Што ви е поважно - љубовта или почитта од партнерот ?

Член од
17 декември 2007
Мислења
178
Поени од реакции
7
Би требало и двете работи да бидат искомбинирани во иста спирала (ако имаш љубов - имаш и почит). Ама кога убаво ќе се размисли, тие две работи се различни. Најидеално е кога ќе ги осетите и двете доблести од саканиот / саканата. Ваше мислење за ова ?
 
Што ќе ми е почит, ако немам љубов?
Што ќе ми е љубов, ако не ме почитува?:)
 
Мислам дека и двете идат нели како што кажа во спирала , ако те сака, ќе те почитува, но СЕПАК мислам дека барем за мене ми е побитно да ме почитува... Што ако ме сака ако нема никаква почит према мене како личност, но може и обратно што ако ме почитува ако не осеќа никаква љубов према мене.. уфф тешка тема, стварно треба убаво размислување. Сепак си останувам на тоа дека повеќе сакам да ме почитува !!
 
Тоа оди како моделот на ДНК:pipi:
 
Важно да ме сака. Ако не ме почитува, ќе ја научам да ме почитува. Не можам да ја научам да ме сака. :)
 
Не може да те сака а да не те почитува нели?
Не може едно без друго.
И двете се битни.:helou:
 
Не може да те сака а да не те почитува нели?
Не може едно без друго.

Верувај дека може, и тоа некој многу да сака а да не знае како да го почитува партнерот. Но не секогаш овие врски завршуваат со пропаст Скул, кога некој сакаш и те сака, може да го научиш или самоит себе да е научиш на почитување. Само треба многу напор и љубов!:pipi:
 
Хм хммм .....

Ја сакам затоа што ја почитувам, ја почитувам затоа што ја сакам.

Не можам да повлечам граница :)
 
Љубовта и почитта се две различни работи.
Од љубовта се раѓа почит. Не може да љубиш некого, ама вистински да го љубиш, а да не го почитуваш.
За разлика од тоа, од почитта не се раѓа љубов. Може да се роди пријателство, сакање, милина, но не и љубов.
 
Екшли, може.:)

Ама нормално, врската нема шанси да успее.

Да, за тоа зборам треба взаемно почитување и љубов истовремено ако сакаат партнерите таа врска да опстане. Убаво кажа и pearl од љубов произлегува почит ама од почит не секогаш произлегува љубов.
Ама ако двајца се сакаат тогаш и се почитуваат, ама само ако се сакаат, ако врската не е стабилна тогаш нема почитување.
 
~*~

Би требало и двете работи да бидат искомбинирани во иста спирала (ако имаш љубов - имаш и почит). Ама кога убаво ќе се размисли, тие две работи се различни. Најидеално е кога ќе ги осетите и двете доблести од саканиот / саканата. Ваше мислење за ова ?

Идеалната комбинација се е разбира е да ги има и двете, но ...
Многу луѓе во мојот живот ги почитувам, но не можам да речам дека ги љубам, додека сите кои што ги љубам ги почитувам.
Едноставно е!
:cut:

Се разбира зборуваме за нормални личности, социопатите се исклучени.
 
Секој може да ме почитува, а да не ме љуби.
Никој не може да ме љуби, а да не ме почитува.

Така да, битни се и почитта љубовта, но ако има љубов- со неа доаѓа и се` останато.
 
Повеќето размислуваме дека од љубовта произлегува и почитта. Да, така е дечки и девојки. Без љубов, а со поќит, врската е како една блуткава торта, ја голташ без вкус без уживање.А пак без почит, а само со љубов, врската е како една 'тужно' блага торта. Првиот залак е прекрасен, но потоа ви се гади од шеќерот.
Хехе, како ви се чини споредбата ? Поздрав до сите кои коментиравте!
 
Љубовта, затоа што ако има љубов, почитта автоматски доаѓа заедно со неа. Можеш секого да почитуваш, а да не сакаш, но не можеш секого да сакаш. Почитта е прво и основно правило во врската, покрај чувствата нормално. Ако некој ме сака, ни на крај памет ни би му било да ме повредува, навредува, покажува непочитување и слично.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom