Предметот е нешто како вовед во логички кола на почеток (ако учевте средно електротехничко, ќе знаете што ќе се учи - логички порти, карноови мапи, бројачи...). Конкретно од компјутерски архитектури ќе се учи само асемблер (MIPS поточно) - едниственото нешто интересно од предметот. Е сеа предавањата се катастрофа, Тентов предаваше нешто ко за првачиња шо никогаш не би го имало на колоквиум/испит, а асистентот (Симевски) се буни дури и кога препишува од листот на таблата, а тоа го прави 99% од часот.
Тентов е секогаш зезнат кога се работи за оценки, а и критериумот си го менува како шо ќе е расположен, така да ептен си се радувам со 6ката, а и си знам да не бирам изборни предмети кај него повеќе.