- Член од
- 22 февруари 2008
- Мислења
- 376
- Поени од реакции
- 15
Немам напишано дека такво нешто стои во Библијата.
Се работи за дел од толкувањето од еден современ српски авторитетен богослов, Лазар Милин, кој, опишувајќи го животот од раните рисјани, ги посочува случаите од нивно ставање во состојба да бидат силувани од своите противници-римската власт (војска), оти Го исповедаат Христа за свој Бог и не им се поклонуваат на римските камени богови-идоли. Во таа состојба, дел од нив (од заробените) имаат извршувано самоубиство. т.е. убиство, кое подлежи на 6-тата Божја заповед, но кое Бог нема да им го земе за зло, пошто таквите поединци се самоубивани не од очај, туку Христа ради. Бог, таквите нема да ги подложи на 6-тата заповед, туку токму спротивното-таквите можат да бидат маченици.
Значи сега му се враќаме на прашањето: КОЈ ГО ИМА АВТОРИТЕТОТ? Библијата или НЕКОЈ што рекол или напишал?! Библијата е Божји авторитет, а сите други што рекле или напишале ГО НЕМААТ ТОЈ АВТОРИТЕТ.
Без разлика кој што рекол или напишал (КОЛКУ И СВЕТ ЧОВЕК/ЖЕНА ДА БИЛ), неговото/нејзиното не може да му ПАРИРА на Божјото, т.е. на ПИСМОТО.
Моето/твоето кажување МОЖЕ а и не МОРА да е во право. Луѓе сме, па грешиме. Но ПИСМОТО не греши. Секоја поставка или верување, треба од ПИСМОТО да произлегува.
Вака, 'се самоубиле Христа ради'-извини, ама тоа е ЧИСТА будалаштина. Значи едните на тој ист Христос и во маки му биле верни, а додека другите (кутрите) не можеле да издражат и ради Христа се утепале.
'Кој издржи до крај, ќе биде спасен'-Евангелие по Матеј 10:22 (КОЈ САКА МОЖЕ ДА СИ ПРОЧИТА ЗА СВОЈА ДУША Матеј 10:16-25)
Од историјата на раната Црква (а и денес низ исламските/хинду ...земји) имало (и ќе има) МНОГУ маченици кои ХРИСТА РАДИ биле убивани, но не од своја рака, туку од рацете на Христовите непријатели.
Нашиот Христос ја плати цената за нас. Ние кои веруваме во Него исто така треба да бидеме спремни да ја платиме цената РАДИ ХРИСТА-која и да е таа!