Докажете дека Господ (не) постои

F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
за верата во Бога не требаат докази, само се чувствува во срцето, таа е најчистото чувство, она без кое срцето не може.
Да не му дозволиме на разумот да го промени она во што срцето верува, на разумот можеби му требаат докази, но како повеќе пати може да греши:sun:.
неможеш да споредиш вера во бога со нешто како љубов или омраза што се чувствува во срцето.А за да веруваш во нешто треба да знаеш дека тоа нешто го има а не да мислиш дека го има, ако веруваш на слепо тогаш според мене тоа е проблем бидејќи и на други работи би верувала слепо без докази.
Јас сепак си се препуштам на разумот.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Евангелие според Марко

Папирус 45, Синаитски манускрипт и Ватикански манускрипт завршуваат на 16:8. Уште 200 други помалку значајни манускрипти исто така завршуваат на 16:8. Стиховите 16:9-16:20 се додадени покасно и се наоѓаат само во понови копии од горенаведените. Во некои верзии од денешната Библија ова дури и е потенцирано во фуснота.
Стиховите 16:9-16:20 се додадени покасно - не е точно. Повеќето од постарите ракописи ги содржат стиховите 9-20.

Во времето додека христијаните биле прогонувани, различните записи и преписи од различни луѓе ги имало во различни верзии. Сосема веројатно е објаснението дека Ватиканскиот манускрипт е препис од некоја поранешна верзија од која била изгубена последната страница од евангелието според Марко. Она што денес стои во библијата, е тоа што било селектирано, а не измислено на соборот во Никеја.
 
K

kat.<3

Гостин
неможеш да споредиш вера во бога со нешто како љубов или омраза што се чувствува во срцето.А за да веруваш во нешто треба да знаеш дека тоа нешто го има а не да мислиш дека го има, ако веруваш на слепо тогаш според мене тоа е проблем бидејќи и на други работи би верувала слепо без докази.
Јас сепак си се препуштам на разумот.
Никогаш не сум верувала "на слепо", како што кажа ти, ниту некогаш ја споредувам љубовта со вера во Бога, љубовта произлегува од верата во Бога, а верата е во срцето, не е во разумот. Чувствувам во срцето дека тоа нешто, што јас го нарекувам вера во Бога го има во мене, никогаш не мислам, зашто ако се запрашаш во разумот зошто верувам, во истиот тој миг исчезнала верата веќе. Доволен доказ ми се лубовта и милоста на луѓето за кои дишам, не ми треба поголем доказ од тој.

Секое ти добро:sun:.
 
све све сватив од постов и океј твое мислење си е нека ти биде, ама ова блиндираново ми е едноставно несватливо.Љубовта кон некоја личност произлегува од верата во Бога? објасни ми темолам
 
trickster

Remember the name …
Член од
19 август 2007
Мислења
452
Поени од реакции
14
све све сватив од постов и океј твое мислење си е нека ти биде, ама ова блиндираново ми е едноставно несватливо.Љубовта кон некоја личност произлегува од верата во Бога? објасни ми темолам
:pos::pos::pos::pos:болдирано не блиндирано :helou::pos::pos::pos::pos:
Сори за офтопик:smir:
 
Член од
25 март 2008
Мислења
105
Поени од реакции
3
ај тие што мислат дека постои нека докажат дека постои :)
а иначе нема што да се докажува, го нема никаде, не постои.
 
K

kat.<3

Гостин
све све сватив од постов и океј твое мислење си е нека ти биде, ама ова блиндираново ми е едноставно несватливо.Љубовта кон некоја личност произлегува од верата во Бога? објасни ми темолам
Љубовта кон оној човек за кој дишеш, љубовта кон Бога,љубовта за водните лилјани во пролет, љубовта за животот, љубовта за луѓето за кои никогаш не можеш да се грижиш помалку, милоста во срцето за во овој ден да кажеш зборови кои на некој му значат, зборови кажани со искреност, од срцето.Како кога се сеќаваш на миговите во кои си направила нешто, толку малечко, и толку нежно во исто време за некој за кој живееш.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Стиховите 16:9-16:20 се додадени покасно - не е точно. Повеќето од постарите ракописи ги содржат стиховите 9-20.
Во најстарите манускрипти го нема. Кога викам понови, не мислам на денешните, туку понови во однос на најстарите.
За стиховите после 16:8 постоеле повеќе значително различни верзии од кои 3 се/биле тема на муабет.

Во времето додека христијаните биле прогонувани, различните записи и преписи од различни луѓе ги имало во различни верзии. Сосема веројатно е објаснението дека Ватиканскиот манускрипт е препис од некоја поранешна верзија од која била изгубена последната страница од евангелието според Марко. Она што денес стои во библијата, е тоа што било селектирано на соборот во Никеја.
За тоа и цело време зборувам, постојат различни верзии од кои е направена селекција.
И да речеме дека му верувам и на Исус, а им верувам и на Матеј, Марко, Лука и сите вдаховненици. Но нема да верувам на тој што ги препишувал, преведувал, а најмалку на тој што селектирал што ќе биде Божја вистина, а што не.
 
Да, библијата била изменувана низ годините,но ако не веруваме во тие зборови што денес стојат запишани по нејзините страници, како ќе знаеме што е Божја вистина, а што не?
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Во најстарите манускрипти го нема.
Не е точно, но би ја оставил дискусијата околу тоа прашање на страна. Она за што мислам дека е битниот дел на дискусијата е:
За тоа и цело време зборувам, постојат различни верзии од кои е направена селекција.
И да речеме дека му верувам и на Исус, а им верувам и на Матеј, Марко, Лука и сите вдаховненици. Но нема да верувам на тој што ги препишувал, преведувал, а најмалку на тој што селектирал што ќе биде Божја вистина, а што не.
Од една страна, кога не би имало никој да ги препишува и преведува старите записи, тие денес би биле изгубени, непознати. Гутенберг ја пронашол машината за печатење во 1439; пред тоа, постоело само препишување. Мислам дека е престрого да им се суди за непрецизностите и пропустите на посветените и упорните кои се занимавале со пишување и превод во времето кога не постоеле онлајн енциклопедии, автоматски преведувачи и речници, кога писмените луѓе во државата се броеле на прсти, и кога нивните единствени алатки биле гускиното перо, мастилото и папирусот или пергаментот. Колку и да е несовршено, тоа што ни го оставиле - тоа е нашата денешна историја, подобро од тоа немаме и не можеме да имаме.

Од друга страна, прав си за примедбите околу селектираната Божја вистина. По мое мислење, на пример, евангелието по Тома е прекрасно четиво, макар да е етикетирано како еретичко, воопшто не ми изгледа како да има помала вредност или помалку вдахновеност одошто четирите официјални евангелија.
 
Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
Ако господ постои тогаш каде е? Се велело дека е на небото...но со научните откритија се докажало дека го нема на небото,што значи дека непостои!
 
Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Ако господ постои тогаш каде е? Се велело дека е на небото...но со научните откритија се докажало дека го нема на небото,што значи дека непостои!
Ajde be, kako dokazale, zirkale so dvogled ili pak so ovie po modernive teleskopi?
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.606
Поени од реакции
13.304
Бог не не’ создал за да го докажуваме неговото постоење. Не требаат докази за да се почувствува Бог. „Докази“ можат да се изнесуваат само залудно против неговото постоење.
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Бог не не’ создал за да го докажуваме неговото постоење. Не требаат докази за да се почувствува Бог. „Докази“ можат да се изнесуваат само залудно против неговото постоење.
Според тебе религијата треба да се земе здраво за готово ?
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.606
Поени од реакции
13.304
Никаде не го реков тоа. Реков само дека никој, па ни најновите научни откритија, како што рече еден член погоре, не можат го докажат постоењетo/непостоењето на Бог.
Мравката која што е во Прилеп, не може да знае како е во Битола.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom