Дознајте се` за....

Состав на растителна клетка ми треба..по ред да бидат тие јадро кл. ѕид...ако може
 
Јас имам едно прашање, мислам сакам да дознаам повеќе за тоа, дали е штетно да се кршат таблетките кои ги земаме, на пример таблетка од аспирин, кафетин и слично, по половина?

не не е штетно,важно е да се одржи препишаната количина е сега на моменти се случува да треба да користиш на пример 250мг витамин Ц...епа подели ја 500ката на 2 и немај
мака.

ЕДИТ.кафетин избегнувај има кофеин 40мг ако не грешам-тоа е истата количина на кофеин во енерџи дринк.

Аспирин не од 500мг ако сакаш превентивно има од 100мг и се вика аспирин протект.

на крај краеви и киселина е.




Состав на растителна клетка ми треба..по ред да бидат тие јадро кл. ѕид...ако може

хербариум пропуштивте а???

http://en.wikipedia.org/wiki/Plant_cell

тука е барем лесно...а и не мора википедиа општо инфо има и затоа е добра,инаку по научниве весници најголем IF (импакт фактор) има баш тоа што го бараш,односно најмногу се дискутира и цитира во нау,ниот свет баш за овие клетки

ја имаш структурата на слика.

Алкохолот во комбинација со лековите доведува до низа на непредвидливи ризици, бидејќи лесно доаѓа до меѓусебно делување (интеракција). Овие интеракции се неповолни, се јавуваат и при внесување на мали количини алкохолот...


Алкохолот во комбинација со лековите доведува до низа на непредвидливи ризици, бидејќи лесно доаѓа до меѓусебно делување (интеракција). Овие интеракции се неповолни, се јавуваат и при внесување на мали количини алкохоло и ги потенцираат несаканите ефекти на лековите кои можат да бидат опасни, да ја влошат болеста или дури и да доведат до смрт.

Алкохолот може на повеќе начини да влијае на лекот - да го промени ефектот на лекот, да влијае на концентрацијата на лекот во крвта или пак одредени лекови можат да ги успорат метаболизирањето на алкохолот и така да го зголемат неговиот токсичен ефект.

0772d5a567be4e0cba89a3bb922d8e06.jpg
Реакцијата на луѓето кон алкохолот зависи од возраста како и честота на користење на алкохол. Познато е на пример дека жените се поосетливи на алкохол од мажите бидејќи нивното тело содржи помала количина на вода од телото на мажите така да при иста испиена количина алкохол концентрацијата на алкохол кај жените е поголема, а истовремено жените имаат помала концентрација на алкохол-дехидрогеназа. ензим кој го разградува алкохолот.

Веќе и мали количини на алкохол се опасни при возење, но комбинацијата алкохол / лекови значително ги намалува способностите за возење.



При примена на лекови за срце, шеќерна болест и инфекции со алкохол се јавуваат следниве несакани ефекти: главоболка, повраќање, општа слабост, засилено чукање на срцето, пад на крвниот притисок, оштетување на црниот дроб и црвенило на лицето.

При земање на алкохол и лекови кои влијаат на мозокот, односно психо-физичките способности (анксиолитици, антипсихотици, антидепресиви, хипнотици, локални анестетици и сл.) можат да се јават поспаност, вртоглавици, успорено и отежнато дишење, проблеми со памтењето и општо слабеење на моториката.

Бидејќи и алкохолот сам по себе го дразни желудникот, комбинацијата со лекови против болки (како аспирин) и антиревматици (ибупрофен, кетопрофен, диклофенак, напроксен и сл.), кои исто така ја надразнуваат слузокожата на дигестивниот тракт, повеќекратно се зголемува ризикот од настанување на чир и крварење од желудникот.

Алкохолот сам по себе го оштетува црниот дроб и може значително да ја зголеми хепатотоксичноста (отровно делување врз црниот дроб) и при примена на многу сигурни и често употребувани лекови како парацетамол.

Некои лекови во водено-алкохолна средина се растворуваат многу побрзо отколку во чиста вода. Така се случува лекот одеднадеш целосно да се раствори и апосрбира во организмот, што е посебно опасно кај лекови со продолжено ослободување (ретард форми), со кои обично се постигнува постепено ослободување на лекот. Така нагло ослободената активна супстанца на лекот може да доведе до животозагрозувачки несакани ефекти.

При хронично внесување на алкохол лековите побрзо се разградуваат и излачуваат и во почетните фази ефектот им е помал, но истовремено токсичниот ефект врз црниот дроб е многу зголемен.

Освен со алкохол, не е добро лекови да се земаат со овошни сокови или газирани пијалоци, бидејќи го успоруваат нивното делување, додека некои овошја и сокови како на пример грејпфрут можат да стапат во интеракција со лековите и да доведат до несакани ефекти. Млекото исто така не е погодно, бидејќи го смалува делувањето на некои лекови кои со неговите состојки ствараат тешко растворливи супстанци.

Од наведеното може да се заклучи дека најдобро е лековите да се земат со чаша обична вода во доволни количини (150 мл) за лекот без никакви влијанија да се апсорбира, да дојде до посакуваното место на делување и да го развие во целост своето дејство.

добар текст...одлично

само би додал покрај лековите за притисок,шеќерна болест,и сл не смеете по никоја цена додека сте при терапија на лек означен со
lg_cw_Red_Triangle2.jpg


значи црвен триаголник а негде и плав
бидејќи знаков не е за џабе ставен кај бензодијазепини(диазепам,хлорпромазин,алпразолам)опоидни аналгетици(НОВАМОРФ...трамадол...) истиот го има и кај антипсихотиците како и лековите кои влијаат на однесувањето еве рисперидон на пример....

за зголемената токсичност погоре скај убаво објасни така да дополнителен коментар е излишен.

(освен ако некој веќе згрешил препорака витамини Б-комплекс или силимарин).
 
Состав на растителна клетка ми треба..по ред да бидат тие јадро кл. ѕид...ако може

Пробај по Википедија да побараш има доста сега информации.
Стар е коментарот али ајде мало рифреш :)
 
Варење во некалаисани бакарни казани ?

да ме отварам тема, а ова гласи Дознај, имам некој дилеми околу опасностите од варење мармелад во бакарен казан. Наидов на интернет дека во Србија е со пропис предвидено задоилжително калаисување на бакарните садови, но од друга страна има доста луѓе, особено во БиХ, кој варат во некалаисани бакарни садови, наводно ако површината на казанот е чиста, сјајна и без траги на бакарен оксид ( зелена рга) нема проблем...
Исто така некој мислат дека калајот на високи температури отпаѓа а и потешко се чисти казанот.
Јасно е дека најсигурно е казан од роистфрај, но тој доста побавно се грее, не е погоден за ложење на дрва туку за дупликатори за греење со пареа... А колку што се сеќавам, порано кога ростфрајот беше скап постоеше и прехранбена бронза... а многу порано, во античко ( бронзено време) се користеле за готвење садови од бронза....
31082011620.jpg

https://forum.klix.ba/bsca-p7082160.html

1112veo.jpg


DSC_0644.jpg

http://www.ntv.ba/foto-reportaza-u-hajvazima-se-nastavlja-tradicija-pecenja-pekmeza/

DSC_0645.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom