Откриени седумте "најголеми митови во медицината"

Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Локација
Скопје
Читањето на придушено светло нема да ви го оштети видот, не треба да пиете осум чаши вода на ден за да бидете здрави и бричењето на нозете не го забрзува растот на влакната. Овие познати теории се едни од седумте "митови во медицината" што беа објавени во есеј што излезе во Британскиот медицински журнал којшто обично во божикното издание објавува позабавни текстови. Двајца американски истражувачи ги анализирале седумте општи уверувања и пребарувале по архивите за да тнајдат докази како поткрепа.
Иако во популарните печатени медиуми често може да прочитате дека дневно треба да испиете осум чаши вода, научниците не најдоа научни докази за оваа правило.
Недостатокот од докази бил забележан во студија што излегла во Медицинскиот журнал за психологија, велат тие.
Останатите шест митови се:
- Чиањето на слабо светло ќе ви ги расипе очите.
Мнозинството офтамолози сметаат дека ова не може да предизвика трајни оштетувања, но може да ве тера да подзамижувате, да трепкате почесто и да имате проблем со фокусирање, велат истражувачите.
- Бричењето го забрзува растот или го прави влакното поостро.
Бричењето нема влијание врз брзината на раст или густината на влакната, велат истражувачите. Но подраснатите бричени влакна повеќе боцкаат од депилираните и затоа изгледа како да се поостри.
- Јадењето мисиркино месо успива.
Мисиркиното месо содржи аминокиселина наречена триптофан што предизвикува поспаност и го контролира расположението. Но ова месо не содржи повеќе од оваа киселина отколку пилешкото месо или меленото говедско. Јадењето многу храна и пиењето за Божик најверојатно се вистинската причина за поспаноста.
- Човекот користи само 10 отсто од мозокот
Овој мит се појави во 1907 година, но сканирањата на мозокот покажуваат дека ниту еден дел од мозокот не мирува или е целосно неактивен.
- Влакната и ноктите продолжуваат да растат по смртта.
Оваа идеја може да потекнува од хорор романите. Истражувачите велат дека кожата се суши и повлекува по смртта, како што може да изгледа како влакната и ноктите да пораснале.
- Мобилните телефони се опасни во болниците.
Иако постои општа загриженост, студиите покажуваат дека мобилките предизвикуваат минимална интерференција во работата на медицинската опрема.
Истражувањето го спровеле Арон Карол, асистент по педијатрија при Институтот "Регенштриф" во Индијанополис, и Рејчел Вриман, асистентка во истражувањата на детското здравје при Медицинскиот универзитетот на Индијана.
 
Интересно, интересно.... тоа за мобилните и за читањето на слабо светло од стално ми било сумљиво... за бричењето, можно е така да испаѓа , а за другово не сум ни била баш информирана:)
 
Мислам дека си ги расипав очите од читање на слабо светло. Како и да е, многу интересен пост.
 
- Бричењето го забрзува растот или го прави влакното поостро.
Бричењето нема влијание врз брзината на раст или густината на влакната, велат истражувачите. Но подраснатите бричени влакна повеќе боцкаат од депилираните и затоа изгледа како да се поостри.
Се сложувам со тоа дека бричењето не го забрзува растењето на влакната, ама искрено мислам дека има влијание врз нивната густина. Од кога ке почнеш да се бричиш, на било која површина на телото, после тоа резултатите се повеке од видливи дека се менува и густината на влакното. Не само што влакната ста нуваат подебели туку исто така честа е појавата од еден корен да изникнат по две или некогаш дури и три влакна. :nesvest:

- Човекот користи само 10 отсто од мозокот
Овој мит се појави во 1907 година, но сканирањата на мозокот покажуваат дека ниту еден дел од мозокот не мирува или е целосно неактивен.

А за оваа изрека дека Човекот користи само 10 % од мозокот, (барем јас така го имав сфатено) дека тоа повеке се однесува, не на тоа колкав дел од мозокот е активен, туку колку ние ги користиме нашите когнитивни способности. Искрено мислам дека нашите способности се многу поголеми од колку што мислиме. Некогаш не сме ни свесни што се можеме да направиме...ама за тоа треба тренинг...да видиме до кај можеме да одиме сега, и како да протуркаме и да ја прошириме таа граница.
Тоа е исто како и со физичките вежби, или атлетски дисциплини... Ние секојдневно го користиме телото, се движиме од овде-до онде, кој повеке-кој помалку... ама што кога ке се споредиме со некој професионален атлет и неговите сегашни способности после толку време посветено на тренинзи?!?:sport1:
Само гледаме колку нашето тело е закржлавено...и си велиме, ајде од утре ке почнам да вежбам, ама додека да дојде тоа 'утре', ние ке си користиме само 10% од нашите способности, и физички и психички...:nesum:
 
- Мобилните телефони се опасни во болниците.
Иако постои општа загриженост, студиите покажуваат дека мобилките предизвикуваат минимална интерференција во работата на медицинската опрема.
Истражувањето го спровеле Арон Карол, асистент по педијатрија при Институтот "Регенштриф" во Индијанополис, и Рејчел Вриман, асистентка во истражувањата на детското здравје при Медицинскиот универзитетот на Индијана.[/quote]

За ова неколку пати знам имаа проблем на радиологија, ама велат дека мобилните шизнуваат, а не апаратите, што може да му направи еден мобилен на моќен ренген апарат..ама баш ништо,..ама апаратот на него...:vozbud::)
 
- Чиањето на слабо светло ќе ви ги расипе очите. - Тоа не е точно. Читањето на слабо светло НЕ ги расипува очите!

- Бричењето го забрзува растот или го прави влакното поостро.- Тоа не е точно

- Човекот користи само 10 отсто од мозокот - Тоа НЕ е точно!

- Влакната и ноктите продолжуваат да растат по смртта. - Тоа Е точно. Го имам видено лично!

- Мобилните телефони се опасни во болниците. - И тоа Е точно!
 
Све е во ред само човекот користи 10 Отсто од мозокот ... Останатитот дел од мозокот се користи несвесно или механички за движењето , сетилата и слично .. :)
 
А ти што подразбираш под користење на мозокот?
Јас подразбирам говор, мислење, сетива, движење, перцепција, орјентација, мотивација, чувства, и тн. - Всушност мозокот е и создаден за тие цели.

Со PET i FMRI многу добро се гледа дека сите полиња од мозокот работат во зависност од задачата т.е. функцијата што човекот ја врши во моментот.

Различни полиња од мозокот се активираат за различни активности

Под не користење значи никакво не користење.
 
Сака да каже дека човекот СВЕСНО користи 10 посто од мозокот.
Останатите 90 се дел од потсвеста,за која не знаеме ништо засега,нели?
 
Не е точно дека 90% од мозокот се користи подсвесно.

Има апарати што ја визуализираат функцијата на мозокот во определен момент (т.е. на пр кога чита човекот, кога џвака, кога се нервира и др) и може да се види дека при сите функции што човекот ги врши секојдневно мозокот се користи дури 100% (од масата на мозокот било кортексот - кората, било медулата - внатрешноста) на мозокот.

Тоа дека мозокот се користи 10% е мит, за полесно продавање на таблоидите.

Мозокот има милион функции и се користи приближно 100%, когнитивната функција е една од функциите на мозокот и тоа може да е 10% (ма да не е)!
 
100% Од мозокот користи , ама несвесно .. Бидејќи ти сакаш-неќеш мораш да дишеш .. Доколку ти смета нешто ти несвесно ќе се помрднеш . Или пак трепкањето ..
 
дишење, трепкање е свесно, но рефлексно.

Не свесно е според теоријата на Фројд. Ид, Его и суперего - има и таков дел од мозокот, што или е сместен врз дел од мозокот што се користи за други цели, или е многу малку некаде, не се знае каде (може и во ентералниот нервен систем).
 
Ентерален нервен систем ? Првпат слушам ..

Инаку мозокот си го користиме 100% , да го користиме , 10 ќе бевме како лишаите ...

Мозокот е во нон-стоп функција и кога спиеш , секој дел од мозокот се користи за одредени функции , пишаа горе за MRI .

Инаку Егото , Суперегото и Идо се карактеристики на личноста , т.е не на мозокот .
 
ЕНС - е нервен систем во цревата.

ид, его и суперего карактеристики на личноста, но дали се научени од човекот или како според тебе?
Штом не е инстинкт, и штом не е научено, би требало да си има свое физичко место во нервните системи :helou:
 
Тие се имагинарни , не се физички , идеја на Фројд ..

Начин да се објаснат одредени однесувања на личноста .

Инаку нервен систем на цревата ...таму има само нерви и нивни завршетоци , нема центри , центрите за перисталтика се на друго место ..ем тоа не е место каде што се сместени Егото итн ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom