- Член од
- 13 април 2008
- Мислења
- 3.998
- Поени од реакции
- 1.086
Плејбој девојката со нов сингл!
Од денеска ексклузивно на македонските радија може да се слушне најновиот сингл на македонското девојче Каролина Гочева. Музиката за песната е на Даниел Кајмакоски, гитара Влатко Стефановски, текстот го напиша Весна Малинова, а аранжманот е на Бертан Аслани. Снимена е во студиото „BMA“, во Скопје, а финалната обработка е направена во студио „Long Play“ во Сараево со продуцентот Махир Сарихоџиќ.
Потсетуваме дека оваа година е една од најуспешните во кариерата на Каролина. Оваа година излезе нејзината балада "За година две" која стана химна на македонските девојки и го постигна успехот на нејзиниот претходен хит "Крај", а во мај Гочева не претставуваше на Првиот избор за песна на Балканот во Бугарија. Летото го помина со настапи низ Македонија, беше дел од фестивалот Медијана во Ниш и специјална гостинка на Евровизиската забава што ја организираше клубот на евровизиските фанови ОГАЕ Португал во португалскиот град Сетубал. На приватно поле, македонските медиуми наголемо зборуваа за нејзиното раскинување со Дино и новата врска со Јован Пановски. Она што предизвика уште поголемо внимание беше појавувањето на насловната страница на првиот број на списанието Плејбој за Македонија во кое имаше и фотосесија со разголени фотографии од Каролина. Последен нејзин настап беше на журката по повод роденденот на Бекстејџ во Колосеум, за која присутните беа воодушевени од нејзината изведба на "Сите мои слики" заедно со Ареа.