Граматички правила и правопис

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Го имам забележано во неколку постови, пример:
“КоЈ луѓе беа таму?“!

И одговор: незнам, некој луѓе... :)

Значи: кој, некој: еднина
кои, некои: множина!

Не знам, не сакам, не можам - се пишувааат вака (одвоено)!
 
Исто така, треба да се знае дека е филџан, а не финџал.
И заемно, а не взаемно..Презема, а не превзема.
Нема така да, не е тоа правилно. Така што треба.
И не е хитно, туку е Итно.
 
Еве некои од грешките што често ги сретнувам:

-позрав, или уште полошо, позраф се погрешни. Се кажува (и пишува) поздрав
-не е точно и сварно, правилно е стварно(ако воопшто влегува овој збор во литературниот јазик?!)
-не се пишува сестрами, мајками, вујкоти туку одвоено: сестра ми, мајка ми, вујко ти
-заповедниот начин од глаголите во второ лице множина се пишува вака: јавете ми се, барајте ги, дојдете а не е правилно јаве те ми се, барај те ги, дојде те
 
Петели
Волкој
Сваќа
Никат
Прљаво
Подсвест
Бот

:kesa:


Ај пред да почните да мрчите:

македонци. :(
 
Вест напиша:
Кој го легнал канделабарот на плоштад?

Татко и дете (на слика) минуваат покрај новите канделабри со рефлектори, кој вчерашниот ден го мина легнат на плоштадот Македонија. Паднатиот канделабар се наоѓа точно на преминот од плоштадот Македонија кон истоимената улица.
Како се пишува овој збор кој е болдиран? Како се членува, и што по ѓаволите не е во ред со него во текстот? :toe:
 
Јас да се обидам, јас... јас =)

Кој ја легнал канделабрата на плоштад?

Татко и дете (на слика) минуваат покрај новите канделабри со рефлектори. Една од нив*, вчерашниот ден го мина легната на плоштадот Македонија. Паднатата канделабра се наоѓа точно на преминот од плоштадот Македонија кон истоимената улица.
*не сум сигурен. Џокер. Повикај го, господинот дупло Г.


Инаку канделабра не, фенер да. Мислам... ова е нонсенс. :S
 
Јас да се обидам, јас... јас =)


*не сум сигурен. Џокер. Повикај го, господинот дупло Г.


Инаку канделабра не, фенер да. Мислам... ова е нонсенс. :S

Не, не ме сфати...
Канделабра како збор, постои во нашиот јазик се употребува. Ама како се членува, кој род е? Тој Канделабр? Тој Канделабар? Таа канделабра? Како се членува? “Канделабарот“? :nesum: Не е можно... то ме интересира.
 
Викторгг,
канделабар, канделабарот, канделабри. Машки род.
Од латинското: candelabrum - свешник, candela - свеќа.

Во случајот употребен со значење: уличен фенер.
 
Добродојде Тањушка.

Во Правописот на македонскиот литературен јазик, во одделот Слеано и разделено пишување на зборовите, стр. 62, се вели:

Поздравите што содржат два и повеќе зборови се пишуваат одделно:

добар ден, добрЕ дојде, до видување...итн.

п.с. :wink: ОК?
 
Ни или нѝ?

Што е правилно за кратка заменска форма? Нам ни донесоа, или нам нѝ донесоа? Би требало да е ова второво, бидејќи има и негација НИ... Никаде не го сретнувам ова, поради тоа не го пишувам. А отсекогаш сум се прашувал... :toe:
 
Треба да е второто пологично е така со апостроф на пр: мајка ѝ не пишеме мајка и нема никаква логика оти „и„ е сврзник сепак сум за „нѝ„
 
Што е правилно за кратка заменска форма? Нам ни донесоа, или нам нѝ донесоа? Би требало да е ова второво, бидејќи има и негација НИ... Никаде не го сретнувам ова, поради тоа не го пишувам. А отсекогаш сум се прашувал... :toe:

Правилната форма е ни` (не знам како се пишува витински И со апостров точно над него) бидејќи е нагласување на личност. Во право си.

Не го среќаваш бидејќи официјалните лица по весници се неписмени благо кажано, а на форум баш и не се обрнува многу внимание...
 
A како е правилно
преДци или преТци?
Има едначење по звучност овде,или не? :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom