Докажете дека Господ (не) постои

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
На крај краева ако Господ постои зошто не слегне не се појави да го видиме сите да почнеме сите да веруваме и да завршиме со сите залудни муабети дали постои или не...
Хммм... еве уште еден кој сака да Го види Бога.
Па Бог одеше по Земјата пред 2 000 г. и токму оние кои Го чкаа како свој Месија, НЕ ВЕРУВАА дека Го гледаат токму Месијата. Не само што не МУ поверуваа, туку го закачија на крст и Го убија. Па сега, што запињаш со тоа „дај да Го видиме, па можеби и ќе поверуваме: Во што со ти подобар или полош од јудеите кои можеа да Го гледаат и да Го слушаат а пак да не Му веруваат?
Не се секирај, ќе имаш прилика да го видиш: А што тогаш ќе Му речеш? „Не бе, не си ти Тој кој Го барам..треба да Си поинаков„?
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
Одговорот на тоа е дека не сме настанале од Адам и Ева, и тоа е доказ за уште една безсмислена приказна во библијата напишана од некој човек кој реално уште ја нема запознаено Дарвиновата теорија која е поддржана научно со следење на СКЕЛЕТИТЕ пронајдени во разните слоеви на почвата врз која нашите стапки одат повеке милениуми уште пред да дојде исус или господ или црква или било што во тој стил.

Со вернициве можеме цел ден да се нагаѓјаме и на крај нивното его нема да ја прифати реалноста на се она што ги опкружува, туку напротив повторно ќе си пропаднат во својот Ум како дело на Христијанскиот или било кој друг ИДЕНТИТЕТ наметнат во историјата!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кога егоизмот би бил христијанска особина, тогаш таквите егоисти, егоцентрици, надувани и возгордеани поедницни, никогаш не би го прифатиле Божјото посотење, туку би сметале дека тие се центарот на Вселената и дека све се врти околу нив...
 
Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68
Хммм... еве уште еден кој сака да Го види Бога.
Па Бог одеше по Земјата пред 2 000 г. и токму оние кои Го чкаа како свој Месија, НЕ ВЕРУВААТ дека Го гледаат токму Месијата. Не само што не МУ поверуваа, туку го закачија на крст и Го убија. Па сега, што запињаш со тоа „дај да Го видиме, па можеби и ќе поверуваме: Во што со ти подобар или полош од јудеите кои можеа да Го гледаат и да Го слушаат а пак да не Му веруваат?
Не се секирај, ќе имаш прилика да го видиш: А што тогаш ќе Му речеш? „Не бе, не си ти Тој кој Го барам..треба да Си поинаков„?
Па нели Бога е СЕМОЌЕН...нека направи нешто нека не убеди сите..
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А што, според тебе, би требало Он да направи? Евангелието ни сведочи за еден сличен настан кога јудеите од Христа бараат да им направи чудо, па тие тогаш, гледајќи го чудото , би поверувале во Него. А Христос им вели:„... род прељубодејствен бара чуда...„. И нормално, не им направил чудо...
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
10 ... божји ... заповеди (?!?!)

1 Тогаш Бог ги изговори сите овие зборови:

2 „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството. ( Во сам старт он те извадил од Египетската Земја и се нарекува МОЈ БОГ ???? )

3 Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене. (спази го типов како ми наметнува ново РОБОВЛАДЕТЕЛСТВО И ИДЕНТИТЕТ КОЈ МЕНЕ ЌЕ МЕ КОНТРОЛИРА)

4 Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. ( Во стилот: НЕМА ПОТРЕБА ДА ЗНАЕШ КАКО ИЗГЛЕДАМ, ЈАС СИ НЕМАМ ЛИК И ТИ ВЕРУВАЈ ВО МЕНЕ И СЕ КЕ БИДЕ ВО РЕД... ХАКУНА МАТАТА)

