Фан Клуб: Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата zEk0
  • Време на започнување Време на започнување
Не си слушнал дека Работнички има нов тренер?:nesvest:

Господине сезнајко ако не си забележал или по се изгледа слабо пратиш македонски фудбал па да ти појаснам некои работи.Знам јас кој е новиот тренер на Работнички Бобан Бабунски ама грешка си прочитал ти пријателе Бабунски го назначија тим менаџер со цел ако арбитражната комисја ги ослободи од суспензија Брацовистите кои тренираат во охрид на чело со Стратев сите 15 фудбалери заедно со Стратев требаше да се преселат во Работнички и така автоматски Зоран Стратев требаше да биде тренер а Бабунски тим менаџер ама работите се испревртеа и така нема сега за сега ништо од такво остварување.:vozbud::helou:
 
СПИСОКОТ НА РАБОТНИЧКИ ЗА ЛШ

Љупчо Кметовски

Адекунле Лукмон (Камерун)

Александар Крстевски

Димитрија Лазаревски

Рок Итуа (Конго)

Бојан Михајловиќ (Србија)

Муарем Муарем

Крсте Велкоски

Баже Илијоски

Емир Шабани

Минас Османи

Ардијан Нухиу

Филип Мишевски

Благојче Љамчевски

Менсур Идризи

Владимир Туневски

Владимир Секуловски

Горан Богдановиќ

Душко Трајчевски

Кирил Трајчевски

Тони Илиевски

Душко Ѓорѓевиќ
На овој список се додадени и Ефтим Аксентиев и Пеце Коруновски
 
Господине сезнајко ако не си забележал или по се изгледа слабо пратиш македонски фудбал па да ти појаснам некои работи.Знам јас кој е новиот тренер на Работнички Бобан Бабунски ама грешка си прочитал ти пријателе Бабунски го назначија тим менаџер со цел ако арбитражната комисја ги ослободи од суспензија Брацовистите кои тренираат во охрид на чело со Стратев сите 15 фудбалери заедно со Стратев требаше да се преселат во Работнички и така автоматски Зоран Стратев требаше да биде тренер а Бабунски тим менаџер ама работите се испревртеа и така нема сега за сега ништо од такво остварување.:vozbud::helou:
Работнички и Бабунски потпишаа договор за Бабунски да го води Работнички во следната сезона.
Каков Стратев?!:tapp:
 
Заборавив да напоменам дека и Ѓоре Јовановски беше 3 години Тим Менаџер на Работнички.:smir:
 
Работнички и Бабунски потпишаа договор за Бабунски да го води Работнички во следната сезона.
Каков Стратев?!:tapp:

Немам намера да се контрам со тебе ама распрашај се малку подетално дека ако арбитражна комисија ги ослободеше сите 15 фудбалери заедно со Стратев и уште еден помошник сите ќе се доселеа кај вас и Стратев ќе делуваше само како тренер заедно со Бабунски распарашајсе и ќе видиш а можеби и јас грешам пошто оваа информација ми е од мојот комшија кој е дел од казетите фудбалери кои тренираат во Охрид.:helou:
 
Без навреда, многу ви е лошо новото лого:smir:
Ова не е новото лого туку е старото пред да влезе Трифун во Кометал.
Ова лого ја поврзува и историјата на Работнички.Новото ќе биде слично на ова но помодернизирано.

Лозар@
Мојсов и дружината ги лажат дека ќе потпишат со Работнички само за да останат со Брацо .Ова ти е информација од прва рака :smir:
 
ајдееее, сега он ви е крив
Искрено многу го зармзев Трифун одкако:
Излажа дека на Работнички ќе му да даде помош од неколку фудбалери од сусепендираните.
Си ги собра сите голови,кабли,косилки,лопати,мрежи и топки од игралиштето па немаше со што и на што да се игра на почетокот.
 
Да да.Моментално е на гости кај Фенербахче и ќе има пријателски односи помеѓу двата клуба.
Во 23 вечерва ќе се отпатува во Баку!
 
Искрено многу го зармзев Трифун одкако:
Излажа дека на Работнички ќе му да даде помош од неколку фудбалери од сусепендираните.
Си ги собра сите голови,кабли,косилки,лопати,мрежи и топки од игралиштето па немаше со што и на што да се игра на почетокот.

Како да му даде фудбалери кога тие немаат никаква врска со Работнички. Што сакам да кажам, тие исти фудбалери (ова го имам кажано може 10 пати, ама ако треба ќе го кажам уште толку) го нанесоа најголемиот срам на Вардар и мора да сносат последици. Какви ќе беа тие последици за нив, ако им се дадеше шанса да играат во Европа. Дали мислиш дека многу други фудбалери нема да да тргнат по иситите постапки на овие "професионалциве", и да го остават клубот во кој што играат на цедило. Вардар имаше среќа што имаше обезбедено место до средината на табелата. Замисли да се случеше тоа што го направија они на почетокот на втората полусезона, и цела пролет Вардар да требаше да игра со младинци. Тогаш најверојатно ќе требаше да игра бараж за опстанок во Прва лига. Е тука веќе враќање назад немаше да има. Тогаш џабе ќе беше се. Тоа и вака со оној резултат од 9-1 е нанесен голем срам, а не пак да се случеше тоа што го кажав. Не се криви Трифун, Коки, Чекаров итн. Тоа се нивни средства и они одлучуваат што и како понатаму со нив. Само многу ми е жал што Работнички подпадна под контрола на Брацо и дозволи единствениот човек што го доведе Вардар кај што го доведе, а тоа е никаде, да го изманилипулира со нечисти игри преку неговиот пиун Бабунски. Многу коректна изјава имаше председателот Драган Поповски кој изјави дека мора да се патува во Баку и дека ако треба тој ќе го води тимот само за да се избегне евентуалниот срам. Едно прашање до сите навивачи на Работнички - Со што сметате дека Трифун ве има оштетено и од каде тоа дека Вардар мора да ви ги отстапи суспендираните играчи? ( викате дека Трифун тоа го ветил, јас тоа никаде официјално го немам прочитано). Ви посакувам среќа во Баку и да се вратите со позитивен резултат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom