bodlikav
a.k.a C.Ronaldo
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 529
- Поени од реакции
- 6
И покрај тоа што најпопуларниот балкански пејач и припаѓаше на Православната црква, Ватикан не гледа причина тој да не се прогласи во светец, разбирливо, со одлука на двете цркви
Дали Тоше Проески ќе биде прогласен за светец, овие денови ќе решаваат папата Бенедикт и Православната црква.Ватикан, судејќи по се, наскоро ќе ја разгледува можноста за канонизација на Тоше Проески во светец и покрај тоа што беше православец. Сестрите на Мајка Тереза во емисија на Ватиканската телевизија изразиле голема желба покојниот пејач кој трагично го загуби животот да се прогласи за светец, пишува белградски "Курир".
По објавувањето на телевизијата дека Проески бил член на Хуманитарното здружение "Мајка Тереза", во јавноста се огласи со потврда и самото сестринство. Имено, сестрите од "Мајка Тереза" претставиле само дел од хуманитарната работа и длабоката религиозност на најпопуларниот балкански пејач. Така, Ватикан до сега по пат на својата телевизија, која се емитува на повеќе од четириесет јазици, праќа пораки во јавноста дека и покрај тоа што Тоше и припаѓал на Православната црква, тоа ништо не менува во остварување на целта. Ова би било првпат папата Бенедик Шести и Православната црква заедно да покренуваат процес на беатификација.
Треба да се очекува дека со одлука на двете цркви, пејачот со ангелски глас во најскоро време да го понесе ореолот. Инаку, оваа иницијатива првпат ја покренаа верниците на Македонската православна црква, непосредно по Тошевата смрт, заклучува "Курир".
vecer.com.mk
Go staviv ova ovde pa ako treba da sedi nekade na druge mesto premestete.