Верните не веруваат во фикции, туку во конкретни битија.
Секое мислење кое се коси со верското, незначи по автматизам дека е од лукавиот.
„...ние не веруваме во она кое го гледаме, туку во она во кое се надеваме.. вели Апостолот Павле. Така, за да верувам во Бога, неморам и да Го видам, оти „...блажени се тие кои не виделе а поверувале...„ му вели Господ на Апостотлот. т.н. неверен Тома.
„Книгата„ е напишана од пророци, значи, од смртни луѓе, вдахновени од Светиот Дух, а не од сами себе.
П.С. Колкумина досега виделе: електрон, кварк, протон, неутрон, неутрино, цела галаксија, енергија..па веруваат дека постојат?
Па ако размислуваш така , кој видел воздух ? А го дишиме и веруваме дека постои ? Или ова е лош пример ?
Бог - конкретна личност , не е фикција ... Ај вака , дај ми според тебе дефиниција за што го прави нештото конкретно ...
Mnogu ednostavno i prosto, ne ni go zamilsuvam kako izgleda. Priznavam, veruvam i ubeden sum deka " toj " e nad se i ima sozdadeno se, so beskrajna sila i mok, a za izgledot " negov " voopsto ne ni se zamaram. Zosto bi se zamaral?!
Па да , можеш да кажеш и така .. Го земам ко здраво за готово ..Твој избор , не ти се мешам тука .. али има периоди кога детето се запраша самото себе си како изгледа неговиот татко и каде е ...
Нема „слика„ за Бога.
Не го замислувам, оти би западнал во фантазирање и би отфантазирал ПОГРЕШНА слика за Него.
Да, Бог е личност. „Личност„ значи „релација со другите„. Личност не е индивудуалност/изолираност од другите.. Така , Бог Отец е во ЛИЧНОСНА релација со Богот Син и со Богот Свет Дух и тие, иако се тројца, делуваат 100% складно како еден, како една личност, како еден Бог.
Богот Отец никој не го видел па така немаме Негова „слика„,
Христос Богочовекот веќе е „насликан„ па знаеме како изгледал.
Светиот Дух е „променлив„ дух па еднаш е виден како оган, еднаш како облак, еднаш како ветер, еднаш како гулаб...
И ова не ти личи на некоја прикаска ? Мене ми личи ...
trickster, во Библијата е пишано, цитирам: БЛАЖЕНИ СЕ ТИЕ ШТО ЌЕ ПОВЕРУВААТ ВО МЕНЕ, БЕЗ ДА МЕ ВИДАТ, ЗАШТО ЗА ДА ПОВЕРУВААТ ВО МЕНЕ НЕ Е ПОТРЕБНО ДА МЕ ВИДАТ, СО ТОА ШТО ГО ЧУВСТВУВААТ ВО СРЦЕТО, ЗНААТ ДЕКА ТОА СУМ ЈАС!!!
Ова не го докажува неговото постоење .. Исус кажал многу работи , али како филозоф , неговото учење е добро за човекот , али учи на морален живот , за да видеш како изгледа нешто нели треба да го погледнеш од повеќе страни ?
Од досега напишаното и од овие 2-3 месеци на форумот , доаѓаме до кој заклучок ?
НЕ Е ДОКАЖАНО ПРИСУСТВОТО И ПОСТОЕЊЕТО НА БОГ
Многу прашања и остануваат да бидат одговорени , а за нив нема одговор .. Од повеќето кои се изјасниа како верници , верата им се состои од спасување на својот сопствен газ : Ако не си верник , ќе гориш во пеколот . Па после стравот немал удел во религијата и таа била сопствен избор без наметнување ...
Други верници веруваат заради чуството на љубов , што е и добра работа , ако веќе пропагираат нека пропагираат љубов ...
Трети , религијата си ја зеле зраво за готово , и не ги копкаат ниедни прашања , да не решам слепо веруваат во тоа што веруваат ...
Од друга страна , атеистите реплицираат поради разни причини , можете да ги прочитате од постовите . И тие стојат зад свои верувања . Едни веруваат дека еволуцијата не создала , други дека Е.Т не создал , трети не го гледат Бог како што е , туку веруваат во некоја виша сила , а го негираат постоењето на Бог ..итн,итн..
е сега да ги видиме фактите за еволуцијата и религијата :
Како прво ,еволуцијата има докази . Тое ви се еден милион скелети од разни периоди , стари милиони , милиони години . Значи светот не постои само приближно 6 000 години , според Христијанството , туку е постар , многу постар ..
Како второ , еволуцијата се уште не може да докаже како настанал човекот , не може со точност да тврди да настанокот на човекот од мајмун . Инаку не сме настанати од класичните мајмуни , туку од полумајмуни , сега одамна истребена раса , за оние што поставуваа прашања : Зашо денешните мајмуни не еволвираат ...
Значи , еволуцијата со сигурност не може да трвди дека сме дело на природата и случајноста ..што ја прави само теорија ...
Религијата од друга страна , има напишано како настанува човекот и која е неговата цел на Земјата ( малку е смешна нели ? ) , сето тоа го има во Света книга пишувана ( и допишувана ) со векови , и секако го има Исус како основач на таа религија .
Ова се е убаво , али ... Библијата и фали нешто за да биде признаена како вистински доказ за настанокот на човекот и со тоа на неговиот креатор .. Тоа нешто се вика : ФАКТ или ДОКАЗ .без ова ништо не правиме , а факт е дека Библијата нема докази за своите тврдења.
Така да и Библијата, како и еволуцијата ,е само теорија за нашиот настанок ..
И што заклучуваме до тука ?
Дека сеуште немаме одговор за нашиот настанок и целта за нашето постоење , нели ? Со тоа не можеме со сигурност да тврдиме дека едната теорија е точна , а другата не е . За да биде точна треба да е докаже . И не е арно своите верувања да ги тврдиме со сигурност дека се ВИСТИНСКИ и ТОЧНИ , а нечии други да омаложуваме и да велеме дека се невистини или се дело на Ѓаволот( Лукавиот ) .
Има време додека се докаже нешто , за тоа прво треба одговори на многу, многу прашања ...
Ако грешам во нешто погоре наведоно , слободно исправете ме , или одговорете убаво ( посебно ти симеонче :helou: ) .
И сега ќе кажете во што да верувам , кој ќе ми се најде кога ми е најтешко , кој ќе ми помегне кога немам избор ... Мојот одговор и став е : Верувај со самиот себе и тогаш ништо не е невозможно . Никогаш не губи самодоверба , само така можеш да постигнеш се .Тоа е мојот став и мојата вера , ако може да се нарече така .Па на крај краева , нели сме ние и најсупериорнатараса на планетава ?