Такси или автобус?

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување

Такси или автобус?

  • Такси

    Гласови: 206 60,1%
  • Автобус

    Гласови: 137 39,9%

  • Вкупно гласачи
    343
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Темата е: Такси или автобус?

Аналогно на зголемувањето на цените на нафтата, се зголемија и цените на такси превозот. Барем во мојот град.
Не знам за Скопје но во помалите градови владеат тн. ''Диви таксисти.'' Тие се оние кои го контролираат сообраќајот, ги земаат патниците на одредени пунктови и ги носат до други. Паркираат каде сакаат, не почитуваат ни полиција, пикаат по 5 особи во ''Тико.'' Но сепак почесто се употребуваат од граѓаните. Досега цената која ја наплаќаа за оваа услуга беше 15 денари, од почетокот на оваа недела ја кренаа на 20.
Од друга страна пак ги имаме автобусите. Стари, расипани, доцнат, со скршени прозори се, без кочници... но, нудат пониска цена - 15 ден.

Дали преферирате да се возите со автобус или стигнувате до саканата дестинација со такси превозниците?
 
Јас најчесто преферирам да цепам со автобус, знам звучи сељачки за некои луѓе ама тоа е:) пред се финансиите не ми дозволуваат да се луксузирам со такси. Предност во Скопје нема, ако се брзаш у 2 саат попладне си наебал, фаќаш такси градот хаос а таксиметарот фуче....ко џек пот да си добил

А за автобусите можам да кажам дека колку толку се редовни, ги има скоро на 10 минути и возат низ цело Скопје и пошироко:) 20 со 30 се картите приватен/државен....јас имам слободна таа е 960 денари и уво не ми чуе...
Проблемот настанува навечер, последниот автобус е 23ка во 12:15 и ако ти кидне тој немаш друг избор освен такси.....
 
со такси е многу подобро....
автобусите смрдат, се возиш со секакви патници , а во таксито е подобро , побрзо и се возиш сам....
Сепак за 10 или 20 денари вреди да се плати повеќе за со такси
 
со такси е многу подобро....
автобусите смрдат, се возиш со секакви патници , а во таксито е подобро , побрзо и се возиш сам....
Сепак за 10 или 20 денари вреди да се плати повеќе за со такси
Болдираниве букви некако ме зачудија.....идеш САМ и ако автобуска карта чини 30 денари тебе ти се исплати да се возиш со такси само 2 киломтери зашто 2 километри т.е. старт е 50 денари....нема логика
имаш пат со такси 150 денари и ти идеш сам затоа што 20-30 денари не ти праат разлика? А разликата доаѓа дека е 100 денари, ништо битно нели:) се е до финансиите кој како си ги има и како си ги троши
 
Јас преферирам повеќе автобус. Имам слободна, можам во кој автобус сакам да влезам и ја користам максимално, школо, базен, англиски...
Ем е поефтино, ем има шанси да налеташ на некој и да помуабетиш после којзнае колку време.:)
А и плус обожавам да одам секаде со точак, така да автобусот ми е префериран избор на превоз само зимно време.
 
Па најубаво ми е пешки мене кога не ме стска време негде си терам пеш реовно ме релаксира највеќе башка и луѓе си гледаш имам идено релации по 4-5 км богами, Е сега во вакви екстремни случаи ко денес еве вечер во град ке мора да се иде со такси ке летне стотче ама нема чаре ако не ке скапам на времево..
Автобус најмалце практикувам од како завршив средно се возам ептен ретко а и тогаш не ми се свиѓал све гужва внатре буткање газење летно време пот и така....
 
Болдираниве букви некако ме зачудија.....идеш САМ и ако автобуска карта чини 30 денари тебе ти се исплати да се возиш со такси само 2 киломтери зашто 2 километри т.е. старт е 50 денари....нема логика
имаш пат со такси 150 денари и ти идеш сам затоа што 20-30 денари не ти праат разлика? А разликата доаѓа дека е 100 денари, ништо битно нели:) се е до финансиите кој како си ги има и како си ги троши
извини ама кај нас старт е 30 ден и во прилеп со такси не можиш да потрошиш повеќе од 50-60 денари.позз:helou:
 
После дешавката кога еден манијак* одвратен упорно се “триеше“ од моето рамо во автобус и бев приморана да станам, преферирам такси и ептен ретко се возам со автобус.



* Стока глупа. Ќе се помрднам јас и демек со нишањето на автобусот и тој по мене, грд, одвратен дебил.
cp.gif
 
секогаш идам со такси,затоа што најќесто го користам за искачање навечер и за на курс,на школо идам пешки затоа пто ми е преблиску и немам потреба ни од такси ни од автобус.а ако одам негде подалеку,на пр.до ново лисиче или аеродром пак идам со такси,некако ми е штознам..никогаш не сум користела автобус затоа што ни моите не користат па некогаш и нив ги намолувам да ме однесат негде:lollipop:
 
извини ама кај нас старт е 30 ден и во прилеп со такси не можиш да потрошиш повеќе од 50-60 денари.позз:helou:

Aaaaaaa епа друже извини. Ја си мислев дека си од Скопје, ама нели во Прилеп нема автобуси???Освен оние меѓуградски
 
Aaaaaaa епа друже извини. Ја си мислев дека си од Скопје, ама нели во Прилеп нема автобуси???Освен оние меѓуградски
не ама се имам возено со автобус повеќе пати во скопје и знам како е:D
 
Ја радо би возел своја кола....ама нема, ....ондак со такси ,....ама ни за тоа нема многу пари.....јеби га, понекад немам пари ни за автобус....летно време сум со точак , и пешадија.....
Башка тоа ,...убаво е да се движиш така....освен тоа што можеш да се испотиш како вол, ама , ај тоа ти е . (ја сум среќен човек , потта не ми корне така опасно, башка прочитав статија дека жените се палеле на машка пот ...во мали количини, секако не на нешто ептен усмрдено:) )
 
Такси дефинитивно. И во мојот град е ефтино, но и кога живеев Скопје (дека споредеувате) практикував да се возам со такси, доколку се работеше за подолг пат. Причините се повеќе од јасни ... турканици, секакви луѓе, смрдеи (посебно на лето) итн. Но каде и да одам и надвор од мојот град, крајно бирам автобус, ако немам веќе избор.
Туку во последно време ептен сум преориентирана на пешачење, така да ретко и такси користам. Арно ми текна да пуштам нозе ако не па, за "долгите" релации кои ги имам секој ден ...:podsmev:
 
Најчесто сум со своја кола, ама кога се случува се решам да сменам распоредот стои вака

ако е од 1-5 во месецот дефинитивно такси
а ако е од 5-30 автобус зошто согласно со парите кои ги имам-немам друг избор

мислам дека малку е поинаква ситуацијата за надвор од Скопје зошто во поголемиот дол од градовите таксито е значително поевтино а и нема локални линии како кај нас
 
Секад цепам со такси! Школото ми е до гз, така да многу ретко ми се јавува потреба од такси. Коа излагам у град, е тогаш понекогаш зимам такси, ама све зависи каде ќе излагам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom