Емисијата Кој те шиша ми е многу сељачка, водителот не можам да го поднесам, па затоа можеби Каролина изгледаше пренормално и сериозно за таа емисија. Лихнида исто така ја испеа фантастично, иако таа песна сум ја слушнала и порано како ја пее, а Свирете ја зајди зајди беше изненадување и од неа и за таа емисија.
Баш ќе гледам реприза на Вртелешка:salut:
А за новиот дечко, ќе има нешто во новиот Свет, изгледа некој Јован Пановски
НАЈНОВО ИНТЕРВЈУ СО КАРОЛИНА
Каролина Гочева отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста, што со нејзините вокални способности, што со варирањето во тежината, и секако, тука се неизбежните момчиња за кои многумина ја врзуваат. Деновиве наголемо се подготвува за својот настап за “Балканските музички награди“ во Софија, а нејзиниот албум, седми по ред, е веќе готов и официјалната промоција е закажана кон крајот на месецов.
До каде се подготовките за настапот во Софија на “Балканскиот музички фестивал“?
Подготовките се во тек, работиме со неколку балерини, кореограф ни е Кире Павлов и мислам дека добро ќе се претставиме на 16 мај во Софија.
Значи, нема да одиш на концертот на Јелена Карлеуша?
(Се смее)... Јас не ни знам за концертот, а и да знаев, сигурно немаше да отидам. Можеби ќе одам на “Ејсидиси“ во Бугарија.
Мислиш ли дека ти завидуваат колегите, кои исто така беа номинирани за изборот, на пример како Слаткар, Елена, “ДНК“...
Тоа ќе мора нив да си ги прашаш. Јас само знам дека принципот на гласање беше - испраќаш порака за твојот фаворит и тоа е тоа, нема причина некој на некого да му завидува. Да поминеше некој од моите колеги, мене ќе ми беше многу драго.
Кажи ми Каролина, како е Марко Антиќ? До каде сте со вашата тајна врска?
Леле, ме гаѓаш директно во ребро... Јас мислев ќе ме поштедиш за мојот приватен живот, бидејќи подготвувам нов албум, кој ќе има многу добри песни...
Јас знам дека твоите фанови ќе бидат задоволни од албумот, туку кажи ни за Марко?
Значи, не се откажуваш, добро. Вака, кога јас на некој од вас сум му кажала дека имам момче, кое се вика Марко, или Перо, или Станко... Тоа е масло на новинарите! Кога се вратив од одмор, некој веќе имаше напишано дека дечкото ме чекал на плажа со балони, со хеликоптери, чуда! Па луѓето помислија дека се забавувам со Џејмс Бонд!
Немој да ми кажеш дека на Хвар не постоело никакво момче, затоа што ќе ти порасне носот!
Па сега... Имаше додворувачи, тоа е точно (се смее)...
А огромната кошница со цветен аранжман што ти пристигнала во хотелот, од кого беше?
Ти кажувам, имав додворувачи, но немав момче.
ОК, да заклучиме - Марко или Анте постојат?
Аааа, не, не сакам ништо да изјавувам, мудро ќе си молчам, знаеш дека за мојот приватен живот не коментирам.
Што е со “Фејсбук“? Таму стои дека си во врска со Марко?
На профилот на кој си ми и ти пријател, комуницирам само со блиските луѓе. Имам и други два профили, кои се отворени за моите фанови. Тие што ме познаваат знаат дека тоа што јас го правам на мојот профил се повеќе интерни шеги, така што...
Добро, значи Марко е измислен?
Па дури и да сум го измислила, доколку тоа ми го олеснува мојот живот, зошто би ми забележал, нели?
Зошто не направи голема роденденска журка за твојот 30-ти роденден?
Јас никогаш не сум го славела мојот роденден, не сакам, немам потреба. Роденденот може да биде нешто интимно, но еве гледам дека вашиот папарацо-фотограф не уловил во “Балканика“ (се смее)... Ете како изгледа еден мој роденден.
Како течат подготовките за новиот албум?
Албумот е завршен и сега е во фаза на ремикс, за неколку дена правам фотосесија за неговите корици.
Да очекуваме нешто провокативно?
Секако (се смее)... Фотографиите ќе бидат многу интересни и уметнички.
Колку си ти задоволна од твоето седмо чедо?
Ми се допаѓа кога албумите ми ги нарекуваш чеда (се смее)... Јас сум презадоволна, сите песни некако си го најдоа својот пат до мене, првпат не се планираше од кои автори ќе се земаат песни, имавме доста време, па затоа мислам дека имам одличен избор на материјали.
Која нумера ќе биде носечка, како ќе се вика албумот?
Уште не знам, ќе го преслушаме уште еднаш, па ќе одлучиме. Нареден сингл ќе биде “Не се враќаш“ или “Више се невраќаш“, за кој вие го објавивте текстот.
Значи, на 29 мај промоција?
Се уште не е дефинирано, но тука е за ден-два.
Мислиш ли дека на пејачките им доликува да се расправаат на фејсбук-профилите или пак да се препукуваат со колегите во соблекувални?
Тоа зависи од карактерот на личноста. Јас никогаш не сум се впуштала во конфликтни ситуации. Свесна сум дека не може сите да ме сакаат. Безпредметно е да се расправаш со сите што ќе кажат нешто за тебе. Јас не ги осудувам, но мојот начин на решавање на работите е многу поинаков.
Народот кога те “консумира“ преку ТВ-екраните, најчесто знае за тебе да каже си студен човек, вообразен... Од каде ваквото мислење за тебе?
Не се согласувам со тоа, мислам дека имам искрен однос со публиката. Јас секогаш го кажувам она што го мислам и можеби тука е проблемот, не знам да бидам дволична. Каква сум-таква сум, имам лоши денови кога не ми се прави муабет со никој, всушност како секој жив човек.
Како ти се гледа естрадава, до каде сте стигнале?
Јас никако не можам да разберам што се случува на нашава естрада. Сите се чесни, немаат момчиња, сите се невини... Па јас дури себеси се сметам за глупава што сум ви пријавила две-три момчиња, но нема да ја повторам истата грешка...
Досега двапати ја претставуваше нашава земја на “Евровизија“, па според тебе, дали Ѓоко Таневски ќе влезе во финалето?
Јас би сакала и имам огромна желба да влезе, исто како што и минатата година навивав “Некст тајм“ да влезат во финалето. На ХЃокоХ му ја посакувам целата среќа, затоа што тој е одличен вокал и супер лик и се надевам дека ќе направи многу, и покрај тоа што МРТВ повторно ништо не финансира.
Дури и видеото го изработи “Томато продукција“.
Добро е што зад Ѓоко застана продукција како “Томато“. Мене лично ми се допаѓа спотот, има интересна приказна и совршено изгледа.
До каде се преговорите со Слаткар, наслушнав дека подготвувате дует?
Слаткар е музичар кој многу ветува, но јас за дуетот не знам ништо, но можеби имало некои преговори од страна на моите и на неговите луѓе.
Што мислиш за Боки 13?
Се најдобро, јас оддамна го познавам Боки и навистина ми е драг лик. Тој е каков што е, драго ми е што по “Големиот брат“ повеќето луѓе сфатија дека е навистина добро момче, кое сето тоа што го прави е во име на шоубизнисот, и верувајте, тој знае како се прави.
Знаеш ли дека го откажа концертот?
Па добро, сигурно имал добра причина за тоа.
На интернет кога и да се постави некоја фотографија од тебе, има многу коментари од типот дека си болна, дека се дрогираш, па затоа си толку слаба... Има ли вистина во некој од нив?
Се дрогирам, редовно (се смее)... Таа приказна ми е најсмешна досега, јас во мојот живот не сум пробала никакви наркотици, а и не ни помислувам на тоа. Не се дебелеам само поради тоа што јадам кога сум гладна, пијам доста течности... Луѓето веднаш го помислуваат негативното - ако си слаба, зошто си, а ако се поправиш - дебела си, но јас не живеам за другите.
Размислуваш за брак?
Медиумите досега двапати ме омажија, а јас не сум размислувала сериозно за брак, не затоа што не сакам, туку едноставно сакам да се омажам само од чиста и вистинска љубов. Најголема желба ми е да имам семејство и две деца, а во денешно време вистинско волшебство е да си го зачуваш бракот.
Колку години постоиш на естрадата?
Ако сметам од мојата 11-та годишна возраст, речиси 20 години... Еее, 20 години (се смее)...
Не тезгариш како твоите колеги, те нема во дискотеки, не се потиш, немаш тезги, па од што живееш?
Јас егзистирам од музиката, добро, тука се спонзорствата што одат преку “Авалон“, можеби не настапувам често, но мојот настап има висока цена. Не се преценувам, но си ги знам квалитетите, зад мене стои цел тим и глупаво ќе биде да се појавувам во која било дискотека или клуб.
На себе немаш “пластика“?
Немам, но не значи дека нема да ставам (се смее)... Понекогаш размислувам на таа тема. Еден ден ќе посакам пополна усна, утре сакам гради, задутре јаболчници, па не сакам ништо, и така никако да се наканам. Еве, кога носам некој фустан, ми недостасуваат гради (се смее)... Задоволна сум со себе, а и момчињата ваква ме сакаат (се смее)...
Кога сме кај момчињата, знаеш дека твоето екс-момче Гроздан доби син Коста и тоа токму на твојот роденден? Му честиташе ли?
Да, знам, и секако дека му честитав. Нека му е жив и здрав синот, но иако станува збор за чиста коинциденција, сепак поубав ден не можел да избере (се смее)...