Ериксон го напушти Манчестер Сити
02.06.2008
Свен Јеран Ериксон
Шведскиот стратег Свен Јеран Ериксон денеска го напушти менаџерското столче во Манчестер Сити, на кое помина нецела година.
На официјалниот сајт на „Граѓаните“, беше соопштено за неговото напуштање, но не и за неговата замена.
Сето ова и не беше неочекувано, бидејќи сопственикот на клубот, Таксин Шинаватра, уште во текот на сезоната го покажа своето незадоволство од работата на Ериксон и најави дека можна е замена.
Меѓутоа револтот кај навивачите на Сити беше голем по објавувањето на одлуката за замена на Ериксон, сепак беа немоќни да го спречат Швеѓанецот во неговата одлука.
Манчестер Сити под водството на Ериксон, кој во својата кариера ги има предводено тимовите на Бенфика, Рома и Лацио, сезоната ја заврши на десеттата позиција.
Поранешниот селектор на репрезентацијата на Велс и менаџерот на Блекбурн Марк Хјуз доаѓа во Манчестер Сити на местото на Свен Горан Ериксон.
Хјуз потпишал договор на три години, а Манчестер Сити на Блекбурн ќе треба да му исплати обесштетување во висина од пет милиони фунти. Заедно со Хјуз, во пакет пристигнува и помошникот Марк Бовен.
Некогашниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Челзи во последните неколку години поминати во Блекбурн одлично ги промовираше своите менаџерски способности, бидејжи клубот секоја сезона беше во врвот на премиер лигата, а два пати избори и пласман во Купот на УЕФА.
Ајдеее оваа година ке газиме !!!!!!! : ))))))