5 Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение, ( НЕ ЗАСЛУЖУВА КОМЕНТАР )

6 а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди. ( ИЛИ МИЛОМ ИЛИ СИЛОМ - СВЕТ РЕКЕТ )

7 Не ќе го изговараш напразно името на Господа, твојот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото име. ( Превод: НЕ ЈАДИ ГОВНА ЗА МЕНЕ ПОШТО КЕ ТИ ЕБАМ СВЕ ЖИВО И ДИВО ... ПЛАШИ СЕ ОД МЕНЕ !!! )

8 Помни го саботниот ден, за да го осветуваш. ( а саботната вечер...всушност што ако луѓето решиле да го сметаат времето и деновите според друга филозофија, зарем тогаш ќе постоеше сабота, или час или секунда или датум??? )

9 Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи.

10 А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти. ( ЕЕЕЕ ВО НЕДЕЛА ЛЕПИ КЕ СИ СЕДИШ ДОМА И КЕ ИМАШ ОДМОР КОЈ ЈАС ТИ ГО ДАВАМ И ЗАРАДИ ТОА ЦЕЛ ДЕН КЕ МИСЛИШ НА МЕНЕ И СЕ КЕ БИДЕ ВО РЕД )

11 Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и си што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден. ( ДА ДА ГИ НАПРАВИ...ПАЗИ ДА НЕ... МНОГУ ДОБРО СЕ ЗНАЕ КАКО СЕ ПРАВИ ЕДНА ЅВЕЗДА, ЕДНА ПЛАНЕТА, ЕДНА ГАЛАКСИЈА И СЛ)

12 Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, за да ти се продолжат дните на земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог. ( ИЗВИНИ АМА СО НОРМАЛНА ЧОВЕЧКА СВЕСТ ТОА Е ЈАСНО КАКО ДЕН, НЕ ТРЕБА ТИ ДА МИ ГО КАЖУВАШ )

13 Не ќе убиваш! ( СВЕСТ )

14 Не ќе прељубодејствуваш! ( СВЕСТ БЕЗ НИСКИ ВРЕДНОСТИ )

15 Не ќе крадеш! ( УМ БЕЗ МАТЕРИЈАЛНА ЗАВИСНОСТ ИЛИ ПОТОЧНО КАЖАНО - СВЕСТ )

16 Не ќе сведочиш лажно против твојот ближен! ( ЕГО КОЕ Е ВО ПРОТИВНОСТ СО ДРУГАРОТ НЕГОВ КОЈ ИСТО ТАКА ПОСЕДУВА ЕГО И СЕ ВО ПОСТОЈАНА БОРБА ... ИЛИ ПТОЧНО КАЖАНО ОТСУСТВО НА СВЕСТ )

17 Не ќе го посакуваш домот на твојот ближен! Не ќе ги посакуваш: жената на твојот ближен, ни неговиот слуга, ниту неговата слугинка, ни неговиот вол, ниту неговото осле, ни што и да е што му припаѓа на твојот ближен!” ( ПОВТОРНО ... ИСТАТА РАБОТА .. ИСТИ КОМЕНТАРИ ... ВЕЌЕ Е ПРОЅИРНО ... а јас можам да додадам уште 1000 заповеди коишто ќе бидат многу подобри од овие !!! )
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Што сакше да каже писателот?...
Твоите заповеди ќе бидат сепак, само твои и никого на ништо нема да го обврзуваат.
 
Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Се почесто размилувам на тоа дека, Исус, не Бог, бил на точното место и во точно време. Знаеме дека тогаш сите чекале на Месијата да ги спаси, е сега можно е Исус да е бил навистина човек со дарба, знаеме дека и денес постојат такви луѓе... А ако гледаме во Библијата, која е пишувана 300 години по смртта на Исус, и тоа од голем број на книги, еванѓелија, а само 4 се одбрани, каде што најмногу се опишува неговиот божји живот. А каде е другото? Мислам дека беше во Кодот на Да Винчи, прочитав дека, во тоа време евреите имале одредена возраст до која машките морале да се оженат, а Исус ја поминал таа, но во Библијата не се спомнува ништо за негова жена... А се претпоставува и дека живеел отприлика 50 години, не 30тина. Ако постои Бог, тогаш зошто толку многу лоши работи им се случуваат на добри и невини луѓе? Некако тоа ме чуди...
Верувам во некоја сила, не како нешто што управува со се и сешто, туку како нешто што е над сите нас...
 
Христос е роден на преодот он стара во нова ера. Неговото прво доаѓање е во периодот од еден од големите падови на човечката цивилиаицја во тоа време, нешто слично како што Хитлер, самонаречениот Месија, доаѓа на власт во Германија во времето од големата екомнска криза од 30-те години.
Христос е Синот Божји Единороден, значи, сам Бог, а не некаков обичен смртник кој на луѓето им додал уште едно од многуте учења. Христос на овој свет, живеел 33,5 години. До 30-та година, живеел повлечен живот, бидејќи според тогашното римско право, кој нема 30 години живот, неможе да се нарече римски граѓанин. Кога Христос наполнил 30 години, Св. Јован Крстител го крштева во реката Јордан и од тогаш Христос, правно полнолетен, почнува да проповеда, во наредните 3 години од својот овоземен живот.
ПРвото Христово доаѓање не е со цел Христос да се жени, туку да ги повика луѓето на покајание и да им ја донесе добрата вест за Царството Небесно.
„Кодот на Давинчи„ не е релевантен материјал за христијаните па не е ни извор на знаење.
А тоа дека на „добрите„ им се случувале лиши работи, тоа е човечки начин нза размислување а не Божествен. Оние кои Бог ги сака, нив и ги казнува, за да бидат уште подобри (звучи неубедливо?).
Кој вели дека привидно добрите луѓе се навистина толку добри?
 
А од каде ти се сите тие информации на тебе? Од Библијата?
Мојот збор беше дека СПОРЕД МЕНЕ нема веродостојни информации во Библијата. Сите нешта се хиперболизирани. Кажи ми зошто баш тие еванѓелија се одбрани, а не другите каде се опишува неговиот обичен живот.
А тоа дека привидно добрите луѓе дали се навистина добри, можам да кажам дека е точно. Незнаеш кој каков е... Него дај кажи ми ти например, две земји се во војна, со иста религија, во исти бог веруват, на исти начин се молат, како го одлучува Бог исходот на војната? Милионски број на жртви во Втората Светска војна, сакаш да кажеш сите нив Бог не ги сака?
 
-Да, од Библијата. Да бидам саркастичен-сигурно не се од дневен весник за 5 денари.
Но добро, да бидам посериозен.
-Нема „одбрани„ и „неодбрани„ евангелија, Има вистинити, кои имаат свој автор, на пример, Апостолите Марко, Матеј, Лука и Јован, а оние „евангелија„ кои не се дел од Новиот Завет, се нарекуваат „апокрифни„ и се водат како невиситнти, т.е. текстови кои Црквата не ги прифаќа за веродостојни. Апостолот Јован, како најмлад Исусов Апостол, меѓу другото,имал улога да го собере, состави и провери евангелијата па така, нема место за сомневање, нема потреба од „најновите„ евангелија.Така, лагите или полувистините се потиснати од Новиот Завет. Светото Писмо е дефинирано во раниот втор век о.н.е. и нема потреба од дискутирање за она кое е веќе утврдено како вистинито. Но, не е страшно, секогаш некој нешто ќе сака да праша и да донаучи.
-Точно, јас НЕЗНАМ кој е каков, па затоа и не тврдам дека привидно добриот е навистина добар.
-А тоа со војните кои ги водат народи кои исповедаат ист Бог и вера, одоговорот е многу едонставен: кога тие народи навистина би биле верници христијански, тогаш не би воделе ОСВОЈУВАЧКИ туку само ОДБРАНБЕНИ војни, кои се оправдани од православната Црква. Таму каде некој колектив/народ војува за да освојува, таму не е Бог-сигурно! Погледни ги медицинските студии и извештаи за американските војници во војната во Заливот или тековно во Ирак и све ќе ти стане јасно!

П.С: Бог не ги убива оние кои ги сака а не ги убива ни оние кои во Него не веруваат. Убиваат само слугите на лукавиот.
 
диме

When Am I ?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
806
Поени од реакции
21
MIKI1 гледам дека многу верваш. Како би си го објаснил и би ни го објаснил нас мојот пост ?

Само нешто од документарецот: Zeitgeist

-------------------------------------------
Египед - 3000 п.н.е

Египјаните вервале во богот на сонцето Horus (во превод: Сонце, Светлина). Еве некои податоци за него:

- роден на 25 декември,
- роден од девицата Исис Марија,
- имал 12 ученици,
- бил издаден од Tifon,
- бил распнат на крст,
- по 3 дена воскреснал

-------------------------------------------
Грција - 1200 п.н.е

Attis:

- роден на 25 декември,
- роден од девица
- распнат на крст,
- по 3 дена воскреснал

-------------------------------------------
Индија - 900 п.н.е

Krishna:

- роден од девица
- распнат на крст,
- по 3 дена воскреснал

и уште неколку богови со истите „податоци“. Само запазете ги годините дека се од ПРЕД НАШАТА ЕРА.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Прво, јас сум слаб верник.
Второ, твојот пост ќе го обајснам на совршено едноставен начин: „..многумина ќе зборуваат во Мое име...„ вели Христос Бог.
Да појаснам.
Лажни учители имало секогаш а како се приближува крајот од времето, ќе ги има уште повеќе.
Лажни имало и пред Христа, под демонско влијание, оти е повеќе од јасно дека лукавиот го знае Стариот Завет и неговите пророштва за доаѓањето од Месијата.
За да не испадне дека пред Христа се е лажнои демноско, ќе го додадам и следново: познат е поимот „колективно сеќавање„. Тоа е сеќавање кое е заедничко за сите народи и „географии„. На пример, Потопот е дел од Стариот Завет, но за Потопот знаат и хиндусите (според епот за јунакот Гилгамеш) и абориџинитие. И пред Христа, луѓето се обидувале да ги објаснат нештата во Вселената а за таа цел редовно ја користат нивната митологија и нивните космогониски принципи, кои имаат и по нешто слично со христијанската вера. Затоа да не те/Ве чуди ако помеѓу претхристијанските учења (религии. митологии, митови, легенди...) и христијанската вистина, има и понекоја сличност. На пример, античките грчки философи имаат чисто рационални учења, кои се речиси идентични со христијанските. Тоа незначи дека, на пример, Аристотел бил христијанин, туку дека ликот Божји и етичноста се иманентни особини од луѓето.т.е дека остетот/расудувањето за тоа што е добро а што зло, е неизбришлив од човековата психа.
Се надевам дека не бев нејасен.
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Баш размислував денес за ова. Која боја на кожата ја имале Адам и Ева? Да речеме дека се белци. Тие се првите луѓе на светот. Тогаш како може да има луѓе со темен тен на кожата? Како одеднаш да има луѓе кои се црни, кафеави и така натаму?
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
MIKI1 гледам дека многу верваш. Како би си го објаснил и би ни го објаснил нас мојот пост ?
Јас ќе ти го објаснам. Пола од работите што си ги навел се погрешни.
Има делумна вистина во тоа што го зборуваш, но другпат откако ќе гледаш филм, провери дали и колку од тие работи се точни.

Инаку во ништо не се разликуваш од Библиофилите. Они веруваат во книга, ти веруваш во филм.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom