Зошто кампањи?

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Поразувачка статистика. И тоа е вистината. 6,5 % (или околу 128 000) од Македонците имаат високо образование. Дури 50% од Македонците немаат ни средно образование. Co овие бројки калкулира Владата во најновата кампања „Образувај се“.
Знаењето е сила, знаењето е моќ. Оваа изрека ја знаат сите, но по се изгледа ретко кој ја сфатил. Како и многу други работи. Да не беше така немаше народов да си легне на брашно кога му го сменуваа името, историјата... па кога рокна комунизмот да сме единствени кои плачеа по него, па да сме најголемите југоносталгичари кои гледаат со огромна доза на носталгија на титовото време... па немаше народов да си гласа за партии кои немаат ни една страна програма (СДСМ уше 17 години ја нема својата, ама кај да е ќе ја пишувале), па немаше да се пали на имагинарни милијарди, па „на 15 септември“ и слично.
Ене ви ја статистиката, повелете и погледнете директно од каде е бедата, невработеноста... Лично не верувам дека Македонците немале услови за да се школуваат. Суштината на проблемот си лежи од поодамна и воглавно е (веќе) вродената мрзливост која удира на секој можен план. Ма погледнете ги „патриотиштата“ и се ќе ви стане јасно. Нив „се им е јасно“ само матно им е да разберат дека вистинскиот патриотизам денес лежи во силината на зборот и во вистината.
А што мислите, колку од оние 6,5 % реално се интелектуалци???
До пред неколку векови нашата земја беше врело на писменост, наука и култура. Денес е далеку од тоа. Горе-долу секој од нас може да филозофира за причините. Но она што ќе го смени сето тоа е само вистинското образование и трудољубивоста. Повеќе работа, помалку (празни) зборови. Дотогаш ќе одгајуваме легенди за „нашата“ големина, но ќе бидат само за домашна употреба.

Ете затоа кампањи.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Да ама со две години факултет и да бидеш лекар во Англија на пример не е исто со макотрпни 6-7 години во Македонија.Па младите лекари во Финска не можат ни на интернет да се снајдат за да препишат дијагноза или лек за обичен грип.Ако тоа се рачуна за едукација тогаш би требало да се рече дека нам не ни треба кампања за едукација туку ни требаат елементарни услови за нормална едукација.Овде човек подобро ќе се едуцира дома одколку во школо без санитарен чвор за кој парите им ги потрошила владата при рекламирање на позитивните придобивки од едукативниот процес.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
ABC...mukla......tie ne te svakaat....tolku im dal Gospod.... :)
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Да ама со две години факултет и да бидеш лекар во Англија на пример не е исто со макотрпни 6-7 години во Македонија.Па младите лекари во Финска не можат ни на интернет да се снајдат за да препишат дијагноза или лек за обичен грип.Ако тоа се рачуна за едукација тогаш би требало да се рече дека нам не ни треба кампања за едукација туку ни требаат елементарни услови за нормална едукација.Овде човек подобро ќе се едуцира дома одколку во школо без санитарен чвор за кој парите им ги потрошила владата при рекламирање на позитивните придобивки од едукативниот процес.
Tocno.
Najglupo e sto na vakvi kampanji se palat tie za koi po def. se nameneti,a nema nikogas da realiziraat.
Samo sto da ocekuvas od lugje sto magisterska promoviraat vo Manu!?
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Токму оние за кои бев повеќе од сигурен дека ќе дадат одговори, се тука :)

АБЦ, прво, Македонија не е Финска.
Второ, Нашиот образовен систем има големи вредности...премногу општиме, ама кога учиш, навистина по некое време сфаќаш дека не си учел за џабе.
трето, никој неможе сосила некој да натера да се заише на факултет. Само општеството може и љубовта кон науката, каква и да е.
Четврто, едно прашање. За цонцрете знам, туку, ти и перо во кои спаѓате, во оние 6.5% или во оние 93.5% ? :)
 
B

Borg_Drone

Гостин
Токму оние за кои бев повеќе од сигурен дека ќе дадат одговори, се тука :)

трето, никој неможе сосила некој да натера да се заише на факултет.
Чекај бе малце трн Slow down.А мислиш дека народот има пари за да се запише на факултет.Мислиш дека народот несака да заврши факултет????

Има многу луѓе кој сакаат да завршат факултет ама немаат пари тоа е факт.Да не спомнуваме за тоа какви се професорите на факултетите кој ќе те бутнат и по неколку пати ако не им ја купиш книгата и ќе те бутнат поради други цели не само поради книгата туку и да профитира на тебе повеќе пати...

Зошто одма мора да се фаќаме за тоа како нашиов народ нејќел да учи, што не се запрашаме малце зошто е тоа така??
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Немој да генерализираш, не било отсекогаш така, ова е нус појава на транзицијата. Јас кога студирав за положување имаше само еден услов, да си го спремил испитот, а имаше и некои исклучоци во вид на протекција, но ретко.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Чекај бе малце трн Slow down.А мислиш дека народот има пари за да се запише на факултет.Мислиш дека народот несака да заврши факултет????

Има многу луѓе кој сакаат да завршат факултет ама немаат пари тоа е факт.Да не спомнуваме за тоа какви се професорите на факултетите кој ќе те бутнат и по неколку пати ако не им ја купиш книгата и ќе те бутнат поради други цели не само поради книгата туку и да профитира на тебе повеќе пати...

Зошто одма мора да се фаќаме за тоа како нашиов народ нејќел да учи, што не се запрашаме малце зошто е тоа така??
Немаат пари???

Дроне, кој нема пари, кафани, кафичи и пичке си материне се полни до крцање!
Зошто наместо да инвестира некој родител во своето чедо, му купува кола? За копиљот да биде фраерот у друштво??

А не се секирај, има сиромашни деца кои се трудат и учат, и се одлични ученици на кои им следува стипендија!

Како и да видиш, ЗА УКА секој има ПАРИ.

Немањето пари за мене не е никакво оправдување. Се наоѓаат пари.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Пред 20 тина години 10 бода за упис на факултет носеше книшка на СКОЈ која јас нажалост ја немав и немаше шанси да ја извадам оти не бев подобен.Оние што беа подобни ги имаа книшките и успеаа да се протнат по факултетите каде редок случај беше човек со родители кој не се комунисти да се запише иако имал одличен успех и го положил приемниот.Денес не се каам поради тоа,"експертите" кој се запишаа со книшка на СКОЈ можат само вода да ми носат,според едукацијата и животното искуство а секако и според чесноста.Оној што се лижел за да заврши факултет се лиже до ден денес и ја наведнува главата кога нема зборови со кој би дискутирал за било која тема или научна проблематика.
Јас имам само една порака до сите Македонци која се надевам нема да ја сфатите како пропаганда:
-Учете за да знаете,зошто знаењето е единствено нешто кое никој не може да ви го одземе со сила,доколку вие не сакате да му го предадете некому.Се друго може да ви земат само знаењето никогаш.:) Значи "се свое си носите со себе" како што рекол некој Римјанин или од Помпеја бил.:) можеби знаат оние со диплома.:)
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Се сложувам дека знаењето,вреди многу, се слагам дека и не е се до парите, ма да мислам дека и до луѓето е.
Има и деца кои не можат поради финансиски причини, а повекето се од тоа што не сакаат, зашто ке почнат со работа ке видат пара и понатака не сакаат да учат.

Мислам дека полека во последниве 5, 6 години сваќаат дека без факс си никој и ништо и полека почнуваат да се запишуваат, мислам дека тоа е добро
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Пред 20 тина години 10 бода за упис на факултет носеше книшка на СКОЈ која јас нажалост ја немав и немаше шанси да ја извадам оти не бев подобен.Оние што беа подобни ги имаа книшките и успеаа да се протнат по факултетите каде редок случај беше човек со родители кој не се комунисти да се запише иако имал одличен успех и го положил приемниот.Денес не се каам поради тоа,"експертите" кој се запишаа со книшка на СКОЈ можат само вода да ми носат,според едукацијата и животното искуство а секако и според чесноста.Оној што се лижел за да заврши факултет се лиже до ден денес и ја наведнува главата кога нема зборови со кој би дискутирал за било која тема или научна проблематика.
Јас имам само една порака до сите Македонци која се надевам нема да ја сфатите како пропаганда:
-Учете за да знаете,зошто знаењето е единствено нешто кое никој не може да ви го одземе со сила,доколку вие не сакате да му го предадете некому.Се друго може да ви земат само знаењето никогаш.:) Значи "се свое си носите со себе" како што рекол некој Римјанин или од Помпеја бил.:) можеби знаат оние со диплома.:)
Е сега го претера, шириш дезинформации, и јас немав книшка ама и никој не ми ја побара при уписот на факултет, а ми се чини и во тогашните воени академии не бараа партиска книшка.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Напротив последните 15-16 години сваќаат дека образованието не им вреди ништо,апсолутна нула,кога нема да можат да го искористат,кога дипломиран лекар работи во приватна ординација за 8 000 денари,кога дипломиран фармацефт не зел плата по неколку месеци или кога дипломиран економист посебно на економски во Прилеп ќе дотурка до таксист и само во 1:2 000 000 можеби до премиер.Па 90% од прогамерите изработувачи на веб страници и проекти врз база на маја или архикад се со недозавршено средно ама заминаа по студијата низ САД да работат стручни проекти како што е некој најнов анимиран филм или игра а факултетлиите останаа дома да продаваат прскалици и лампиони за Нова Година на плоштадот во Прилеп и се горди на својата диплома која можеби ќе им се најде за потпалување на огнот во ладните домови.
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Ќе вреди еден ден......

Прашање е само кој е тој ...ден....
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Е сега го претера, шириш дезинформации, и јас немав книшка ама и никој не ми ја побара при уписот на факултет, а ми се чини и во тогашните воени академии не бараа партиска книшка.
Сигурно не си напишал парола на контењер или ѕид Македонија на Македонците,па немаше ни да се прибереш до некој факултет,а најмалку на воена академија.:)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
АБЦ се губиш, прво нешто пишуваш да со наредниот пост сам себе се демантираш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom