Маленко "фраерот"

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Мислам дека најсоодветното место за темава е тука.
Значи за тие што не гледаа вести, дами и господа... тргнете ги децата од пред LCD, TFT, CRT и другите типови на монитори. Шокантна вест, Маленко се жени!!!



Ок де, реакција како што очекував. Знам дека не му е прв пат, нема да му биди ни последен. :pos:
Него прочитајте која е неговата примадона, која е новата муза на охридското момче.




Oh Malenko, you golddigga... :pipi:





Александар Маленко, познат на јавноста по пливањето, но и многуте бракови, повторно ќе застане пред матичар. Овој пат неговата избраничка е далеку побогата од сите негови досегашни сопруги. Се работи за Ирина Абрамович, поранешната сопруга на сопственикот на англискиот клуб Челзи. Маленко во Русија замина за отворање канцеларија на Светскиот македонски конгрес, но најверојатно патувањето добило сосема поинаква цел. Неговиот мобилен телефон е исклучен, така што ниту поранешните соруги не успеале да го добијат. Велат контактирале со него само преку адвокати.
Неговото семејство, мајката Марика и таткото Никола, пак ништо не сакаа да коментираат. Неговата мајка Марика вчера ни изјави "не знам ништо, ќе ви се јави кога ќе се врати, оставете ми број". Откако ја прашавме дали нејзиниот син најавил дека ќе прави свадба, таа рече:
"Ама ништо не смеам да ви кажам, како не разбирате. Кога ќе дојде ќе ви се јави"!
Ирина и Роман се разведоа во октомври минатата година. Таа се согласи да се разведе од милјардерот само под услов да добие 300 милиони долари, што е еден дел од неговиот огромен имот. Маленко пак зад себе има два развода. Прво се ожени со Сузана Турунџиева, кога го смени и своето презиме. Турунџиева остана сама да ја расте и воспитува ќерката Лора, откако нејзиниот сопруг реши да ја остави заради актерката Јелена Жугиќ. И овој брак кратко траеше.
Непосредно по раѓањето на нивниот син Ахил, додека Жугиќ беше на патување, Маленко најде нова љубов. Овој пат пејачката Фани. Низ чаршијата поминаа муабети дека Маленко ја прелажал Жугиќ за пари со кои и купувал подароци на Фани. Со Фани тој не стапна на лудиот камен. Непосредно по прекинот на нивната љубовна врска, Фани во јавноста изјави дека љубовта завршила и не сака повеќе да коментира ништо за него. Но и овој пат не изостанаа муабетите за наводно позајмени пари кои Маленко никогаш не и ги вратил на Фани.
И додека Маленко се жени со Ирина, Роман планира да оди на пат на месечината. Патотот на месечината го чини исто колку и разводот со идната сопруга на Маленко.
 
Слушнав денес во школо ама не ми се веруваше.Од кај се најдоа па они двајца?Мислам за Маленко ништо чудно,на човекот професија му е пливање а хоби правење свадби :pos: ама од цел свет го најде него г-ѓа Абрамович.Ама сепак подобар избор е она од Турунџиева :pos2:
 
Добар е... што знам баш и не го рпиметив каква личност е. Ми беше дојден на претставата во драмски, седевме тмао со екипата во бифето певме алкохол. Разговаравме, но очигледно не е човек од збор:)

Со среќа нека му е и да дочека на децата на свадба да му играме.
 
прееска слушав за ова!!Ама колку тие двајца биле во врска за да дојде до свадба?Ако ако Македонец да ја плеска жената на 13 најбогат човек во светот!!
 
Oхриѓанец :pipi:
Значи Ирина = Значи инвестиции, туристи....значи, браво.



Наградата 8-ми декември за Најфраерско постигнување да му се додели нему :)
 
Oхриѓанец :pipi:
Значи Ирина = Значи инвестиции, туристи....значи, браво.



Наградата 8-ми декември за Најфраерско постигнување да му се додели нему :)

Пусти Охриѓани зинати за пари:):):)
 
Значи ќе го купи ФК Охрид и Шевченко и Фантом ќе сфрши кога ќе разбере






намерно не употребив интерпукциски знаци мрчатори
 
Oхриѓанец :pipi:
Значи Ирина = Значи инвестиции, туристи....значи, браво.



Наградата 8-ми декември за Најфраерско постигнување да му се додели нему :)

Ако Ирина го купи Арсенал.........
 
'' Сега сум моќен и сега можам и ке ја расипам Нова Година на цела Македонија''
''Вие не знаете да цените кога некој ке донесе нешто добро во државава''...на Сител дадоа ова
:bilokojzbot::bilokojzbot: :bilokojzbot::bilokojzbot:
Претпоставувам дека имал вода во уши кога ги истресол овие али ајде Вака значи според првото ке ја расипе Нова Година баш ме интересира како пошто е моќен ваљда 'со моќта на сивиот череп''
Второто ваљда мисли дека госпожата е некоја инвестиција па не ја цениме ние а Руски 'инвестиции' како неговата има во скоро секој хотел во Скопје со тоа што од нив рeално некој гледа ќеф...
Маленко тамн ке мислиш го нема и дека заврши со глупостите кога седеше гол пред влада еве ти го него пак со нешто уште поглупо
 
Значи ќе го купи ФК Охрид и Шевченко и Фантом ќе сфрши кога ќе разбере






намерно не употребив интерпукциски знаци мрчатори

Нафта ќе најдат бе ако треба :)

Намерно не го менав насловот на темата во Маленко фраерот (мислам на малото "ф") зш ак е ова вистина, големо Ф требит да си стојт!

Александар, ако читаш бато на пауза од клецање, зачлени се и поздрави не. Маратонче наше :pipi:
 
Се заинтересирав кои техники ѓи употребува типов....сепак златна чопка за него :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom