- Член од
- 13 април 2008
- Мислења
- 3.998
- Поени од реакции
- 1.086
Кaролина повторно вљубена!
На нашата поп-принцеза Каролина Гочева мора да и доделиме Оскар! Се прашувате зошто, еве ви го одговорот - за успешно мафтање на јавноста во врска со нејзиниот љубовен живот. Но да разјасниме уште на самиот старт - таа нема никаква вина што ние паднавме на нејзината финта, девојчето само мудро си молчеше, додека ние низ Балканов го баравме фамозниот Марко Антиќ. Но за волја на вистината, тој не постои, а Гочева можеби не директно, но меѓу редови, тоа го призна во интервјуто за “Свет“, во кое изјави: “Во виртуелниот свет можам да правам што сакам, па дури и да имам измислени дечковци“.
Но поинтересни се муабетите што во последно време кружат низ скопската чаршија. Имено, во изминативе три недели наголемо се зборува дека новата љубов на убавата Каролина е Јован Пановски. Дечкото е доста познат во елитните скопски кругови, а пред некое време го поврзуваа и со водителката Ивана Хаџиевска. Неговата фамилија е сопственик на аптеките “Пановски“, а со Каролинче почнале интензивно да се дружат во изминатиoв месец. Во почетокот контактирале само преку СМС-пораки и преку популарниот “Фејсбук“, а подоцна и во друштво на своите заеднички пријатели често можеле да се видат во не толку експлотираните кафулиња. Инаку, тие се познаваат уште многу оддамна. Јован бил близок пријател со бившото момче на Каролина, Дино, па почетоците на нивното познанство датираат уште оттогаш. Но во тоа време меѓу нив немало таков вид на симпатии, кои очигледно се родиле подоцна. Воедно, можеби тоа е една од причините поради кои двојката не сака да се “промовира“ во јавноста. Нивните тајни и блиски дружби за време на ретките ноќни излегувања во скопските кафулиња предизвикаа луѓето да почнат да се прашуваат што се случува меѓу нив. Но, рака на срце, никогаш немаат излезено сами, задолжително со нив се другарките на Каролина, кои се трудат се да биде под контрола. Но ни тие не можат да ги сокријат искрите меѓу пејачката и Јован. Кога ја дознавме информацијата, планиравме да ја контактираме пејачката, но таа значително ни ја олесни работата. Имено, пред неколку дена, Каролина пристигна во “Метрополис арена“, каде што настапуваше популарниот Дејвид Гета, токму во друштво на Јован. Инкогнито, двајцата сами влегоа преку ВИП-влезот и се сместија во ложата, па нашата потрага по интересни фотографии започнаа токму тука. Но пејачката со долги нозе не е од вчера, таа добро се има навикнато на блицот од апаратот, па во моментот кога тој светна, таа и Јован експресно се разделија, а нашата фотка остана празна. Иако изненадена, таа се доближи до нас и на шега не праша дали ни се добри фотките, на што ние и одговоривме дека ако останаа уште 1 минута заедно, ќе беа многу подобри. За жал, бидејќи новопечената двојка не забележа, нашиот фотограф не успеа да ги сними и покрај нашето понатамошно инсистирање. Сепак според реакцијата и на Каролина и на Јован, секој ќе заклучи дека тука има нешто повеќе од пријателство. Иако не ја прашавме за одговор, Каролина сама наивно се оправда дека знае дека веќе некое време кружат муабети дека таа и Јован се повеќе од пријатели, но тоа не било точно. Во еден момент Јован и се доближи, прашувајќи ја на шега дали ќе се бакнат или не за да ги сликаме, на што Каролина само се насмевна. Воедно, како што дознаваме од нашиот извор, кој е близок до двојката, тие овој викенд планираат со своите најблиски пријатели да заминат на 4 дневен одмор во Грција, во местото Порто Карас. Таму нема да мора да се кријат и да бегаат од папараци, на раат ќе си шепотат на увце, а не како на “Фејсбук“ преку трети лица, се со цел да не бидат откриени.
Како и да е, ние ја охрабруваме Каролина новиот дечко да и го претстави на јавноста, барем таа немала проблем со тоа, а и не страда од комплекси дека не се достојни да стојат рамо до рамо со неа. А и се надеваме дека овојпат токму со Јован ќе ги оствари своите соништа и ќе застане на лудиот камен. Но се во свое време, трпеливи сме ние, па ќе почекаме.