Интересно! Но сепак имаш проблеми и во таа теорија.
Како прво, имињата Ксерксес, Рамзес, Дареиос (Дариус е латинизарана форма) во старогрчкиот немаат никакво етимолошко значење, т.е. имаат исто толку значење колку што за нас има значење името John. Но имињата Филипос, Александрос, Аминта, Букефалос итн. имаат! Исто како што за нас имаат имињата Божидар, Мирослав, Љубомир итн. додека нам овие античко- македонски имиња не ни значат ништо!
Твоето толкување на
А-лек-сон-дар - што значи „А“ пред „лек“? Немој да ми кажеш дека тоа е неопределен член како во модерниот англиски јазик! И уште една работа, старословенскиот збор за „сонце“ е „сл’нце“, „слонце“. И кај Кочо Рацин се среќава „солнце“, а и ден- денес во источните македонски дијалекти преовладува варијантата „сл’нце“. Латинскиот збор за „сонце“ е sol, на старогрчки helios (кaj некои зборови кои во прото индо-европскиот почнуваат на „s“ , во старогрчкиот тоа „s“ преминало во „h“, како lat. septem, грчки hepta) Значи од тука се гледа дека прото индо-европскиот корен за тој збор би бил sol*/ sel*/s’l*/sl’*. Нашата наставка -нце е обичен деминутив како што е „дете-нце“. Моето прашање кон тебе е: како тоа кога вака убаво се гледа развојот од „сл’нце“ во старословенските текстови кон нашето модерно „сонце“ успеваш тоа да го вметнеш во лично име од пред 2000 години? И ако така тргнуваме, тогаш и Италијаните би полагале право врз името Александар по принцип A-lex-ander. Би требало да имаме в предвид дека колку се навраќаме наназад, толку јазиците стануваат послични еден со друг, и можеме да излеземе роднини и со Индијците на крај, па да излезе дека Александар тргнал да ги ослободи своите браќа од ропство!:helou:
Еве некои линкови кон малку посериозна литература:
http://dc126.4shared.com/download/94339975/363ca37e/The_Oxford_Introduction_to_Proto-Indo-European.pdf?tsid=20090614-060528-8b75badd
http://books.google.com/books?id=CdFf8c3V2DAC&pg=PA195&lpg=PA195&dq=old+church+slavonic+word+for+sun&source=bl&ots=EEB0HrqbTk&sig=bipMXIsGxChHCaKtKTwUTVklZOA&hl=en&ei=Ysk0SrnTB46f_AbH7sWFCw&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=8
Не треба да забораваме дека во светот има сериозни научници од полето на лингвистиката и историјата, а ние само се глупираме со вакви идиотизми:
и во очите на светот сме само една обична пародија на античките Македонци, додека словенството ни е здравата гранка, која што како што кажа Љубчо, си ја сечеме.
Неможам да сватам како тоа лугето лесно ги прифаќаат или отфрлаат одредени теории, притоа ни малку самите да се заинтересираат за истото.
Како што кажав, имињата се Хеленизирани и тоа никој неможе да го порекне, а самите имиња неможат да сведочат за нечие потекло.
Ксерксес значи Воин според Херодот, а според Персискиот значи - Монарх, владетел.
Еве да бидам прецизен, Дареиос (Δαρεῖος) е грчката верзија на Дарајавауш - Dārayavauš.
syll. da-
re-
ios,
dar-ei-
os ] грчко значење е Protector, Welthy, Prossessor of good, upholder of good.
Dare
Dare meaning: Diminutive of Darin: Gift.
Dare origin: Greek
Dare gender: Male
Дар како Дар е и кај нас, Дарко, Даре, Божи-дар и сл.
Дека во антиката постоела блиска културолошка врска никој не порекнува, впрочем истото е и денеска, но сепак не сме ни Грци ни Срби ни Бугари.
Постојат и други параметри кои треба да сакаш да ги видиш, за да ги видиш.
Јас само си поиграв со името на Александар, а гледам ти дотрча ко повикан да искритикуваш, утнувајќи ја поентата.
Велиш големи научници, експерти во полето на лингвистиката и историјата.
Знаеш ли врз основа на кој превод се толкува текстот од каменот на Розета, односно кои биле експертите по египтологија и лингвистите?
- Шамполион и Јанг.
Љубчо во својот текст во кој наводно глуми историчар вели:
Ете, никако да го видиме конечниот превод на фамозниот среден текст на Антички Македонски јазик. Патем, само да споменам дека тој е преведен уште пред времето на Шамполион и дека врз база на тој превод Шамполион ги превел Хиероглифите, така што и преводот на вториот текст и преводот на Хиероглифите врз основа на вториот текст од страна на Шамполион денеска се во употреба.
http://www.vmro-np.org.mk/sodrzini.php?idSod=200&action=2
За
Шамполион на нет пишува дека бил
лингвист, бил полиглот и во случајов го знаел јазикот на коптите кој го искористиле како основа.
Томас Јанг кој исто така работел на проектот со Шамполион бил
Математичар и Физичар.
Едно време Англичаните го подржувале Јанг а Французите го подржувале Шамполион. Се си било класична пропаганда.
И сега некој ќе ми се расприкажува за компетентност?
Друга битна работа е дека јазикот кој денеска го нарекуваме старогрчки - КОИНЕ - бил во употреба на целиот медитеран, од Египет, Рим, Илирија, Македонија, Тракија, Хеленските градови-држави до Персија и другите држави на блискиот исток.
Коине е исто што подоцна бил и
Арамејскиот јазик, па
Латинскиот јазик, па
Словенскиот......
Јазикот еволуира, а стандардизацијата е вештачко ковање на јазикот, бидејќи се губи онаа оригинална дијалектна карактеристика.
Реков малце да се стрпиш, ќе составам една убава тема за сите Љубчовисти и Српчетисти
И еден по
дарок од мене:
Како изгледала ситуацијата во Македонија и грција во очите на
Џејмс Ховл кој бил
член на советот на англискиот крал Чарлс Први (1625-1649).
Џејмс Ховл редовно испраќал писма за состојбите на теренот. Писмата се објавени во книгата
“Epistolae Ho-Elianae:Familiar letters” by James Howell, 10th edition, 1737, гледаме дека книгата е прилично стара и е
10-то издание. Насловната страна:
Да видиме што има низ писмата. (на некои места f = s)
Читаме дека
грчкиот јазик е екстремно распаднат, на наредната страна (да не оптоварувам со слики) продолжува дека тој неможел да сретне град каде се говори старогрчки (дорски, атички), но тоа не ни е важно, за нас е битна напомената дека
во Епир и Македонија се говори словенски. На долната слика во писмото убаво стои
‘‘вулгарен‘‘ говор на Македонците и Епирците, пота ги реди останатите, србите, блгарите ...
А еве како е опишан Турскиот султан
ОСМАН Втори, покрај многуте титули тој ја носел и титулата
"Conqueror of the Macedonians, the Seed of Great Alexander"
:salut: