Религијата е толку воопштена и нејасна денес така да можат верниците да играат како сакаат и една иста работа да ја толкуваат различно со она обавезното на крај “така бог сакал“
Ако млад прекрасен човек сакан од многуте и пред кој беше кариера успех и живот трагично загини, тоа е оти така бог сакал и тоа е доказ дека ете имало господ, ако човек добар и честен жив живее 103 години, ете ти уште еден доказ дека бог постои, ако некој успее во животот и живее во среќа и радост - ете уште еден доказ дека бог постои, ако некој живее тешко и несреќно а е добар човек - и тоа е доказ за постоење на господ. И болест и здравје и богатство и сиромаштија ... се ќе ти одговори “ Гледаш, имало господ....“Нема кај да се бега, каква и да е ситуацијата - господ има и за секоја си има објаснување.
Ќе речиш, ете Македонија, земја на христијанство, земја на цркви и манастири, на побожни луѓе, па господ ја ставил 5 века под Турска власт под друга вера да не колат бесат робат, 5 века род се раѓаш роб умираш .... “Господ такла сакал - нема врска дал се молиш или не господ не се знаи како и што ќе направи“. Тоа испаѓа како лотарија, пополнуваш ливче и се надеваш на добивка (а најчесто не си добил ништо)