Поскапеа патарините за лесни возила

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Со одлуката за менување на цените која стапи на сила од вчера, патарините за лесните возила во просек поскапеа за пет денари. Па така на пример, сега за делницата Скопје-Петровец се плаќа 40 денари, а и на Тетово-Гостивар е 40 денари. Цената на патарината Петровец-Велес и Скопје-Тетово е непроменета, а цените за автобусите и тешките возила се непроменети.

Од одлукава според мене најпогодени ќе се обичните граѓани кои и до сега плаќаа прескапи патарини. Нелогичноста за поскапувањето е уште поголема по акцијата "змиско око" (магарешки стап). Нели сега ќе остануваат милиони повеќе кои претходно беа крадени?
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Не го видов ова на реклама на ТВ значи одлуката не постои. :):)
 
Член од
28 август 2007
Мислења
308
Поени од реакции
8
Нај евтини патарини имаме од сите ама и стандардот ни е најотепан.:toe:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Има логика,само што заборавиле да напоменат дека разликата во цени ќе биде искористена за новата рекламна кампања на владата -Платете поскапа патарина за да може владата да ја финансира Окта и слични "политички патки" со криминална конотација.Се разбира дека затоа не поефтинија ни регистрациите на возилата кој се дупло поскапи од Бугарија на пример иако тоа беа лажни ветувања на оваа влада од пред некој месец.Нема да се одстапи ни од скапите регистарски таблички на возилата кој планираат да се сменат со цел некоја приватна министерска компанија да кешира добар и солиден износ од новите парчиња плех.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Нај евтини патарини имаме од сите ама и стандардот ни е најотепан.:toe:
Најефтини?

Најбројни да, на секои факинг 5 километри рампа. Држава со дијаметар од 200 километри и 20 рампи. До Охрид да тргнеш, дневницата ќе ти отиде само на патарини.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Најефтини?

Најбројни да, на секои факинг 5 километри рампа. Држава со дијаметар од 200 километри и 20 рампи. До Охрид да тргнеш, дневницата ќе ти отиде само на патарини.
Добро е што не се сетиле и "мостарини" да воведат,и онака во "Турско" било поефтино како што кажуваат стари.:)
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
А баш се надевав дека за Нова година Дедо Мраз ќе ни донесе пониски цени:)Како и да е,во Шпанија и Италија патарините се уште почести него кај нас и се ептен скапи ама затоа патиштата се рамни како тепсија.Кај нас не гледам фајде од парите што ги даваме.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Тетово-Скопје и Петровец-Велес беше 40 денари. Така да само ги израмниле цените кај сите патарини.
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Јас како што знам патарината Скопје-Петровец беше 35 ден.А откако го отворија патот патарината пред Велес беше 80 денари.А сега стварно незнам.
 
T

The Blob

Гостин
Седи бе. 5 денари поскапе патарината,одма се јавија душебрижници. Најчесто оние кои или не патуваат по автопат, или кога патуваа беа соучесници на оние што ги пикнаа во притвор(земаа празно ливче за пола од патарината). Само лајна да се јадело. Ама ако,ве разбирам. Во вашите животи имате „толку многу“ постигнато,па сте експерти за се,од агрикултура преку политика и историја па до економија, енергетика и информатика. Get a life,досадни сте веќе
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Седи бе. 5 денари поскапе патарината,одма се јавија душебрижници. Најчесто оние кои или не патуваат по автопат, или кога патуваа беа соучесници на оние што ги пикнаа во притвор(земаа празно ливче за пола од патарината). Само лајна да се јадело. Ама ако,ве разбирам. Во вашите животи имате „толку многу“ постигнато,па сте експерти за се,од агрикултура преку политика и историја па до економија, енергетика и информатика. Get a life,досадни сте веќе
Mоре "кожинката на греди" за оние што протестираат против зголемување на цени.Па никому не му текнува дека сето тоа е за наше добро.:)
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Седи бе. 5 денари поскапе патарината,одма се јавија душебрижници. Најчесто оние кои или не патуваат по автопат, или кога патуваа беа соучесници на оние што ги пикнаа во притвор(земаа празно ливче за пола од патарината). Само лајна да се јадело. Ама ако,ве разбирам. Во вашите животи имате „толку многу“ постигнато,па сте експерти за се,од агрикултура преку политика и историја па до економија, енергетика и информатика. Get a life,досадни сте веќе
Јас како што знам дека форумов е за да си ги кажуваме своите мислења.Добро е што и ти го кажуваш.Не е важно колку е поскапена важно е.Цело време патувам и никогаш не сум платила пола секогаш си плаќам колку што треба.Но јас патувам од задоволство а има луѓе што мораат да патуваат и кога ќе се собере колку пари даваат за патарина,многу е.Како што кажа еден член погоре отиде дневницата.А инаку никој за ништо не се прави експерт само ја искажваме ситуацијата и нашиот револт.Ова го кажувам од името на сите кајганџии кои пишуваат на оваа тема и се надевам нема да ми замерат:helou:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Јас како што знам дека форумов е за да си ги кажуваме своите мислења.Добро е што и ти го кажуваш.Не е важно колку е поскапена важно е.Цело време патувам и никогаш не сум платила пола секогаш си плаќам колку што треба.Но јас патувам од задоволство а има луѓе што мораат да патуваат и кога ќе се собере колку пари даваат за патарина,многу е.Како што кажа еден член погоре отиде дневницата.А инаку никој за ништо не се прави експерт само ја искажваме ситуацијата и нашиот револт.Ова го кажувам од името на сите кајганџии кои пишуваат на оваа тема и се надевам нема да ми замерат:helou:
Па изгледа дека секој што протестира против некаква одлука на владата представува "непожелен елемент" и на овој форум.:)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Еј, еве идеја за нова кампања - образувај се и стани експерт, за да знаеш дека поскапувањата (не)се пријателски пo џебот :)

Ги жалам оние кои студираат или работат по други градови и патуваат секојдневно, а ги има прилично многу.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom