Каролина Гочева

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Настапот на Каролина на Балканските Музички Награди

 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Каролина во КОЈ ТЕ ШИША во неделата фантастично испеа две македонски песни "Свирете ја зајди зајди" и "Лихнида кајче веслаше".
Освен во кој те шиша и во Фаци, Каролина беше гостинка и во ВРТЕЛЕШКА вчера. Не гледав вчера, дали некој знае што кажуваше, кога излегува албумот?
Репризата на Вртелешка е во недела на Канал 5 Плус.
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Јас гледав, ама не сум сигурна за датата, а ја слушнав, се нешто ми се врти 25 мај, не знам дали е тоа ама за брзо време рече дека ќе излезе албумот, а еве на facebook пишува 25 мај добро сум запаметила :)
http://www.facebook.com/notes/karolina-goceva/noviot-album-na-karolina-pristignuva/406591553652
Па албумот е веќе готов,деновиве треба да биде однесен на печатење,а промоцијата ќе биде некаде на крајот на месецот или за ден два повеќе.
А што се однесува до телевизиските гостувања деновиве,многу ми се допадна интервјуто со Весна во Вртелешка,од него се гледа колку е позитивно променета Каролина,поточно конечно близнакот во неа почнал да владее со неа,што јавноста досега немаше можност да го запознае.А за Кој те шиша? покажа како се пее во живо и како се пее Свирете ја зајди зајди,оти таа песна и некои други претходно ја пееја,како и Лихнида.
By the way Честитки за новиот дечко,да се надеваме дека е вистинскиот,и двајцата се по малку "откачени" во позитивна смисла.

--- надополнето ---

Заборавив да кажам дека многу ми се допадна настапот во Софија,се гледа дека доколку сака може да се научи и добро да игра.А и стајлигот и беше топ.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Емисијата Кој те шиша ми е многу сељачка, водителот не можам да го поднесам, па затоа можеби Каролина изгледаше пренормално и сериозно за таа емисија. Лихнида исто така ја испеа фантастично, иако таа песна сум ја слушнала и порано како ја пее, а Свирете ја зајди зајди беше изненадување и од неа и за таа емисија.

Баш ќе гледам реприза на Вртелешка:salut:
А за новиот дечко, ќе има нешто во новиот Свет, изгледа некој Јован Пановски



НАЈНОВО ИНТЕРВЈУ СО КАРОЛИНА

Каролина Гочева отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста, што со нејзините вокални способности, што со варирањето во тежината, и секако, тука се неизбежните момчиња за кои многумина ја врзуваат. Деновиве наголемо се подготвува за својот настап за “Балканските музички награди“ во Софија, а нејзиниот албум, седми по ред, е веќе готов и официјалната промоција е закажана кон крајот на месецов.

До каде се подготовките за настапот во Софија на “Балканскиот музички фестивал“?
Подготовките се во тек, работиме со неколку балерини, кореограф ни е Кире Павлов и мислам дека добро ќе се претставиме на 16 мај во Софија.
Значи, нема да одиш на концертот на Јелена Карлеуша?
(Се смее)... Јас не ни знам за концертот, а и да знаев, сигурно немаше да отидам. Можеби ќе одам на “Ејсидиси“ во Бугарија.
Мислиш ли дека ти завидуваат колегите, кои исто така беа номинирани за изборот, на пример како Слаткар, Елена, “ДНК“...
Тоа ќе мора нив да си ги прашаш. Јас само знам дека принципот на гласање беше - испраќаш порака за твојот фаворит и тоа е тоа, нема причина некој на некого да му завидува. Да поминеше некој од моите колеги, мене ќе ми беше многу драго.
Кажи ми Каролина, како е Марко Антиќ? До каде сте со вашата тајна врска?
Леле, ме гаѓаш директно во ребро... Јас мислев ќе ме поштедиш за мојот приватен живот, бидејќи подготвувам нов албум, кој ќе има многу добри песни...
Јас знам дека твоите фанови ќе бидат задоволни од албумот, туку кажи ни за Марко?
Значи, не се откажуваш, добро. Вака, кога јас на некој од вас сум му кажала дека имам момче, кое се вика Марко, или Перо, или Станко... Тоа е масло на новинарите! Кога се вратив од одмор, некој веќе имаше напишано дека дечкото ме чекал на плажа со балони, со хеликоптери, чуда! Па луѓето помислија дека се забавувам со Џејмс Бонд!
Немој да ми кажеш дека на Хвар не постоело никакво момче, затоа што ќе ти порасне носот!
Па сега... Имаше додворувачи, тоа е точно (се смее)...
А огромната кошница со цветен аранжман што ти пристигнала во хотелот, од кого беше?
Ти кажувам, имав додворувачи, но немав момче.
ОК, да заклучиме - Марко или Анте постојат?
Аааа, не, не сакам ништо да изјавувам, мудро ќе си молчам, знаеш дека за мојот приватен живот не коментирам.
Што е со “Фејсбук“? Таму стои дека си во врска со Марко?
На профилот на кој си ми и ти пријател, комуницирам само со блиските луѓе. Имам и други два профили, кои се отворени за моите фанови. Тие што ме познаваат знаат дека тоа што јас го правам на мојот профил се повеќе интерни шеги, така што...
Добро, значи Марко е измислен?
Па дури и да сум го измислила, доколку тоа ми го олеснува мојот живот, зошто би ми забележал, нели?
Зошто не направи голема роденденска журка за твојот 30-ти роденден?
Јас никогаш не сум го славела мојот роденден, не сакам, немам потреба. Роденденот може да биде нешто интимно, но еве гледам дека вашиот папарацо-фотограф не уловил во “Балканика“ (се смее)... Ете како изгледа еден мој роденден.
Како течат подготовките за новиот албум?
Албумот е завршен и сега е во фаза на ремикс, за неколку дена правам фотосесија за неговите корици.
Да очекуваме нешто провокативно?
Секако (се смее)... Фотографиите ќе бидат многу интересни и уметнички.
Колку си ти задоволна од твоето седмо чедо?
Ми се допаѓа кога албумите ми ги нарекуваш чеда (се смее)... Јас сум презадоволна, сите песни некако си го најдоа својот пат до мене, првпат не се планираше од кои автори ќе се земаат песни, имавме доста време, па затоа мислам дека имам одличен избор на материјали.
Која нумера ќе биде носечка, како ќе се вика албумот?
Уште не знам, ќе го преслушаме уште еднаш, па ќе одлучиме. Нареден сингл ќе биде “Не се враќаш“ или “Више се невраќаш“, за кој вие го објавивте текстот.
Значи, на 29 мај промоција?
Се уште не е дефинирано, но тука е за ден-два.
Мислиш ли дека на пејачките им доликува да се расправаат на фејсбук-профилите или пак да се препукуваат со колегите во соблекувални?
Тоа зависи од карактерот на личноста. Јас никогаш не сум се впуштала во конфликтни ситуации. Свесна сум дека не може сите да ме сакаат. Безпредметно е да се расправаш со сите што ќе кажат нешто за тебе. Јас не ги осудувам, но мојот начин на решавање на работите е многу поинаков.
Народот кога те “консумира“ преку ТВ-екраните, најчесто знае за тебе да каже си студен човек, вообразен... Од каде ваквото мислење за тебе?
Не се согласувам со тоа, мислам дека имам искрен однос со публиката. Јас секогаш го кажувам она што го мислам и можеби тука е проблемот, не знам да бидам дволична. Каква сум-таква сум, имам лоши денови кога не ми се прави муабет со никој, всушност како секој жив човек.
Како ти се гледа естрадава, до каде сте стигнале?
Јас никако не можам да разберам што се случува на нашава естрада. Сите се чесни, немаат момчиња, сите се невини... Па јас дури себеси се сметам за глупава што сум ви пријавила две-три момчиња, но нема да ја повторам истата грешка...
Досега двапати ја претставуваше нашава земја на “Евровизија“, па според тебе, дали Ѓоко Таневски ќе влезе во финалето?
Јас би сакала и имам огромна желба да влезе, исто како што и минатата година навивав “Некст тајм“ да влезат во финалето. На ХЃокоХ му ја посакувам целата среќа, затоа што тој е одличен вокал и супер лик и се надевам дека ќе направи многу, и покрај тоа што МРТВ повторно ништо не финансира.
Дури и видеото го изработи “Томато продукција“.
Добро е што зад Ѓоко застана продукција како “Томато“. Мене лично ми се допаѓа спотот, има интересна приказна и совршено изгледа.
До каде се преговорите со Слаткар, наслушнав дека подготвувате дует?
Слаткар е музичар кој многу ветува, но јас за дуетот не знам ништо, но можеби имало некои преговори од страна на моите и на неговите луѓе.
Што мислиш за Боки 13?
Се најдобро, јас оддамна го познавам Боки и навистина ми е драг лик. Тој е каков што е, драго ми е што по “Големиот брат“ повеќето луѓе сфатија дека е навистина добро момче, кое сето тоа што го прави е во име на шоубизнисот, и верувајте, тој знае како се прави.
Знаеш ли дека го откажа концертот?
Па добро, сигурно имал добра причина за тоа.
На интернет кога и да се постави некоја фотографија од тебе, има многу коментари од типот дека си болна, дека се дрогираш, па затоа си толку слаба... Има ли вистина во некој од нив?
Се дрогирам, редовно (се смее)... Таа приказна ми е најсмешна досега, јас во мојот живот не сум пробала никакви наркотици, а и не ни помислувам на тоа. Не се дебелеам само поради тоа што јадам кога сум гладна, пијам доста течности... Луѓето веднаш го помислуваат негативното - ако си слаба, зошто си, а ако се поправиш - дебела си, но јас не живеам за другите.
Размислуваш за брак?
Медиумите досега двапати ме омажија, а јас не сум размислувала сериозно за брак, не затоа што не сакам, туку едноставно сакам да се омажам само од чиста и вистинска љубов. Најголема желба ми е да имам семејство и две деца, а во денешно време вистинско волшебство е да си го зачуваш бракот.
Колку години постоиш на естрадата?
Ако сметам од мојата 11-та годишна возраст, речиси 20 години... Еее, 20 години (се смее)...
Не тезгариш како твоите колеги, те нема во дискотеки, не се потиш, немаш тезги, па од што живееш?
Јас егзистирам од музиката, добро, тука се спонзорствата што одат преку “Авалон“, можеби не настапувам често, но мојот настап има висока цена. Не се преценувам, но си ги знам квалитетите, зад мене стои цел тим и глупаво ќе биде да се појавувам во која било дискотека или клуб.
На себе немаш “пластика“?
Немам, но не значи дека нема да ставам (се смее)... Понекогаш размислувам на таа тема. Еден ден ќе посакам пополна усна, утре сакам гради, задутре јаболчници, па не сакам ништо, и така никако да се наканам. Еве, кога носам некој фустан, ми недостасуваат гради (се смее)... Задоволна сум со себе, а и момчињата ваква ме сакаат (се смее)...
Кога сме кај момчињата, знаеш дека твоето екс-момче Гроздан доби син Коста и тоа токму на твојот роденден? Му честиташе ли?
Да, знам, и секако дека му честитав. Нека му е жив и здрав синот, но иако станува збор за чиста коинциденција, сепак поубав ден не можел да избере (се смее)...
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Освен во кој те шиша и во Фаци, Каролина беше гостинка и во ВРТЕЛЕШКА вчера. Не гледав вчера, дали некој знае што кажуваше, кога излегува албумот?
Репризата на Вртелешка е во недела на Канал 5 Плус.
Емисијата на „Вртелешка“ кога Каролина беше гостинка може да се гледа и онлајн на овој линк http://www.kanal5.com.mk/Default.aspx?mId=120
(Откако ќе го отворите линкот, изберете ја емисијата „Вртелешка“, а потоа насловот на емисијата „Гостин Каролина Гочева“.)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
А значи спонзор и е One отсега, не Т Моbile

--- надополнето ---

НЕМА ДА ИМА ПРОДОЛЖЕНИЕ НА МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ
Ова е интервју на Златко Ориѓански, авторот на Македонско девојче а разговорот го води Иван (Македонска Музичка мрежа), кој неколку години плука по името на Каролина Гочева заедно со новинарката Валентина од Шпиц



Пред две години Каролина Гочева ги сними твоите песни, па настана проектот Македонско девојче. Деновиве се слушаат муабети дека веќе се подготвува продолжение на албумот, кој, според некои бројки, важи за еден од најпродаваните во последно време...

Српскиот писател Милорад Павиќ знае да каже дека изневерените мажи последни дознаваат. Така и јас... Не, тоа нема да се случи... Тоа е глупост... Барем јас тоа не би го работел...

Тука постои феномен, бидејќи албумот за кусо време стана антологиски. Веќе имам и низа прашања... Зошто избра Каролина да ги пее твоите песни, а не некоја друга пејачка? Во Македонија има и подобри и полоши пејачки од неа...

Јас на тоа гледам релативно. Мене ми е важно да имам добра песна, а не кој ќе ја пее. Јас на пејачите гледам како на инструмент. Како што Иван Бејков свири бас, а Благојче Трајковски кларинет, Александар Секуловски тапани, а Душко Божиновски хармоника... Валентино Скендеровски снима и весело се смее... Фин ансамбл. Зачинет со Мандолинскиот оркестар на Татарчев... Сите овие луѓе дадоа своја емоција внатре, своја верност кон мене и мојата лудост. Фала им...

Па, и тебе во Анастасија луѓето те паметат како свириш тамбура...

Тоа се глупави предрасуди за тоа што сум го правел...Во Анастасија секој правеше разни нешта...

Но, на овој албум свиреше и акустична и електрична гитара...

Види, јас не сум дал ни пет посто во музиката од тоа што ми се мотка во глава. Второ - постојано сакам да се менувам. Само така човекот побавно старее. Кога човек ќе наполни 40 години, тој се плаши од промени... Јас се плашам ако не се менувам (се смее).

Имам впечаток дека ти во проектот си бил во една инфериорна позиција. Повеќе се зборувало дека албумот е на Каролина, отколку дека е на Ориѓански...

Мене не ми е важно да ми ја знаат фацата, туку музиката. Каролина пее мои песни, не пеам јас нејзини... Така и пишува на обвивката...Таа, со својот глас, е само еден од инструментите на тој албум... Но, не и поважен од другите. А дали таа или нејзините менаџери сакале да ми ја девалвираат работата? Ех, па тоа е нивен проблем. Јас сум си мирно и убаво...

Македонско девојче е повеќеслоен проект. И за тие што го сакаат твојот сенс, и за фановите на Каролина, и за оние што сакаат нова македонска народна музика...

Ова последново не ми се допаѓа, бидејќи се работи за десет авторски песни кои јас ги напишав. Всушност, само една е традиционална тема, во мој аранжман. Народно е нешто сосема друго. Нормално е песните да се потпираат на мојата, на македонската традиција, оти со тоа растев. Не може да се потпира на блуз, кога јас не ја познавам таа музика. Работејќи го албумот, јас се водев од инстинкт, а не од концепт...

Најпосле, кога по две години ќе се анализираат нештата, дали Македонско девојче ги оправда очекувањата на Златко Ориѓански?

Секако! Албумот е работен темелно, и ништо таму не е измислено. Се е доживеано, проживеано... Со Македонско девојче зад себе ја затворив таа врата што се викаше Анастасија, и влегов во еден нов ходник. Ако јас нешто разбирам од оваа работа, овој албум е најдоброто нешто во мојата досегашна кариера.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Каролина гостинка во Вртелешка

Во ова видео Каролина говори за своето созревање на македонска сцена, како приватно така и на работен план.

 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Новиот албум на Каролина најверојатно нема да излезе сега и покрај фактот што тој е целосно завршен,бидејќи Каролина веќе во јуни патува на турнеја во Австралија,а и терминот се поклопува со светското првенство,така да го очекуваме наесен.Најверојатно деновиве ќе биде пуштен новиот сингл Не се враќаш(више се не врачаш).
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Новиот албум на Каролина најверојатно нема да излезе сега и покрај фактот што тој е целосно завршен,бидејќи Каролина веќе во јуни патува на турнеја во Австралија,а и терминот се поклопува со светското првенство,така да го очекуваме наесен.Најверојатно деновиве ќе биде пуштен новиот сингл Не се враќаш(више се не врачаш).

Што? :nesvest: Значи единствена негативна критика за тимот на Каролина е што секој албум го одложуваат, за сите албуми е така.
Толку време го чекам албумов, ама можеби подобро е во есен да излезе.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Е стварно се непрофесионални. Промоција на албум кога веќе се најавува и се закажува (макар и неофицијално од Каролина во интервјуа) треба да си се оддржи. Можеа да испланираат и турнеја во Австралија и промоција на албумот, а не во 5 до 12 да одложуваат.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Е стварно се непрофесионални. Промоција на албум кога веќе се најавува и се закажува (макар и неофицијално од Каролина во интервјуа) треба да си се оддржи. Можеа да испланираат и турнеја во Австралија и промоција на албумот, а не во 5 до 12 да одложуваат.
За жал тоа не е до Каролина туку до Авалон,бидејќи тие сметаат дека вложиле мнгу во албумот и дека истиот треба да се промовира во вистинското време,покрај турнејата во Австралија која е закажана пред 6 месеци,тие го спомнуваат и светското фудбалско првенство,а и летните одмори.Но сепак мислам дека тоа не е во ред.
Исто така и Наташа Беквалац(која е исто екскузивец на Emotionкако и Каролина) го одложи излегувањето на нејзиниот албум за септември.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
За жал тоа не е до Каролина туку до Авалон,бидејќи тие сметаат дека вложиле мнгу во албумот и дека истиот треба да се промовира во вистинското време,покрај турнејата во Австралија која е закажана пред 6 месеци,тие го спомнуваат и светското фудбалско првенство,а и летните одмори.Но сепак мислам дека тоа не е во ред.
Исто така и Наташа Беквалац(која е исто екскузивец на Emotionкако и Каролина) го одложи излегувањето на нејзиниот албум за септември.
Значи за турнејата во Австралија знаеле 6 месеци однапред, за светското фудбалско првенство и години однапред (кое ми е и малку чудна причина за одложување) и на крајот летните одмори. Да кажеа дека ќе излезе албумот на есен ќе чекавме без проблем, а не да закажуваат во мај па потоа да пролонгираат. Се може да се испланира правилно и на време. Плус тоа и промоцијата беше најавувана месеци однапред, најпрвен беше на пролет, па потоа април, па мај, и на крајов излегува на есен. И сите овие информации си беа пласирани во медиумите, не беа шпекулации. И таа нова веб страна што се најавува кој знае дали ќе има категорија „Новости“ каде ќе може да се информираме од веродостојни извори, а не да дознаваме 'ексклузивно' од весници и списанија. Во меѓувреме останува да го чекаме новиот сингл.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom