Па вака читајќи ги постовите заклучив дека само оние кои и предхоно само ја критикуваа и плукаа имаат негативен став за спотот и за се околу него,поточно истите оние кои се трудат во да најдат само нешто негативно.
Како прво никој нигде не најавил дека ќе биде тоа чудо од спот или пак не знам што,Каролина и нејзиниот тим само најавија дека снимале спот и ништо повеќе,е сега што некои медиуми го искористија факт што фотосесијата е малку повеќе провокативна од вообичаеното и самите тие(медиумите) си направија приказни се со цел да им се продава весникот повеќе.
Во сето ова најбитна е песната,а факт е дека изминатиот месец и пол оваа песна е најголем хит во државава наша мила и напатена,оти ако песната не беше добра па не знам каков год да беше спотот се ќе беше узалуд.
А што се однесува она за килажата и за тоа како изгледа, сигурен сум дека истите вие кој сега критикувате за некои 5-6кг ќе викавте дека имала вишок на кг,па сало,па стомак и што ли уште не.А и убаво си кажа дечкото синоќа што се натпреваруваше дека му требало последните 3 недели да биде на посебен режим на искрана за да го постигне тој ефект,истиот случај е и со Каролина,сигурно и таа била на строг режим недела дена пред снимањето на спотот за да изгледа така како што изгледа,но генерално тоа се 3-4кг. со кои таа варира и кога е потребно ги намалува,како што беше исто и пред снимањето на спотот Се лажам себе и целата таа фотосесија,за таков стајлинг мораш да изгледаш совршено,тоа не трпи вишок на килограми.
Но како и да е караваните ќе си врват,а кучињата пак ќе си лаат,како и секогаш.