Во тоа поле експерт сум бре ... секое раскинување порано ми беше јавно, али јас и бившиот со кој идевме околу 3 години офф-онн, бевме онака симбол за јавни испади.
Заедно учевме ...
Сред македонски, седиме заедно во фазон многу се љубиме и зборевме на некои глупави теми што се случувало додека не сме биле заедно, он ми признава дека бил со моја другарка за време Нова Година кога б.т.в. правевме 3 год. и мене ми излетува „Да знаеш до сега колку те имам варано!“
Станува типот и почнува да ме брка низ училница и сите рипаат да го држат ...
„Ќе те убијам, ќе те обесам, ќе те заколам!!! Дојди ми ваму!“
Бегам јас низ училница излетувам надвор во двор се бркавме низ цел парк бре ... на крај ме фати се зачукавме сред Младински сред бел ден ...
Се шетавме низ улица дерејќи се, јас на едната страна, он на другата страна ...
Ни се има десено на екскурзија низ хотел да се тепаме пред сите професори, на крајот ме фати за половина за да ме фрла во базентот, ми ги фрли цигарите од тараса, се имаме на плажа тепано, ама тепано со камења фрлање.
Оххх леле ... патешествија бевме ... :kesa: