јупитер!
А што се однесува до диносаурусите, за тоа ќе ги прашате еволуционистите. Тие имаат „сигурни и непобитни докази„ за нив. А Црквата се занимава со духовно-етички вистини, не со физички. За диносаурусите можам да наведам само мои претпоставки, засновани на Писмото и палеонтологијата, но тоа би биле само мои ставови а не Црковни.
 
OFcp&&&

МИСЛИТЕЛ
Член од
18 ноември 2007
Мислења
239
Поени од реакции
0
Хммм......ова ми личи на исповест...ама извршена на погрешно место...
Жалам брат. Не сум свештеник и неможан да те исповеда и да ти ги разрешам гревовите. Прости.
А што си? Владика?
 
NexuS

hatecrew.NexuS
Член од
12 септември 2007
Мислења
59
Поени од реакции
3
abe zoso religijata se mesa u nauka.Se mesa zosto nesto mora da gi kontroira prostite narodni masi oti ako nema religija naukata ke otskokne mnogu i narodot ke veruva u nauka i nema da mze da se kontroliraaat lesno taka za toa religijata se mesa vo naukata.
 
OFcp&&&

МИСЛИТЕЛ
Член од
18 ноември 2007
Мислења
239
Поени од реакции
0
abe zoso religijata se mesa u nauka.Se mesa zosto nesto mora da gi kontroira prostite narodni masi oti ako nema religija naukata ke otskokne mnogu i narodot ke veruva u nauka i nema da mze da se kontroliraaat lesno taka za toa religijata se mesa vo naukata.
Докажимуго тоа на Мики....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom