Пред неколку страници пишав дека ќе направам едно review на албумот Genius од Krizz Kaliko па еве дојде и то.
Албум што заслужува да биди во вашата хип-хоп колекција. За сите љубители на хип-хопот, R&B, Soul music.... Која е приказната во овој албум? Значи ако во првиот се претставуваше пред фановите како десна рака на Тек Најн и како генијален МС и вокал, во овој албум го прикажува неговиот живот. Неговото детство ( како и на многу рапери ) не било баш сјајно, а особено никој од него не очекувал нешто посебно. Неговата генијалност доаѓа до израз со запознавањето со Тек Најн, така што му помогнал на Тек давајќи му совет за некоја од песните на Тек. Денес Криз го вади максималното од него. Интересно е што неговото flow е доста поразлично од класичното рап рецитирање. Внесувајќи елементи на пеење неговите песни добиваат доста певливи строфи и рефрени. Има и доста песни кои одмараат, па и можат да си пуштат во некои интимни моменти
. Доколку сте страсен обожавател на класичниот хип-хоп ќе ви треба повеќе време да го навикните вашето уво на овој стил, но верувајте... ќе ви отвори доста нови видици. Во споредба со Vitiligo ( првиот албум ) има голема разлика. Доколку би бирал меѓу двата би го одбрал првиот поради поголемиот избор на класичен хип-хоп. Сепак... Genius има доста голема креативност и оргиналност во споредба со новиот хип-хоп. Инспирацијата ја нашол во светот кој не го знаел. Неговата амбиција е да докаже дека е генијалец а не лудак како што го нарекуваат. Во таа пригода изјавува дека не постои граница помеѓу генијалец и лудак. Наше е како ќе го сватиме. Genius иако е дупло помалку продаден во споредба со првиот албум има добри места на топ листите, дури и подобри од првиот. Уште еднаш напоменувам, овај стил не е за секој фан на хип-хоп културата, но го препорачувам за сите оние кои поминале повеќе од добри 10 години заедно со хип-хопот.
И еве како една презентација на албумот, т.е. траката која го носи истото име како и албумот... уживајте