Дали партијата ДПМНЕ има право да го носи името на МРО?

Дали партијата ДПМНЕ има право да го носи името на МРО?


  • Вкупно гласачи
    122

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
На кого конкретно мислиш АБЦ?

Ти ја спомна епопејата на Ножот. Јас во тоа видов извонредна шанса да се врати дискусијата на почетнатта тема, онака како што е поставена. Ако се проанализираат сите раположиви податоци за еден значаен историски настан, специјално причините поради кои тој настан е избришан од официјалната македонска историја, ќе бидеме чекор поблиску и до одговорат на прашањето зошто кај многумина постои толкаво возбудување околу твојот бугарски пасош.

Дон Корлеоне на повеќе пати се обидуваше да ја одвлече дискусијата во Загоричани, Охридското востание, Сарафов, Сандански итн - интересни теми, но не би сакал да се задлабочуваме во нив пред да завршиме со прашањето околу Ножот. Има ли некој други историски податоци освен напишаното од Силјанов? Може ли да се видат? Доколку постојат, зошто некој би ги криел?

Кое е твоето мислење?
Mислам конкретно на два-тројца мрчатори овде на форумов кој постојано се обидуваат да ја дефокусираат темата кога не оди во прилог на нивните лидери или на базата.Бугарските пасоши се само дел од сценариото за геноцидот врз Македонците кој продолжува и ден денес со малку помодерен “терк“.Јас го купив пасошот со пари како алтернатива за бламажата која ми се приредуваше пред амбасади и што е најважно тоа го направивме повеќемина од разбирливи причини,кој укажуваа на тоа дека досегашните влади помагаат во геноцидот врз нас,како онаа на СДСМ така и оваа на ДПМНЕ со тоа што го маргинализираат еден од најголемите факти за геноцидот врз нас,а тоа е визниот режим.Знаевме дека пасошите не се во ред уште на самиот почеток но тоа ни беше единствен излез во моментот од ова ГЕТО.Иако фалсификатот беше добар сите се фатени и поништени па сега бараме друга алтернатива,додека владата на Гвујо пак си спие зимски сон и спокојно ги гледа наивните гласачи како еуфорично,со секој нов ден поднесуваат легални и официјални барања за Бугарски пасош а при тоа потпишуваат документ за Б`лгарски происход,наместо да ги запостават сите други активности и да посветат поголемо внимание на тоа да ја обезбедат барем слободата на движење на овој народ кој во оваа Гетоизирана држава нема друг излез освен ТУЃИНА.
Всушност ова нема врска со темава,ама ај кога веќе спомна да се подразјасниме барем малку.
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
Пак велам и слеп ќе ве познај вас врховистите-уникатен ви е стилот. Прво наголемо наметнувата, не докажувате, а кога ќе бидите фатени на клучни прашања ве снемува,од историчари се претворате во глуви подржувачи на делото Од Групчин-до Охрид. Еве што неќи да ми одговори ПАВЕЛ ЛИПРАНДТој никако неќи да кажи дека Сарафов е обвинет на Рилскиот Конгрес најмногу заради лажните ветувања на Смилевскиот конгрес. Друго. Цела негова празна реторика се руши како што денес се знае дека уствари 80% од личностите, а можи и повеќе во книгата на Силјанов се борат за автономна Македонија, а не за Сан Стефанска Бугарија како што се опишани(со емоции да се расплачи човек како гини Македончето за Сан Стефанска Болварија) кога ќе се види дека атентатот не е наменет само за Сарафов туку треба да бидат ликвидирани и Гарванов и МАТОВ-БРАТСКАТА КРВ НА ПАВЕЛ ЛИПРАНД. Зошто? Затоа што веќе пандорината кутија на ПАВЕЛ ЛИПРАНД беше отворена со самото то ште беше отфрлен правилникот на конгресот следната година, па Матовци потоа се преименуваја во Бугарски конституциони клубови и ред други пиздарии.Тоа се гледа од следниот мемоар. Паница пристигна во куќата на Сарафов на улица Осогово 36 наоружан со два наганти. Таму веќе бил Гарванов. На прашањето на Паница каде е Матов, тие одговориле дека нема да дојде, на што Паница видно се вознемирил затоа што сакал да заврши со тројцата наеденаш. После вечерата се повлекле во другата соба каде Паница ги добил последните инструкции за атентатот врз Сандански чиј Серски рев. округ претставувал БАСТИОН на борбата бротив врховизмот. На излегување Паница во претсобјето со по еден истрел ги решава двата најголеми виновници за востанието во Македонија со други зборови, на пример на ПАВЕЛ ЛИПРАНД е пролеана братска крв, отворена е пандорината кутија.... ај да не велам тоа шо сакам да речам. После овај атентат Круната е во паника. Царот се уплаши од Јане оти знаеше на шо е спремен истиот па забрза процесот за ликвидација на една од најголемите пречки на врховизмот. Штета и сто пати ќе речам штета што другите окрузи не ја пролеаја НА ВРЕМЕ цитирам ПАВЕЛ ЛИПРАНД-братската крв ПРВИ, па паднаја покосени од злото број еден-врховизмот почнувајќи од Сугарев па до Паница,Ѓ.Петров,х.Димов,............... и многу други.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
На излегување Паница во претсобјето со по еден истрел ги решава двата најголеми виновници за востанието во Македонија
Тодор Паница, родум од Орехово, град покрај Дунав во Северна Бугарија, по националност бугарин....

... ги решава двата најголеми виновници за востанието во Македонија, кое денес го чествуваме како најголем национален празник.

Никола Груевски напиша:
Илинден 2007, Крушево:
Денес на овој голем ден зборуваме за жртвата и за одговорноста, за посветеноста, за патриотизмот, за достоинството, за единството и за идеите. Денес зборуваме за падовите и подемите, за предизвиците и за подвизите. Денес зборуваме за Македонија.
Фактот што сме денес тука да го славиме големиот македонски празник зборува за победата на Илинден. Заклетвата „слобода или смрт“ е судбински извор дефиниран во зборовите на Даме Груев „подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“. Овие зборови жестоко ја содржат енергијата и свеста за независна и суверена држава, Република Македонија.

Бранко Црвенковски напиша:
Пелинце, Илинден 2007
Ако Илинден 1903-та е македонскиот национален мит и духовно извориште, ако АСНОМ 1944-та е моментот на реализирана државотворност и македонската историска победа, ако 8 Септември 1991-ва е раѓање на македонската независност и целосната меѓународна еманципација, тогаш сите треба да бидеме свесни дека немаше да има независност без АСНОМ-ската победа. Немаше да се случи победа без Илинденскиот мит.
Каков проблем си имаш со Илинденското востание, куме?
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Moze jas???? NIKAKOV.....osven sto e edna od GOOOLEMITE GLUPOSTI NA MAKEDONSKIOT NAROD.....onoj MAKEDONSKIOTod MAKEDONIJA...koj nazalost,nikogas nema da nauci deka za svoite MAKEDONSKI NACIONALNI CELI ne treba da se gine......sekoj Makedonec e nenadomestliva vrednost,(retki se i broeni....).......tuku deka treba ,ako epten insistiraat ..na neprijatelite na Makedoncite da im se ovozmozi da "zaginat" za Makedonija....bez pardon....
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
Тодор Паница, родум од Орехово, град покрај Дунав во Северна Бугарија, по националност бугарин....

... ги решава двата најголеми виновници за востанието во Македонија, кое денес го чествуваме како најголем национален празник.






Каков проблем си имаш со Илинденското востание, куме?
Го чуствуваме и ќе го чуствувавме како уште поголем ако востанието одеше по теоријата на Делчев кој го чуствуваме како најчистиот македонец од тоа време, а не по теоријата на Сарафов дека Бугарија ќе влези со војска и ќе не ослободи. Тебе изгледа втората струја ти изгледа по патриотска. Затоа го доби Сарафов заслуженото. И пред фактите и боговите молчат, а шо останва за тебе? Прочитај ја и Илинденска Епопеја заради рамнотежа со твојте пробугарски сфаќања.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Мемоарите на Чакаларов, се продава книгата во „Матица“, јас ја прочитав, може и секој. Се разбира, секој што само мисли дека знае за македонските револуционери, да му се укаже дека врска нема.
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
А што имаш ти проти Борбата против врховизмот?
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
Илинденското востание беше организирано од Македонците,пробиено од БРАТСКАТА КРВ-Бугарите. На чија штета? На Македонија, на народот. И ти тука упорно ќе наметнуваш братска крв? Нема да биди братска и цела Македонија да се прекрстат во Бугари. Не ни е ист ГЕНОТ. Ние сме Нација, тие се уште ПЛЕМЕ
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
И не ми одговори Трн во кое од востанијата шо ги наброја Македонците се кранаја заедно со Албанците па ја повлекоја границата ог Групчин до Охрид? не ми текнува...
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
Трн во кое востание од горенаведените за кое молчи македонската комуњарска историја,беше повлечена границата од Групчин до Охрид?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
И не ми одговори Трн во кое од востанијата шо ги наброја Македонците се кранаја заедно со Албанците па ја повлекоја границата ог Групчин до Охрид? не ми текнува...
Чекај малку, немој да инсинуираш, и да подметнуваш невистини!

Немој за работи за кои не си упатен да рипаш како прле пред магаре...

Најпрво, образование, потоа дискусија, без непотребни инсинуации и лепење етикети, бидејќи не држат вода.

Читај

Дочитај
Донеси заклучок.

Наводната „повлечена граница“ ти е најсурова југословенска пропаганда, во име на помирување со србите и нивните злодела во Македонија, југословенска пропаганда, која е ултимативно поставен без никаков доказ за истата!
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Тебе изгледа втората струја ти изгледа по патриотска.
Прва и последна опомена:

1) Моите мислења се мои мислења и остави ми да ги кажам јас. Ти кажувај ги твоите, Форумов е место за дискусија, а не филтер за проверка на идеолошко политичката подобност на било кого. Го имаш мојот збор дека првиот нареден обид да ми лепиш етикети ќе заврши многу непријатно за тебе.

2) Ако сакаш да бидеш прифатен како сериозен соговорник, однесувај се сериозно. Сите овиди да ја раскашавиш дискусијата со префрлање во десет различни правци ќе бидат едноставно игнорирани и оставани без одговор.

3) Нискостите и навредите како метод да се изјалови рационалниот аргумент се исто така добро позната практика. Нема да се занимавам со тоа тебе да те класифицирам во соодветната политичка нијанса, туку ти го давам следното предупредување: првиот нареден пат кога ќе настапиш со безобразен однос кон мене или кон било кој друг дискутант, ќе зажалиш. Ти ветувам дека ќе добиеш ќе добиеш најмалку десет пати повеќе одошто бараш.

Се надевам дека се разбравме.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Mислам дека во време кога Македонија има каква-таква државност,кога Македонецот слободно може да се нарече Македонец,кога можеме слободно на сите соседи барем да им “плукнеме“ во дворот,сите меѓусебни обвинувања за проСрбизам или проБугаризам се само контрапродуктивни аргументи со кој си нанесуваме меѓусебна штета и залудно го трошиме нашето време во празни демагошки муабети.Сходно на тоа и секое обвинување упатено кон било кој Македонец за некакво надворешно влијание може само да ги зголеми апетитите на нашите секогаш алчни соседи и да им овозможи тие да си направат уште еден “филм“ дека имаат шанси и оваа Македонија да ја присоединат кон своите граници,водени од фактот дека имаат свои подржувачи помеѓу Македонскиот народ и од идеолошки причини,а не само од материјални како што наоѓаат помеѓу еден дел од нашите поекспонирани политичари.
Затоа во интерес на сплотеноста кај Македонците,барем јавно да се потрудиме да избегнуваме меѓусебни навреди и обвинувања дека некој е проБугарски или проСрпски ориентиран иако нема никакво влијание во креирањето на Македонската политика,како на внатрешен така и на надворешен план.
Инаку темата беше дали ДПМНЕ има право да го носи предзнакот МРО пред своето име,а според мене би требало да се измени и да гласи:
-Дали ДПМНЕ има ексклузивно право да го носи името МРО?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom