TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
Поразувачка статистика. И тоа е вистината. 6,5 % (или околу 128 000) од Македонците имаат високо образование. Дури 50% од Македонците немаат ни средно образование. Co овие бројки калкулира Владата во најновата кампања „Образувај се“.
Знаењето е сила, знаењето е моќ. Оваа изрека ја знаат сите, но по се изгледа ретко кој ја сфатил. Како и многу други работи. Да не беше така немаше народов да си легне на брашно кога му го сменуваа името, историјата... па кога рокна комунизмот да сме единствени кои плачеа по него, па да сме најголемите југоносталгичари кои гледаат со огромна доза на носталгија на титовото време... па немаше народов да си гласа за партии кои немаат ни една страна програма (СДСМ уше 17 години ја нема својата, ама кај да е ќе ја пишувале), па немаше да се пали на имагинарни милијарди, па „на 15 септември“ и слично.
Ене ви ја статистиката, повелете и погледнете директно од каде е бедата, невработеноста... Лично не верувам дека Македонците немале услови за да се школуваат. Суштината на проблемот си лежи од поодамна и воглавно е (веќе) вродената мрзливост која удира на секој можен план. Ма погледнете ги „патриотиштата“ и се ќе ви стане јасно. Нив „се им е јасно“ само матно им е да разберат дека вистинскиот патриотизам денес лежи во силината на зборот и во вистината.
А што мислите, колку од оние 6,5 % реално се интелектуалци???
До пред неколку векови нашата земја беше врело на писменост, наука и култура. Денес е далеку од тоа. Горе-долу секој од нас може да филозофира за причините. Но она што ќе го смени сето тоа е само вистинското образование и трудољубивоста. Повеќе работа, помалку (празни) зборови. Дотогаш ќе одгајуваме легенди за „нашата“ големина, но ќе бидат само за домашна употреба.
Ете затоа кампањи.