Moже некој да ми објасни нешто повеќе во врска со network bridge помеѓу две мрежни картици на компјутер со windows xp...?
Поточно, ме интересира како функционира ова премостување...дали компјутер А кој е поврзан со кросовер кабел со компјутер Б, а компјутерот Б има направено премостување на мрежните картици, кога комуницира со нешто што е поврзано на втората мрежна картица на компјутерот Б ја користи својата, или адресата ( MAC, IP...незнам точно што..или двете ) од компјутерот Б...?
Ова ми треба да го знам затоа што сакам да приклучам кабелски интернет на два компјутери, користејќи две мрежни картици на едниот компјутер ( јасно ми е дека за да имам интернет на другиот компјутер, првиот треба да биде уклучен )...
Значи, мрежата на кабелскиот оператор на кој што сум приклучен функционира вака:
На секоја бандера има нешто слично на, или свич. За да се приклучиш на интернет, ти доаѓа кабел директно од бандера во компјутер ( значи без никаква употреба на модем или слично )...
И сега, не е можно да се подели интернетот користејќи свич..
Значи, прво, за да добиеш пристап на интернет, отвораш интернет пребарувач, во него ја пишуваш адресата која што сакаш да ја отвориш, и кога не си логиран, те пренасочува на логин страната од кабелскиот оператор каде што се логираш, и одкако ќе се логираш, добиваш пристап на интернет...
Доколку сакаш да го поделиш интернетот со свич, тогаш кога би се обидел да добиеш пристап на интернет, тогаш, серверот од кабелскиот оператор би те сметал за друг компјутер, и би те пренасочил на логин страната. Значи, секој претплатник има свое корисничко име, и лозинка, од која може да се логира најмногу еднаш во исто време...
„Финтата“ ми е дали кога кон серверот на кабелскиот оператор ( за да добијам пристап на интернет )компјутер А би пристапил преку компјутер Б, серверот од кабелскиот оператор би мислел дека компјутерот А е компјутерот Б, т.е. дека компјутерот А и компјутерот Б се еден компјутер, и така би имало интернет на двата компјутери...
Мислам дека користејќи рутер би можел да добијам интернет на двата компјутери истовремено, но, ова решение е помалку економично од тоа со мрежната карта ( затоа што мрежна е околу 300 денари, а рутер околу 1500 денари )....
ХЕЛП???