Можда негде сте читнале а можда и не
сакам да ви упатам неколку податоци кои мене ме замислија.Нибиру или Планетата-Х како што ја забележиле во НАСА поминувала во нашиот планетарен систем.Зборот Нибиру датира уште во времето на Сумерците на нивните пишувања кои датираат уште пред 5.000 илјади години.Зборот Нибиру значи планета на поминување,бај д веј Сумрерците живееле негде во јужниот дел на денешен Ирак.
Неколку автори веруваат дека набљудувањата на античките астрономи овозможиле доказ за постоењето дека Нибиру е планета или кафеаво џуџе во нашиот соларен систем.Но нивните верувања се отфрлени од научната комуна.Според космологијата на Сумерците Нибиру представувала 12тата членка на нашиот соларен систем од планети(10те планети,Сонцето и Месечината).Нејзиниот катастрофален судир со Тиамат,планета која постоела помеѓу Марс и Јупитер,би ја формирал нашата планета,ланецот од астероиди и Месечината.
Се предпоставува дека судирот настанал при судир на еден од сателити на Нибиру со Тиамат,оставајќи пола планета.До неодамна се верувало дека е невозможно толку големи тели да се судрат поради нивните магнетни сили,но на овој концепт му е даден нов живот со представувањето на Орфеус теоријата ( Orpheus Theory ) каде што има симулација од судир помеѓу помеѓу две тела како што се нашата Земја и објект половина помал од нашата Земја.
Нибиру представувала дом на напредна вонземна раса или Анунаки од Сумерски мит кој тврди дека тие се симнале на Земјата од небото и дека дошле во потрага по злато за некој нивни потреби кој им требале за во нивната атмосфера.Тие кога дошле на земјата генетски ја промениле нашиот вид,оригинално сме работеле како робови во нивните рудници за злато но подоцно ги измешале нивните гени со тие на Homo erectus.
Значењето на Анунаки или "тие што дојдоа од рајот на земјата" на Сумерски дошле по еволуцијата на Земјата која била во тек милјарди години,тие сакале да направат работници кои ке можеле да комуницираат и учат од нив.После неколку неточни прототипови некоја Анунаки божица го создала совершениот прототип/човек Адам.Ова било настанато со користенје 80% од нормалниот спесимен со 20% од суперирорниот спесимент на Анунаките.Но ние не одамна дознавме дека ДНА-та има двојен хеликс.Исто така календарот на Маите завршува на 2012 21 Декември,како што читав по форуми како што на Земјата и треба 365 да направи еден круг на Нибиру и треба 3600 години и дека Американците веќе го следат движењето на планетата од јужниот пол ние би требало да ја видиме оваа планета при крајот на 2010 која би изгледала како второ сонце за нас.Многу ме заинтересира темава што ако ова е вистина како би вие реагирале би ја кажале вистината и би го втурнале целиот свет во хаос и паника или би ќутеле и би се припремале за нешто што доаѓа.Наскоро ке дознаеме дали е вистина сигурно во следниве 2-3 години... ќе ви оставам неколку слики податоци што успеав да ги најдам по форуми.Што сака нека дојде македонци сме не се плашиме!
http://the12thplanetjoint.tribe.net/thread/25fb3f82-b050-48b2-b7f9-9c1cb5c87ee4
http://detailshere.com/niburu.htm ( Oвде имате и неколку слики )