- Член од
- 13 април 2008
- Мислења
- 3.998
- Поени од реакции
- 1.086
на сите насловни, со ова докажа и покажа дека е БОЖИЦА
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ЕМОТИВЕН КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА ВО СКОПЈЕ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Ни три амајлии не ми ја разбија тремата[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Ниту трите амајлии не и помогнаа на Каролина да ја разбие тремата пред концертот завчера во Универзалната сала. Поп-sвездата, која во живо го промовираше албумот "Македонско девојче", ни откри дека за прв пат имала толку трема пред скопската публика, затоа што сакала песните да звучат совршено, а присутните да го слушнат секој нејзин здив.
- Едната амајлија ми е од мајка ми, втората ми е од другарка ми, а третата од еден непознат чичко. Тој ми ја подари пред шест години, за време на моите први концерти во Универзалната сала. Во стомакот постојано ми летаа пеперутки од возбуда. Амајлиите не ми помогнаа да исчезне тремата. Ми помогна приемот на публиката и поддршката на бендот. Пред концертот не се одмарав, мислам дека ако се одмарам губам време. Активно учествував во подготвувањето на сцената, инетнзивно вежбав. Пред настап веднаш бегам кога ќе видам некого со цигара. Вечерните излегувања и алкохолот ми се строго забранети", ни ја откри вчера Каролина приказната за тремата и за подготовките.
Одбраната публика на поп-sвездата уживаше завчера во Универзалната сала. Привилегирани беа тие кои го преслушаа албумот "Македонско девојче" во живо на концерт, во интимна атмосфера.
Каролина порасна и созреа, коментираа многумина по завршувањето на овој посебен настан. Однесувањето на сцена, вокалот, изведбата и изледот придонесоа да добиеме слика на една нова Каролина. Музичка sвезда која соврешно владе со сцената, публиката, внимателно го мери секој збор и сепак не дозволува да ја издаде тремата. Облечена во елегантна и умерено секси креација од Цаци Паковска, изгледот на Каролина совршено се вклопи со сценографијата и музиката што ја изведува.
За песните од авторот на "Македонско девојче" Златко Ориѓански, поп-sвездата ја следеше специјално формиран бенд. Придружни вокали не и требаа. Публиката најубаво реагираше на веселата "Швалерска", која Каролина им ја подари уште еднаш на бисот. Никола Васовски, кој во бендот свири хармоника и синтисајзер, направи нови аранжмани на народните :"Убава Јана", "Со посврши сербез Донка", "Калеш Анѓа", "Сношти минав"... Васовски во добар дел од песните не експериментирал и го задржал оригиналното- традиционално, а Каролина со суптилната изведба им даде ново обележје.
Настанот го организираше "Авалон" продукција[/FONT]