Се гадам, и тоа од многу нешта. Само да прокоментирам за Tiffany, не сум дошол до контакт со таков човек, но претпоставувам дека во таква ситуација ќе мора да се преместам на друго место... Впрочем, не сум толку сензитивен на такви мириси, се случува и во автобус, и во секакви гужви, и на студентски прашања, и на каса во маркети... Кога е поготово лето, едноставно е неизбежно.
Ама, некој да ми побара голтка или гриз, е не можам навистина! Ќе му оставам ако треба на крај едно мало парче. Исто така се гадам од заедничко јадење, на пр. сладолед со уште некој, или НЕ БИ БОЖЕ со повеќе луѓе (на пример, семеен ручек каде што сите треба да сркаат од една иста чинија со таратур, или што ти знам)!
Се гадам и од тоалети, поготово јавни! Колку сака нека се чисти, во јавен тоалет последно влегов пред 2-3 години и тоа во тој “перфектниот“ во ГТЦ и никогаш повеќе!