Факултет за Електротехника и информациски технологии

I

Intex

Гостин
Ако сакаш да станеш само програмер, не ти треба ни ИКИ, ни ИНФО. Батали електро и запиши се на некој курс и за година дена си програмер со тапија.

Четири години учиш за да станеш инженер, а не програмер. Ако ти е тоа целта, ќе губиш само време и нерви толку години.
ИНФО ти е опција да станеш програмер, а да изгубиш една година помалку...

Ако мислиш оти те бива, и ако имаш храброст, запиши се на ИКИ. ИНФО може да ти биде план Б, ама во никој случај не е исто. Ќе ми се налутат сега колегите од ИНФО, ама едноставно за 3 години не можеш да научиш се’ за компјутерот. Не оти за 4 ќе научиш се, ама подруго е... Арно било на времето Електро 9 семестри...

А за работа... не знам, уште не сум стигнал до таму... Ама сите што завршуваат на време на ИКИ, брзо наоѓаат работа. Барем тие со просек над 6,нешто.
Ама на ИКИ имаш и електро предмети, така? Значи не си нит само програмер, нит само електраш? Или грешка контам? Дека поарно да си се устручуш у едно ми е .... :)
Јас лично, ги преферирам 4 годишните студии, 3+2 системите се направени за правење пари. 3 години нормална партиципација + 2000 евра за мастер. Со ИНФО ќе изгубиш и повеќе време (5 години), нема ни работа за тие со три годишни студии, така и на правен факултет ги заебаа. Мора мастер, мора 2000 евра. Ако ти иде математика-физика, без размислување иди на ИКИ, КСИА.
А на четиригодишните тие 2000 евра не одат пак? И зошто никој не ги бара тие со професионални студии? Не ги бива, ил?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ама на ИКИ имаш и електро предмети, така? Значи не си нит само програмер, нит само електраш? Или грешка контам? Дека поарно да си се устручуш у едно ми е .... :)

А на четиригодишните тие 2000 евра не одат пак? И зошто никој не ги бара тие со професионални студии? Не ги бива, ил?
Со новиов закон колку што знам во државна администрација не можеш да се вработиш со тригодишни студии, затоа тие што имаат тригодишен факултет продолжуваат на постдипломски ама прилично скапи се, мислам 1000 евра е година :smir:

Јас кога се запишував си реков, кога веќе одам на електро ќе одам на ИКИ на четиригодишните :)
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156

мала корекција :)
со тригодишен факултет можеш да работиш во државна администрација - ама ќе земаш пари како да си со средно
- ти ќе аплицираш со диплома и се тоа ама кога ќе се вработиш ќе земаш пари како средниста
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Јас пак ќе се избацам со небруцошки муабет - казнена сесија нема да имат 100%, инфо директно од проф. Марија Кацарска. We're sooooo screwed.
 
Член од
25 мај 2008
Мислења
547
Поени од реакции
14
а што е со подготвителниве часови, ќе иде некој?
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Ама на ИКИ имаш и електро предмети, така? Значи не си нит само програмер, нит само електраш? Или грешка контам? Дека поарно да си се устручуш у едно ми е .... :)

А на четиригодишните тие 2000 евра не одат пак? И зошто никој не ги бара тие со професионални студии? Не ги бива, ил?
На ИКИ нема да учиш за електроцентрали и далноводи, ако мислеше на тоа. Називот на насоката е јасен: Информатика и Компјутерско Инженерство. Учиш за информатика и компјутерско инженерство. A под тоа се подразбира и програмирање, меѓу другото. :wink:
А ако сакаш да се насочиш само на програмирање, тоа ти е како да сакаш да се станеш мајстор, ама да се насочиш само на ковање шајки. Мора да знаеш и друго, со чекан само, куќа не се прави...

Јас пак ќе се избацам со небруцошки муабет - казнена сесија нема да имат 100%, инфо директно од проф. Марија Кацарска. We're sooooo screwed.
По ѓаволите!
Било противзаконски да има дополнителна сесија.

А другите факултети изгледа имаат други закони...

П.С.
Кога ја спомна Кацарска, да не полагаше Логички Кола случајно?
 
Х

Ханзо

Гостин
Кацарска, гласник на апокалипсата. :)
Коловрт, јас полагав Логички. Нервозно исчекување, а? :)
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Кацарска, гласник на апокалипсата. :)
Коловрт, јас полагав Логички. Нервозно исчекување, а? :)
Никогаш не сум ја сакал. Среќа што во прва не ми предаваше електротехника.
Памтам кога и да дојдеше на колоквиум/испит одман почнуваше со тоа дека задачите биле боза, требало да ни дадат 90 минути време само, кој не учи сам си е крив и сл.
Логички ми предаваше, и ич не можев да ја поднесам. Не одев воопшто на предавања.
И ако не го положам сега ќе треба да трпам уште еден семестар со неа. :toe:

А за резултатите... планираат ли да ги објават на интернет воопшто?
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Досаден сум со прашања, ама ми грее под нозете дека за година дена идам на факултет, па .... you know.:)

Шо мислење имате за ИНФО? Може да се најде работа со него? Постручен програмер си со него, отколку со четиригодишните струки (дека нели таму има и електро предмети многу)? Вие ги преферирате четири или тригодишните струки? Фала.:)
Ако несакаш да си губиш година од животот со физики и електротехники, иди на ИНФО. Верувам дека твојата а и работата на 95% од тие на ИКИ ќе биде поврзана со СОФТВЕРСКИОТ дел од компјутер. Нема леб од хардвер од македонија освен ако не си трговец... Не дека нема, али се се насочува кон софтверот, таму има најмногу работни места и многу платено е.

Инаку со ИНФО си Дипломиран Инженер по Информатика, а не програмер.:smir:

Ако сакаш да станеш само програмер, не ти треба ни ИКИ, ни ИНФО. Батали електро и запиши се на некој курс и за година дена си програмер со тапија.

Четири години учиш за да станеш инженер, а не програмер. Ако ти е тоа целта, ќе губиш само време и нерви толку години.
ИНФО ти е опција да станеш програмер, а да изгубиш една година помалку...

Ако мислиш оти те бива, и ако имаш храброст, запиши се на ИКИ. ИНФО може да ти биде план Б, ама во никој случај не е исто. Ќе ми се налутат сега колегите од ИНФО, ама едноставно за 3 години не можеш да научиш се’ за компјутерот. Не оти за 4 ќе научиш се, ама подруго е... Арно било на времето Електро 9 семестри...

А за работа... не знам, уште не сум стигнал до таму... Ама сите што завршуваат на време на ИКИ, брзо наоѓаат работа. Барем тие со просек над 6,нешто.
До кога бе со стариве информации? Од каде тоа дека со ИНФО си само програмер? А? Од пред 6 и пол години информација кога ти си се запишувал?
Што к*р ако вие научите Омов закон кога никаде нема да ви треба? Пак ќе работиш и со ИКИ и со ИНФО, ќе работиш софтвер. И те молам немој со такви малограѓански размислувања ИНФО да го споредуваш со КУРС, кога и со инфо стануваш дипломиран инженер, и плус на инфо скоро сите од предметите се од ИКИ со исклучок на тотално непотребните предмети кои за ништо нема да ти користат во животот.

А за просеков не те сфатив. Ако имаш над 6 просек те вработуваат?:) Ваков лапсуз немам видено. 6ка е најслабата оценка, така да и најслабиот студент има 6 просек.... Под 6ка неможе да има. И не се секирај, знам доста студенти со просек 7-8 па си седат дома без работа.
Денес поинаку функционираат работите а верувам знаеш и самиот. Ако не те внесат во некоја фирма со препорака, тешко дека ќе најдеш работа. А кога сме кај просекот, треба да си скоро се со 10ки и да се двоиш од другите, па професорот да те земе кај него во фирма или да те препорача кај некој. 6 и нешто е најдолен просек, така да не им давај лажна надеш на новите студенти....

Јас лично, ги преферирам 4 годишните студии, 3+2 системите се направени за правење пари. 3 години нормална партиципација + 2000 евра за мастер. Со ИНФО ќе изгубиш и повеќе време (5 години), нема ни работа за тие со три годишни студии, така и на правен факултет ги заебаа. Мора мастер, мора 2000 евра. Ако ти иде математика-физика, без размислување иди на ИКИ, КСИА.
Работа се наоѓа, верувај ми. На исто рамниште ќе бидете кога ќе завршите зашто погоре напишав на кој принцип функционираат работите. А тоа дека нема работа важи за Државните служби и не дека нема, туку ќе те третирале како средно, а и самата држава нешто фура Болонски систем и после не ги признава тие со 3 години.
Од друга страна ако си амбициозен човек кој верува дека ќе постигне нешто во животот, сигурен сум дека целта не ти е да се вработиш во државна администрација :smir:

Ама на ИКИ имаш и електро предмети, така? Значи не си нит само програмер, нит само електраш? Или грешка контам? Дека поарно да си се устручуш у едно ми е .... :)

А на четиригодишните тие 2000 евра не одат пак? И зошто никој не ги бара тие со професионални студии? Не ги бива, ил?
Со сите смерови си Дипломиран инженер. Со ики си Дипломиран инженер по електротехника и информатика, а со инфо си Дипломиран инженер по информатика.
 
Х

Ханзо

Гостин
А за резултатите... планираат ли да ги објават на интернет воопшто?
Ги објавуваат, ама после цел месец обично. Туку, хартиено ги ставаат на КТИ таблата до лабораторијата по електротехника или? Може ќе поминам после да проверам да не ставиле таму.
 
I

Intex

Гостин
@ за сите шо се потрудивте да ми помогнете.:)

Кога спомнав за електро предмети мислев за хардвер, а у Македонија да најдеш работа како хардвер инжињер (или како и да е називот) е научна фантастика. Друго: завршиш на ФЕИТ и да работиш во државна администрација е жално. Во приватниот сектор како дипломиран информатичар се наоѓа работа или и они ги избегнуваат, и како се платени?

Знам, замарам.:D
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Јас разбрав дека казнена ќе има за предметите што се услови ... ќе се знае после испитна ... и секоја година е вака, викаат дека ќе нема, од министерство забраниле ама на крај пак има, многу им се значајни тие пари
 
Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
Ако несакаш да си губиш година од животот со физики и електротехники, иди на ИНФО. Верувам дека твојата а и работата на 95% од тие на ИКИ ќе биде поврзана со СОФТВЕРСКИОТ дел од компјутер. Нема леб од хардвер од македонија освен ако не си трговец... Не дека нема, али се се насочува кон софтверот, таму има најмногу работни места и многу платено е.
Оти ќе работиш со софтвер ќе работиш. Сите шо ќе излезат од ФЕИТ има да чачкат некоја програма на компјутер (симулација, програмирање, моделирање ... ). Е сега, прашањето е дали ќе имаш искуство со таа програма или не, така? Како и да е, ептен е голема веројатноста дека ќе минеш низ пракса.

Инаку со ИНФО си Дипломиран Инженер по Информатика, а не програмер.:smir:

До кога бе со стариве информации? Од каде тоа дека со ИНФО си само програмер? А? Од пред 6 и пол години информација кога ти си се запишувал?
Што к*р ако вие научите Омов закон кога никаде нема да ви треба? Пак ќе работиш и со ИКИ и со ИНФО, ќе работиш софтвер. И те молам немој со такви малограѓански размислувања ИНФО да го споредуваш со КУРС, кога и со инфо стануваш дипломиран инженер, и плус на инфо скоро сите од предметите се од ИКИ со исклучок на тотално непотребните предмети кои за ништо нема да ти користат во животот.
Демек на тебе ќе ти треба се што Тото или некој друг ќе ви ги кажува/ви ги кажувал на час? Во тинекс на каса ќе те прашат колку бита има интеџер? Кога ќе почнеш со работа може да ти треба едвај 5% од тоа што си го научил на факултет.

А за просеков не те сфатив. Ако имаш над 6 просек те вработуваат?:) Ваков лапсуз немам видено. 6ка е најслабата оценка, така да и најслабиот студент има 6 просек.... Под 6ка неможе да има. И не се секирај, знам доста студенти со просек 7-8 па си седат дома без работа.
Денес поинаку функционираат работите а верувам знаеш и самиот. Ако не те внесат во некоја фирма со препорака, тешко дека ќе најдеш работа. А кога сме кај просекот, треба да си скоро се со 10ки и да се двоиш од другите, па професорот да те земе кај него во фирма или да те препорача кај некој. 6 и нешто е најдолен просек, така да не им давај лажна надеш на новите студенти....
Нема врска. Знам студенти кои завршија со просек 6-7, па се вработија уште во првата година од дипломирање. Како што вика Блажо од К-15: ќе се растрчаш!!!

Работа се наоѓа, верувај ми. На исто рамниште ќе бидете кога ќе завршите зашто погоре напишав на кој принцип функционираат работите. А тоа дека нема работа важи за Државните служби и не дека нема, туку ќе те третирале како средно, а и самата држава нешто фура Болонски систем и после не ги признава тие со 3 години.
Од друга страна ако си амбициозен човек кој верува дека ќе постигне нешто во животот, сигурен сум дека целта не ти е да се вработиш во државна администрација :smir:

Со сите смерови си Дипломиран инженер. Со ики си Дипломиран инженер по електротехника и информатика, а со инфо си Дипломиран инженер по информатика.
На исто рамниште со вас ќе се и тие од универзитет Гоце Делчев. А ако знаете таму како поминуваат ќе ви дојде да се фрлите од прозорите на ФЛАОП. Ќе дојде со повисок просек, ем се трудел помалку, ем си минал полесно, па згора на тоа и работното место ќе ти го земе. Затоа не туку си ги мерите да не кажам што, поголем ми бил, подебел ми бил и слично. Заврши факултет, постигни нешто со што ќе можеш да се пофалиш, па ако сакате отепајте се од пишување колку било ИНФО или ИКИ подобро. Немој да ме сфатиш лично дека имам нешто против тебе или против твојот смер, ама преку глава ми е од овие препукувања ИКИ vs. ИНФО. Поздрав и се најубаво во оваа учебна година
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
@ за сите шо се потрудивте да ми помогнете.:)

Кога спомнав за електро предмети мислев за хардвер, а у Македонија да најдеш работа како хардвер инжињер (или како и да е називот) е научна фантастика. Друго: завршиш на ФЕИТ и да работиш во државна администрација е жално. Во приватниот сектор како дипломиран информатичар се наоѓа работа или и они ги избегнуваат, и како се платени?

Знам, замарам.:D
Мило ми е што немаш афинитети да работиш во државна администрација со електро. А за приватниот сектор, колку ќе вредиш толку ќе те плаќаат. Никој нема да ти ја мери дипломата. Џабе ако завршиш ИКИ или ИНФО а си неспособен после да сработиш тоа што ќе ти е задача. И нормално дека нема одма после дипломска да те седнат и да очекуваат чуда од тебе:) Ќе си пројдеш обуки и слично и целата поента е кој побрзо ќе му фати кликерот, кој ќе дава побрзи резултати тој ќе напредува побрзо.

Оти ќе работиш со софтвер ќе работиш. Сите шо ќе излезат од ФЕИТ има да чачкат некоја програма на компјутер (симулација, програмирање, моделирање ... ). Е сега, прашањето е дали ќе имаш искуство со таа програма или не, така? Како и да е, ептен е голема веројатноста дека ќе минеш низ пракса.
Така е. Ни од ИКИ ни од ИНФО нема да имаш никакво искуство ако си ограничен само на студирањето. Според мене најголемо искуство е тоа што сега си работам на повеќе места. Добро не е таква работа пон-пет од 8 до 4, али доволна е да добијам појасна претстава како функционираат работите, да добијам знаења и од други области и работно искуство.

Демек на тебе ќе ти треба се што Тото или некој друг ќе ви ги кажува/ви ги кажувал на час? Во тинекс на каса ќе те прашат колку бита има интеџер? Кога ќе почнеш со работа може да ти треба едвај 5% од тоа што си го научил на факултет.
Така е, нема да ни треба тој предмет, али јебига и ние имаме еден непотребен предмет... за разлика од другите што ги имаат по многу:)

Нема врска. Знам студенти кои завршија со просек 6-7, па се вработија уште во првата година од дипломирање. Како што вика Блажо од К-15: ќе се растрчаш!!!
Истото го реков, просекот и нема да ти е толку битен колку познанствата на родителите и пријателите што би те бутнале некаде со препорака дека вредиш, па ти да се докажеш и понатака сам да си тераш.
Членот погоре кажа демек ако имаш над 6 просек (а СЕКОЈ има над 6) те вработувале одма.... Глупости.

На исто рамниште со вас ќе се и тие од универзитет Гоце Делчев. А ако знаете таму како поминуваат ќе ви дојде да се фрлите од прозорите на ФЛАОП. Ќе дојде со повисок просек, ем се трудел помалку, ем си минал полесно, па згора на тоа и работното место ќе ти го земе. Затоа не туку си ги мерите да не кажам што, поголем ми бил, подебел ми бил и слично. Заврши факултет, постигни нешто со што ќе можеш да се пофалиш, па ако сакате отепајте се од пишување колку било ИНФО или ИКИ подобро. Немој да ме сфатиш лично дека имам нешто против тебе или против твојот смер, ама преку глава ми е од овие препукувања ИКИ vs. ИНФО. Поздрав и се најубаво во оваа учебна година
Јас со ова те сфаќам како да ме поддржуваш во напишаното.:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom