Граматички правила и правопис

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Дури сега сфаќам дека голем број корисници имаат грешка сфаќање за поимот „сфаќа“ односно сите погрешно го сфатиле „сфатам“ како „сватам“. Сфаќате?
 
N

n/a

Гостин
Фчера што сум јадел еден граф...
Фратата от Врижидерот ја отфориф...
И фи фикам...стражно добро си поминаф...
Поздрафи...:smir:
 
N

n/a

Гостин
Сваќаш-на македонски
Сваташ-на српски
схвашташ-на бугарски.

Или пак е сфаќаш?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Вака сега... Зашто гледам многу правописни и граматички грешки се прават на форумов, каде од брзање каде од незнаење мислам дека темава би била корисна.

За почеток некои основни работи па натака се надевам ќе ме надополнуваат со примери.


Гласовни промени

Во нашиот јазик гласовите можат да се поделат во три групи и тоа:

Согласки: б, в, г.... итн.

Самогласки: а, е и, о, у (р) во некои случаи и р може да се најде како самогласка

Сонанти: р, л, љ, н, њ, м, ј

Може да се поделат на звучни и безвучни каде што секоја звучна си има свој пар, а само еден глас од безвучните останува сам.
Тоа би можело да се претстави вака:



1. Обезвучување
  • Обезвучувањето се случува при зборувањето, но не се бележи при пишувањето. Звучните согласки на крајот од зборот во изговорот се обезвучуваат, но во пишувањето оваа гласовна промена не се бележи.

    пр. изговараме „ЛЕП“ - пишуваме „ЛЕБ“

    2. Едначење на согласките по звучност

  • Ако 2 согласки еднакви по звучност во одреден збор дојдат една по друга потребно е тие да се изедначат. Едначењето секогаш се врши според втората ако е таа звучна, првата се заменува со нејзиниот безвучен пар и обратно, ако втората согласка е безвучна првата се заменува со нејзиниот звучен пар.

    пр. сосетка, рипче, запци, отпосле...

    Но, постојат и отстапки од правилото за едначење на согласките по звучност.
  • „В“ никогаш не се едначи.
    (пр. вторник, втор...)
  • „Д“ не се едначи пред наставките -ски, -ство, -ствен.
    (пр. градски, судски...)
  • „Д“ не се едначи пред множинската наставка -ци.
    (пр. ороводци, војсководци...)
  • Едначење не се врши и пред членот -та.
    (пр. 'ржта, надежта...)

    3. Редување на гласовите (замена)
  • Во некои ситуации доаѓа до замена на еден глас со друг.

    пр. избере - избира ( „е“ се заменува со „и“ )
    сведок - сведочење ( „к“ се заменува со „ч“ )
    воздух - воздушен ( „х“ се заменува со „ш“ )

    4. Испуштање на гласовите
  • Во некои зборови заради олеснување на изговорот гласовите се испуштаат.

    пр. лист - лисје ( збирна множина )
    потомок - потомци ( „о“ и „к“ се испуштаат и се пишува „ц“ )
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Многу ми е жал што читам колку луѓе не си го познаваат јазикот.

Зевсус, повлечи се:)
Погрешно кажуваш.

Ќе одам на едно цигарче и кога ќе се вратам ќе ти напишам нешто за да сфатиш дека грешиш:)
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
едноставно ќе ви одговорам,нон сто пза тој збор ни одземаат поени на тестови
сФаќаш е кога се мисли дали си разбрал нешто
а сВаќаш е како кога ќе се посватиш со некој,т.е.ќе станете сватови

сФаќате?
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Сваќаш-на македонски
Сваташ-на српски
схвашташ-на бугарски.

Или пак е сфаќаш?
Да, `сфаќаш` е. Запомнете:

ЕДНАЧЕЊЕТО ПО ЗВУЧНОСТ НЕ ВАЖИ ЗА БУКВАТА „В“.

Споредете: овца, цевка, гувче, мавта, евтин, вчера.
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Ахам, убаво што си се сетила, на многу форумџии им е потребна лекцијава. Мене ова ми беше јасно и познато ама имам едно прашање што ме мачи многу одамна (т.е две)

Пеач или пејач?

Идеа или идеја?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Пејач и идеја.

Во спротивно би биле две самогласки една до друга. :)
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
како што се напишани:
реалност и смрдеа
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Не мора, за првите примери само кажав дека би дошло така ако не се разделени.
 
N

n/a

Гостин
О.К Се извинувам и се повлекувам. :smir:
Сфаќам.:pos2: (дека сум згрешил).
Поздрав.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.113
Поени од реакции
824
Го имам забележано во неколку постови, пример:
“КоЈ луѓе беа таму?“!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom