Самиот модем што го даваат од Телекабел има можност да даде интернет на два компјутери по една различна IP адреса. А за 3 IP адреси тогаш треба со swich/router.
За да работи оваа опција ПРВО треба да се поврзани во LAN двата компјутери, па после да му кажеш на едниот да зима интернет од другиот. И ова нема логика некако зашто кога веќе двата РС се приклучени на модемот, зашто (и како) би земал другиов РС интернет од првиов РС. Дома мене вака ми се и не сум начекал никако да ми се поврзани.
За ова не си во право, не мора да имаш компјутери во LAN, за да го штиклираш allow other network users to connect through this computer's internet connection. А не знам баш дали е ова неопходно за да се поврзат преку модемот.
И друго, нигде не пишав дека едниот треба да зема од другиот (да се подеси како gateway), туку се е на automatic, и едниот и другиот компјутер ќе си добијат две различни IP адреси.
Ова е пробано во XP, не знам дали на Vista e поинаку.
Мислам дека сепак треба да се со ист subnet mask, кај мене автоматски доделува 255.255.255.0, па ако пробуваш види дали имаат ист subnet mask.
Кога ќе начекам втор компјутер некој ден, ќе расчепкап што како, зашто ова ми успеа пред едно 5-6 месеци, и не памтам детално како се беше подесено.
На крај и не е толку важно, брзината на конекцијата сигурно е најмалку двојно поспора од 100 Mbps, а и наводно може да се оштети модемот кога се користат двата приклучока истовремено (знам дека многу го занемаруваат ова, вклучително и јас
).